Промовирани огласи »

Започнувањето бизнис никогаш не е лесно. Претприемачите наведуваат многу причини за започнување на сопствен бизнис, како што е потребата од креативен излез или само потхранување на желбата за повеќе пари. Без оглед на тоа што ве мотивира, времето и причината за основање бизнис мора да бидат наменски.

Тука не станува збор за давачки, економски статистики, јавно мислење или сечење на црвени ленти. Едноставно кажано, вистинското време да започнете сопствен бизнис е:

  • Кога сте доволно сигурни дека луѓето ќе го купат тоа што сакате да го продадете;
  • Кога го разбирате пазарот… Знаете зошто луѓето би се одлучиле да го купат прозводот и каде би го сториле тоa;
  • Кога имате еден едноставен, практичен бизнис план, доволно голем да ги содржи клучните информации кои имаат смисол и вклучуваат пресметани проценки за првичните бројки… Да не ги изоставиме киријата и заработката, како и проценката на потребните средства и првичните трошоци без кои не се започнува бизнис. И ова е многу важно … Веќе да знаете или да имате најдено начин, како да ги најдете ресурсите кои ви ги диктира бизнис планот;
  • Кога животот или значајните врски (односи) не ви зависат од деловниот успех;
  • Кога навистина го посакувате тоа;
  • Кога немате друга опција.

Останува само да ви посакаме среќа, со надеж дека не се обложувате на тоа дека не смеете да си дозволите неуспех.

Промовирани огласи »

Возачите и сервисерите на автобуси од ЈСП „Скопје“ најавија дека Скопје во наредните денови може да остане без јавен превоз доколку не им биде исплатена плата. Велат дека уште немаат земено плата за месец септември, и дека ова не е прв пат да се доцни со исплатите, пренесува порталот СДК. 

Ние секојдневно навремено ги извршуваме обврските, но гладни не можеме да возиме или да ги сервисираме возилата. Состојбата е лоша, немаме земено плата, а знаеме дека не чекаат и тешки зимски месеци и затоа на овој начин кажуваме дека бараме навремено да ни исплаќаат плати не само сега туку да се обезбедат пари и за наредните месеци. ЈСП нема пари, зависиме од Град Скопје. Ако Градот не најде пари за нас ние нема да возиме и Скопје ќе остане без јавен превоз. Ќе нема ниту кој да ги поправа возилата на Пожарна оти од пред некој месец и тоа е наша обврска, вели Миќо Стојановски претседател на синдикалната организација на ССМ при ЈСП „Скопје“.

 Целито текст на СДК. 

Промовирани огласи »

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Поевтинува и мазутот М-1 НС, за 0,886 денари за килограм, а не се менува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на моторниот бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98  ќе изнесува 91,50 денари за литар, 103 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), 98,5 денари на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1), а 51,034 денари на мазутот М-1 НС – 51,034.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 проценти во однос на одлуката од 12. месецов.

Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски за „Студио 10“ рече дека минати се времињата кога еден стан со парно се загревал со температура од 24 степени целзиусови и нагоре.

Навечер ќе има парно, сигурно тоа го следат од ЕСМ и ако е температурата под 15 степени, верувам дека ЕСМ ќе ги затопли радијаторите и во ноќните часови, но треба да се штеди за да имаме доволно средства и да не се прави притисок на цената. Знам дека постои одреднео незадоволство, но да се покажеме солидарни и да не очекуваме грејна сезона со 24-25 степени целзиусови во некои станови. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури, рече Бислимовски.

Бислимовски вели дека во моментов цената на природниот гас, од кој се претвора топлинска енергија, е 1.500 евра за нормален метар кубен и е двојно помала од пикот од 3.000 евра за нормален метар кубен, што се покажало како добар потег на Владата да чека и да не закупува однапред гас за топланите.

Да купевме во јули и август ќе платевме 3.000 евра, сега е 1.500 долари. Калкулиравме дека греењето ќе немаше никаква логика. Ќе требаше да се платат дополнителни 180 до 200 милиони евра на грбот на потрошувачите, наведе Бислимовски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »