Промовирани огласи »

Прeтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Отворено студио на МРТ” зборуваше за состојбите во економијата во земјата каде посочи на високата инфлација и потсети дека ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за мерки во економијата уште кога започнуваше кризата.

Ние за мерки во економијата зборувавме уште кога започнуваше кризата и ние кажувавме дека ќе се трансформира во финансиска, ќе се случи таа инфлаторна спирала, но од страна на владата не убедуваа дека инфлацијата е увезена и тука се поставува легитимно прашањето како е увезена инфлацијата? Ако Македонија има едно од највисоките стапки на инфлација од 18,5 во август еве сега до 20%, а во еврозоната е 9, значи ние имаме два пати поголема инфлација, па како е тоа увезена? Делови кои што најмногу влијаат на таа инфлација е дел зголемувањето на цените на храната, на маслото, на шеќерот и така натаму, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека за да ублажи високата цена на производи да се има викенд без ДДВ со кој што на основните прехрамбени продукти ќе им овозможиме пониска цена за да можат граѓаните да си ги дозволат.

Затоа ние рековме дајте луѓе да имаме викенд без ДДВ со кој што на основните прехрамбени продукти ќе им овозможиме пониска цена за да можат граѓаните да си ги дозволат затоа што денеска стана луксуз месо да се купува или некои одредени основни прехрамбени производи, кажа Мицкоски.

Во врска со високата инфлација го додаде следното:

Не е само увезената инфлацијата туку имаме и многу домашни причини, а една од причините е и ова, исто така и зголемениот дефицит односно зголемената разлика на увозот и извозот.

Промовирани огласи »

Започнувањето бизнис никогаш не е лесно. Претприемачите наведуваат многу причини за започнување на сопствен бизнис, како што е потребата од креативен излез или само потхранување на желбата за повеќе пари. Без оглед на тоа што ве мотивира, времето и причината за основање бизнис мора да бидат наменски.

Тука не станува збор за давачки, економски статистики, јавно мислење или сечење на црвени ленти. Едноставно кажано, вистинското време да започнете сопствен бизнис е:

  • Кога сте доволно сигурни дека луѓето ќе го купат тоа што сакате да го продадете;
  • Кога го разбирате пазарот… Знаете зошто луѓето би се одлучиле да го купат прозводот и каде би го сториле тоa;
  • Кога имате еден едноставен, практичен бизнис план, доволно голем да ги содржи клучните информации кои имаат смисол и вклучуваат пресметани проценки за првичните бројки… Да не ги изоставиме киријата и заработката, како и проценката на потребните средства и првичните трошоци без кои не се започнува бизнис. И ова е многу важно … Веќе да знаете или да имате најдено начин, како да ги најдете ресурсите кои ви ги диктира бизнис планот;
  • Кога животот или значајните врски (односи) не ви зависат од деловниот успех;
  • Кога навистина го посакувате тоа;
  • Кога немате друга опција.

Останува само да ви посакаме среќа, со надеж дека не се обложувате на тоа дека не смеете да си дозволите неуспех.

Промовирани огласи »

Возачите и сервисерите на автобуси од ЈСП „Скопје“ најавија дека Скопје во наредните денови може да остане без јавен превоз доколку не им биде исплатена плата. Велат дека уште немаат земено плата за месец септември, и дека ова не е прв пат да се доцни со исплатите, пренесува порталот СДК. 

Ние секојдневно навремено ги извршуваме обврските, но гладни не можеме да возиме или да ги сервисираме возилата. Состојбата е лоша, немаме земено плата, а знаеме дека не чекаат и тешки зимски месеци и затоа на овој начин кажуваме дека бараме навремено да ни исплаќаат плати не само сега туку да се обезбедат пари и за наредните месеци. ЈСП нема пари, зависиме од Град Скопје. Ако Градот не најде пари за нас ние нема да возиме и Скопје ќе остане без јавен превоз. Ќе нема ниту кој да ги поправа возилата на Пожарна оти од пред некој месец и тоа е наша обврска, вели Миќо Стојановски претседател на синдикалната организација на ССМ при ЈСП „Скопје“.

 Целито текст на СДК. 

Промовирани огласи »

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Поевтинува и мазутот М-1 НС, за 0,886 денари за килограм, а не се менува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на моторниот бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98  ќе изнесува 91,50 денари за литар, 103 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), 98,5 денари на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1), а 51,034 денари на мазутот М-1 НС – 51,034.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 проценти во однос на одлуката од 12. месецов.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »