Промовирани огласи »

Здруженијата Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети и официјално ќе се соочат со забрана за користење на имињата. 

Откако пратениците денеска на пленарна седница, ги усвоија измените на Законот за здруженија и фондации во рок од три месеци спорните клубови ќе треба да го усогласат својот назив пред Централен регистар откако за тоа ќе добијат позитивно мислење од Комисијата за употреба на имиња. Ако не добијат согласност ќе бидат избришани.

Со измените сега се забранува упис на организација ако називот, името, програмата, целите и дејностите им се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Македонија, поттикнуваат и одобруваат фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Законските измени се на предлог на опозициската ВМРО ДПМНЕ а ги поддржаа и пратениците од владејачкото мнозинство со што беа изгласани со 67 гласаа ЗА.

Сметам дека навистина после се она што се случуваше во последните денови е исклучително важно да се оградиме од ваквите случувања, да не дозволиме да ни се формираат такви здруженија во државата, и ова е начинот како практично може да се стави браната, изјави – Соња Мираковска – Пратеник од НСДП.

Предложените законски измени на двете партии следат по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“во Охрид. Потоа беше формирано Советодавно тело, чиј прв тест беше употребата на името Цар Фединанд за ново здружение во Богданци кое беше одбиено. Финалната одлука ќе ја има Централниот регистар, појаснуваат од Министерството за правда.

Одлуката дали ќе се дозволи регистрацијата со тој назив е на Централниот регистар, Министерството за правда само ќе го проследи до нив мислењето на советодавното тело.-Министерство за правда.

Но сега извесно е дека и ова ад хок тело ќе ја промени својата структура со оглед на тоа што според законот ќе премине во Комисија за употреба на имиња, која биде составена од пет члена – по еден ќе предложат министерствата за правда и култура, еден член ќе биде од Институтот за национална историја и уште две места ќе пополнат членови на МАНУ.

Промовирани огласи »

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 24 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. На нашите полици секојдневно може да се најде широка лепеза на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од нашиот бренд EXTRA, како и голем број на странски увозни брендови на производи и деликатеси, достапни единствено во нашите маркети.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

ПРОДАВАЧ/КА ВО КОСМО
МАГАЦИОНЕР ВО ТИНЕКС ХОУМ
КЕЛНЕР/КИ - ШАНКЕР/КИ РЕСТОРАН DAILY
ПРОДАВАЧИ/КИ ВО TO GO КАФЕТЕРИИ
ПРОДАВАЧ/КА


Сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисоки цени во трговијата на мало на огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев.

Согласно одлуката, највисоката цена на огревното дрво се утврдува во висина до 4.500 денари за метар просторен (МПР) односно до 6.429 денари за метар кубен (м3).

Највисоката цена на пелетите за огрев се утврдува во висина до 27 денари за еден килограм. Во цената на стоките е вклучен ДДВ и транспорт.

Највисоките цени на стоките од оваа одлука ќе се применуваат до 31 декември 2022 година.

Во исто време, Владата донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало со која што беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10%.

Владата континуирано спроведува мерки за ублажување на последиците од светската енергетска криза, се грижиме за сите да има греење оваа зима, затоа ги замрзнавме цените на огревното дрво и пелетите. Заштита на стандардот на граѓаните е меѓу владините приоритети, соопшти владината служба. 

Промовирани огласи »

Кралот Чарлс Трети бара менаџер на градина во Бакингемската палата, кој ќе биде платен 40.000 фунти или нешто повеќе од 46.000 евра годишно.

Познато е дека кралот е страстен љубител на природата, екологијата, руралниот живот и градинарството. Иако многумина мислеа дека приказната за разговорот на Чарлс со растенијата е само озборување за да се прикаже како ексцентричен англиски џентлмен, тој навистина беше. Додека сè уште беше принц од Велс, двапати го спомна во интервјуа за медиумите, првиот пат во 1986 година и повторно во 2012 година, пишува Јутарњи.

Застанувам и разговарам со нив, навистина. Многу е важно да разговарате со растенијата и тие да одговорат, рече тој.

Затоа во огласот бараат некој кој „страсно сака растенија“ да работи 39 часа неделно.

Во огласот на кралската веб-страница се вели:

Како менаџер на градината, вие ќе бидете одговорни за одржување и презентирање на градините на Бакингемската палата на исклучителни стандарди. Ќе бидете горди кога ќе видите илјадници луѓе кои уживаат во нив на забавите во градината.

Работниот распоред на градинарот ќе вклучува одржување на тревникот и грижа за жива ограда и цвеќиња, особено рози. На кандидатите им беше кажано и дека ќе бидат исклучително важни во идното обликување на кралските градини, гласи огласот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »