Промовирани огласи »

Согласно Законот за празници следниот неработен ден за сите граѓани на земјава е во декеври.

8 декември (четврток) се празнува “Св. Климент Охридски” и е неработен за сите граѓани.

За граѓаните од католична вероисповед неработен е 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик, а заграѓаните припадници на албанската заедница 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

И регистрацијата на возила е поскапена, не заради техничкиот преглед туку повисоката еколошка такса велат од станиците за технички преглед.

Од 400 до 700 денари е за патнички возила и 1050 до 1900 за товарни во зависност од староста и зафатнината на возилото. Па така постарите возила плаќаат повисока еколошка такса, објави ТВ21.

Поскапувањето се должи на еколошката такса, велат од станиците за технички преглед.

ЦЕНА ЗА ЕКОЛОШКА ТАКСА

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 19.10.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,436 ден/кг и сега ќе изнесува 49,483 ден/кг.

Од 26.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 49,483 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

Останува досегашниот систем на сметање на времето, односно од викендов ќе почне зимското сметање со кое стрелките на часовникот ќе се поместат еден час назад.

Од Владата за МИА информираат дека информацијата што требаше да ја подготви Министерството за економија покажала дека треба да остане системот за промена на времето.

Повеќе информации најавуваат дополнително.

Министерството за економија правеше анализа за промена на системот за сметање на времето по препорака на Владата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »