Според медиумските извештаи, Маск планира да ја зголеми цената на претплатата на 20 долари, а сите корисници кои сакаат да ја задржат синиот знак до името, ќе мора да ја платат таа претплата.
Откако сапуницата за преземање на „Twitter“ е конечно готова, Илон Маск веднаш се фатил за работа и почнал со радикални промени со кои многумина нема да бидат воодушевени. Прво, веднаш им ја покажал излезната врата на некои од водечките луѓе во компанијата, вклучувајќи го и дотогашниот извршен директор Параг Агравал.
Исто така, на мрежата кружат гласини за масовни откази во компанијата, но освен вработените, изгледа дека големи причини за незадоволство ќе имаат и корисниците на оваа мрежа. Имено, познато е од претходно дека желбите на Маск се „Twitter“ да остварува големи приходи од претплата, а благодарение на извештајот на „The Verge“, сега дознаваме на што конкретно мислел.
Прво, сака сините знаци за верификација на корисниците да станат дел од претплатата „Twitter Blue“. Значи, сите оние кои моментално го имаат тоа знакче кое го потврдува нивниот идентитет, сега, ако сакаат да го задржат, ќе мора да платат. Другата голема промена исто така се однесува на таа претплата. Моментално таа изнесува 5 долари месечно и на корисниците им носи некои дополнителни можности при користењето на оваа мрежа. Планот на Маск, според медиумските извештаи, е да го зголеми износот за претплата на 20 долари месечно. Корисниците ќе имаат рок од 3 месеци во текот на кои ќе мора да станат претплатници, а доколку не почнат со плаќање на претплатата, по три месеци ќе го изгубат синото знакче.
Според истите медиумски извештаи, Маск не им дал премногу време на вработените кои оваа опција мора да ја лансираат до 7-ми ноември. Во спротивно – ќе добијат отказ. Со оглед на тоа дека временскиот рок е многу краток, јасно е дека пред вработените има бессони и стресни ноќи.