Промовирани огласи »

Возачите и сервисерите на автобуси од ЈСП „Скопје“ најавија дека Скопје во наредните денови може да остане без јавен превоз доколку не им биде исплатена плата. Велат дека уште немаат земено плата за месец септември, и дека ова не е прв пат да се доцни со исплатите, пренесува порталот СДК. 

Ние секојдневно навремено ги извршуваме обврските, но гладни не можеме да возиме или да ги сервисираме возилата. Состојбата е лоша, немаме земено плата, а знаеме дека не чекаат и тешки зимски месеци и затоа на овој начин кажуваме дека бараме навремено да ни исплаќаат плати не само сега туку да се обезбедат пари и за наредните месеци. ЈСП нема пари, зависиме од Град Скопје. Ако Градот не најде пари за нас ние нема да возиме и Скопје ќе остане без јавен превоз. Ќе нема ниту кој да ги поправа возилата на Пожарна оти од пред некој месец и тоа е наша обврска, вели Миќо Стојановски претседател на синдикалната организација на ССМ при ЈСП „Скопје“.

 Целито текст на СДК. 

Промовирани огласи »

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Поевтинува и мазутот М-1 НС, за 0,886 денари за килограм, а не се менува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на моторниот бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98  ќе изнесува 91,50 денари за литар, 103 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), 98,5 денари на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1), а 51,034 денари на мазутот М-1 НС – 51,034.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 проценти во однос на одлуката од 12. месецов.

Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски за „Студио 10“ рече дека минати се времињата кога еден стан со парно се загревал со температура од 24 степени целзиусови и нагоре.

Навечер ќе има парно, сигурно тоа го следат од ЕСМ и ако е температурата под 15 степени, верувам дека ЕСМ ќе ги затопли радијаторите и во ноќните часови, но треба да се штеди за да имаме доволно средства и да не се прави притисок на цената. Знам дека постои одреднео незадоволство, но да се покажеме солидарни и да не очекуваме грејна сезона со 24-25 степени целзиусови во некои станови. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури, рече Бислимовски.

Бислимовски вели дека во моментов цената на природниот гас, од кој се претвора топлинска енергија, е 1.500 евра за нормален метар кубен и е двојно помала од пикот од 3.000 евра за нормален метар кубен, што се покажало како добар потег на Владата да чека и да не закупува однапред гас за топланите.

Да купевме во јули и август ќе платевме 3.000 евра, сега е 1.500 долари. Калкулиравме дека греењето ќе немаше никаква логика. Ќе требаше да се платат дополнителни 180 до 200 милиони евра на грбот на потрошувачите, наведе Бислимовски.

Промовирани огласи »

Скопски Легури ДООЕЛ е брз и динамичен македонски производител на феролегури и е клучен извозник на производи од феролегури во Европската Унија, Балканот, САД, Турција и земјите од Блискиот Исток. Скопски Легури ДООЕЛ е модерно, вертикално интегрирано, извозно ориентирано претпријатие има огромен производствен потенцијал. Поради долгогодишното искуство во работењето на металуршкиот пазар како и висококвалитетното производство, претпријатието се стекна со репутација на доверлив партнер кој ги исполнува барањата на клиентите. Основната специјализација на претпријатието е производство на феролегури од манган. Нашите производи се применуваат во металуршката индустрија за легирање, деоксидација, допинг на челик и легура како и за производство на електроди за заварување. Денес Скопски Легури зема замав, постојано го зголемува производството и ја зголемува разновидноста на производите. 

Нашиот динамичен развој е условен од силниот технолошки процес на управување што се изведува со прецизна опрема за мерење и контрола, висококвалификуван кадар како и флексибилноста на компанијата во рамките на пазарот што постојано се менува.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

ДЕЖУРЕН ВОЗАЧ
ОДГОВОРЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
ИНЖИНЕР ЗА ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ

Сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »