Промовирани огласи »

Од утре повторно поскапува дизелот, објавен новиот ценовник

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови поскапувања.

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 денари и ќе се продава по цена од 103,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 денари и ќе изнесува 99,00 ден/литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Промовирани огласи »

Отворени работни позиции во OFFICE PLUS

Погледнете ги сите огласи за вработување во OFFICE PLUS!

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп.

Во моментов вработуваат:

МАГАЦИОНЕР / СПРЕМАЧ НА АРТИКЛИ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ШТИП
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СИТИ МОЛ

Сите огласи за аплицирање од OFFICE PLUS видете ги ТУКА!

Тагови: Офис Плус ДООЕЛ

Промовирани огласи »

Германската амбасада објави: Еве каде може да ги добиете информациите за правото на пензија!

Пензиските осигурувања на Германија и Северна Македонија повторно нудат заеднички денови за консултација.

Германската амбасада во Скопје објави дека пензиските осигурувања на Германија и Северна Македонија повторно нудат заеднички денови за консултација.

На 26 и 27 октомври од 9:30 – 16:00 часот во Дирекција на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, ул.23 Октомври бр. 11, Скопје ќе може лично да ги добиете сите информации за пензиското право во Германија и Северна Македонија.

Неопходно е да се закаже термин на телефонскиот број објавен на фејсбук страницата на Германската амбасада во Скопје

Промовирани огласи »

Месецов ќе имаме еден продолжен викенд

Уште еден празник во октомври за продолжен викенд.

Не овој туку следниот викенд ќе биде продолжен. 

Согласно законот за неработни денови 23 октомври 2022 година (недела), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.   

Согласно законот, доколку државен празник се падне во недела, следниот работен ден е неработен. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »