Промовирани огласи »

Овие времиња може да бидат предизвикувачки и може да доведат до повеќе деловни спорови од вообичаеното.

Ако наидете на голем спор со вашиот деловен партнер што може да ја загрози иднината на вашиот бизнис, земете ги предвид овие пет работи:

1. Обидете се да избегнете конфликт со планирање однапред

Многу конфликти може да се избегнат со планирање. Имањето јасен договор за деловно партнерство може да помогне да се избегнат заеднички спорови во врска со одговорностите, паричните обврски и управувањето со бизнисот. Овој договор може да опфати широк спектар на прашања, вклучувајќи: улогата на секој партнер, колкава контрола има секој партнер, должности и одговорности на секој партнер.

2. Обидете се да го решите проблемот внатрешно

Пред да преземете поагресивна акција, обидете се прво да го решите проблемот внатрешно. Обидете се објективно да ја слушате жалбата на вашиот деловен партнер и да видите дали двајца можете да се обидете да најдете решение за проблемот. Многу деловни спорови се предизвикани од недоразбирање или конфузија. Обидете се да ги расчистите сите такви недоразбирања. Ова може да ви помогне да го решите проблемот многу побрзо и полесно.

3. Обидете се да ја видите другата страна

Може да биде многу безболен процес за вас да се обидете да се ставите на местото на другата страна и вистински да се обидете да ја разберете нивната позиција. Запомнете дека сте во бизнис со оваа личност со причина. Веројатно имате долга врска која би сакале да ја одржувате, ако е можно. 

4. Не чекајте премногу долго за да го решите проблемот

Понекогаш, ако има премногу одложување помеѓу моментот кога ќе се појави некој деловен проблем и кога тој евентуално ќе се реши, тоа може негативно да влијае на деловниот однос и да го отежне постигнувањето на пријателско решение. Со текот на времето, партиите може да ја зацврстат својата основа во одредена ситуација и може да станат нефлексибилни за одредени резолуции на нивното правно прашање.

5. Размислете за медијација

Партнерска медијација е процес во кој деловниот посредник се среќава со страните лично или виртуелно и ги води низ преговарачко решавање на правно прашање. Деловното посредување е обично многу поевтино и одзема помалку време од судските спорови. Посредувањето во деловни спорови е исто така доверлив процес, така што страните можат да го решат своето прашање без да ги изнесуваат своите поплаки на јавен форум.

Промовирани огласи »

Според медиумските извештаи, Маск планира да ја зголеми цената на претплатата на 20 долари, а сите корисници кои сакаат да ја задржат синиот знак до името, ќе мора да ја платат таа претплата.

Откако сапуницата за преземање на „Twitter“ е конечно готова, Илон Маск веднаш се фатил за работа и почнал со радикални промени со кои многумина нема да бидат воодушевени. Прво, веднаш им ја покажал излезната врата на некои од водечките луѓе во компанијата, вклучувајќи го и дотогашниот извршен директор Параг Агравал.

Исто така, на мрежата кружат гласини за масовни откази во компанијата, но освен вработените, изгледа дека големи причини за незадоволство ќе имаат и корисниците на оваа мрежа. Имено, познато е од претходно дека желбите на Маск се „Twitter“ да остварува големи приходи од претплата, а благодарение на извештајот на „The Verge“, сега дознаваме на што конкретно мислел.

Прво, сака сините знаци за верификација на корисниците да станат дел од претплатата „Twitter Blue“. Значи, сите оние кои моментално го имаат тоа знакче кое го потврдува нивниот идентитет, сега, ако сакаат да го задржат, ќе мора да платат. Другата голема промена исто така се однесува на таа претплата. Моментално таа изнесува 5 долари месечно и на корисниците им носи некои дополнителни можности при користењето на оваа мрежа. Планот на Маск, според медиумските извештаи, е да го зголеми износот за претплата на 20 долари месечно. Корисниците ќе имаат рок од 3 месеци во текот на кои ќе мора да станат претплатници, а доколку не почнат со плаќање на претплатата, по три месеци ќе го изгубат синото знакче.

Според истите медиумски извештаи, Маск не им дал премногу време на вработените кои оваа опција мора да ја лансираат до 7-ми ноември. Во спротивно – ќе добијат отказ. Со оглед на тоа дека временскиот рок е многу краток, јасно е дека пред вработените има бессони и стресни ноќи.

Прво, сака сините знаци за верификација на корисниците да станат дел од претплатата „Twitter Blue“. Значи, сите оние кои моментално го имаат тоа знакче кое го потврдува нивниот идентитет, сега, ако сакаат да го задржат, ќе мора да платат. Другата голема промена исто така се однесува на таа претплата. Моментално таа изнесува 5 долари месечно и на корисниците им носи некои дополнителни можности при користењето на оваа мрежа. Планот на Маск, според медиумските извештаи, е да го зголеми износот за претплата на 20 долари месечно. Корисниците ќе имаат рок од 3 месеци во текот на кои ќе мора да станат претплатници, а доколку не почнат со плаќање на претплатата, по три месеци ќе го изгубат синото знакче.

Според истите медиумски извештаи, Маск не им дал премногу време на вработените кои оваа опција мора да ја лансираат до 7-ми ноември. Во спротивно – ќе добијат отказ. Со оглед на тоа дека временскиот рок е многу краток, јасно е дека пред вработените има бессони и стресни ноќи.

Промовирани огласи »

МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата, од 26 октомври започна да пружа нови услуги во Северна Македонија – мобилна телефонија и интернет, како и пакет услуги кои што вклучуваат и сателитска телевизија. Мтел со ова ја проширува својата понуда на врвни сервиси и ексклузивни дигитални содржини, кои што на корисниците им нудат едно поинакво искуство во доменот на телекомуникациите. Понудата, која што Мтел им ја нуди на корисниците е осмисленa согласно потребите и желбите на граѓаните, како и според особеностите на домашниот телекомуникациски пазар. А, една од главните предност на Мтел е тоа што е единствениот телекомуникациски оператор кој што им овозможува бенефиции и пристап до ексклузивни дигитални содржини и на своите припејд корисници.

„За овие година дена, колку што сме присутни на пазарот, корисниците имаа прилика да нѐ запознаат, да ги пробаат услугите и поддршката која што им ја нудиме. Од денеска можат да ни се обратат и за врвно искуство во мобилната телефонија и интернетот, телевизија и пакет услуги. На корисниците особено внимание би им осврнал кон нашата понуда во при пејд сегментот, за која што сме уверени дека ќе претставува вистинско освежување на пазарот. Она што не издвојува, исто така, е понудата на дигитални сервиси – нашите корисници ќе можат да добијат ексклузивен пристап до две апликации mPlay TV и Balkan МYusic, кои нудат најдобар избор на содржина за забава, како и серии и филмови, така и атрактивна музика“, изјави генералниотдиректор на Мтел, Марко Лопичиќ.

Телеком Србија групацијата, во чии рамки делува и Мтел, настојува на секој пазар каде што е активна да понуди квалитетни услуги и врвна понуда, секогаш подобрувајќи го искуството на корисниците. По повод почетокот на понудата на услуги од мобилната телефонија, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ истакна дека Мтел доаѓа од семејството на регионалниот телекомуникациски лидер, што секако позитивно ќе се одрази на квалитетот на вкупната понуда на пазарот.

„Нè издвојува доброто познавање на деловните активности во овој регион, бидејќи пружаме услуги и ексклузивни содржини преку мултимедијални платформи на целото подрачје, од Македонија до Словенија. Од Мтел во иднина треба да очекувате нови инвестиции, отворање на нови работни места и ширење на мрежата на локални партнери. Телеком Србија во овој момент е во голема експанзија. Додека овде почнуваме да нудиме нови услуги, истовремено ги прошируваме активностите на нашите компании на подрачјето на Европа, како неодамна во Швајцарија, а планот е наскоро да бидеме присутни и на пазарите во Германија и САД“, истакна Владимир Лучиќ.

Телеком Србија групацијата веќе пружа услуги од областа на мобилната телефонија, интернетот и телевизијата за повеќе од 11 милиони корисници во регионот и Европа. Компанијата константно настојува на своите корисници да им претстави нови концепти на услуги, да го унапреди искуството преку иновативна понуда, но и да биде двигател на развојот како на локалниот, така и на регионалниот пазар кон целосна дигитална трансформација.

Сите работни места од МТЕЛ достапни на КАРИЕРА.мк

Промовирани огласи »

Поевтинувањето на струјата за преработувачките на храна ќе донесе пониски цени на храната. Според најавите на надлжените се очекува храната да поевтини околу 10%, а тоа би се случило околи Нова година.

Граѓаните скептични и револтирани. Велат не може да скапне 100%, а сега да поевтини само 10%.

Кои цени ќе ги замрзне Владата? Тие што ги дигна до плафон! Нека ги врати старите цени ,па нека ги замрзнува и ич нека не ги одмрзнува!

Е да многу убаво, зголемени цени 100%, а сега намалени само 10%, не само младите сега и повозрасните си заминуваат од оваа вукојебина.

Реално храната треба да поевтини најмалку 40%. Секој ден нова цена на ист артикл. Ова е воено профитерство дозволено од власта.

Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со оваа мерка, производителите на основните прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја што крајно ќе влијае и на стабилизирањето на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании, вели премиерот Ковачевски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »