Промовирани огласи »

Веб страната World Population Review објави податоци за просечната потрошувачка на алкохол во светот. Тоа варира од земја до земја поради културата, законите и други фактори.

Светската здравствена организација забележала потрошувачка на алкохол во секоја земја во литри чист алкохол за пиво, вино, жестоки пијалоци и други алкохолни пијалоци. Просечната светска потрошувачка е 6,18 литри, со исклучително висока концентрација на поголема консумација во Европа.

Ова се ТОП 10 земји со најголема потрошувачка на алкохол (во литри чист алкохол по глава на жител:

  • Чешка – 14.26
  • Летонија – 13.19
  • Молдавија – 12,85
  • Германија – 12,79
  • Литванија – 12,78
  • Ирска – 12,75
  • Шпанија – 12,67
  • Уганда – 12.48
  • Бугарија – 12.46
  • Луксембург – 12:45 

Забележливо е дека најголем дел станува збор за европски држави.

Податоците покажуваат дека во Северна Македонија се пијат просечно по 6,43 литри по годишно по глава на жител. Според оваа статистика, мажите во Северна Македонија пијат 10,36 литри наспроти жените кои пијат 2,54 литри. Од земјите во регионот, повеќе алкохол се пие во Црна Гора (12,24), Словенија (12,11), Грција (10,5), Србија (8,85), Хрватска (8,73), Босна и Херцеговина (7,81) и Албанија (6,82).

Во светот најмалку, односно воопшто не се пие алкохол во Сомалија, Бангладеш, Кувајт, Мавританија и Саудиска Арабија. 

Промовирани огласи »

Новиот Закон за потрошувачи кој на големо го најавуваа властите не може да ги стабилизира ценита на храната. Но, доколку некој трговец не ги почитува правилата и мерките за трговија кои ги носат надлежните ќе добие висока парична казна, а може да му биде затворен и дуќанот.

Од Организацијата за заштита на правата на потрошувачите за Алсат велат дека цените на храната трговците слободно ги определуваат, освен во моментов дел од основните прехранбени производи.

Се мисли на тоа дека казните ќе бидат поголеми, па ако се прекршува она што ќе се донесе како мерка од страна на владата во тој случај ќе има и изрекување на поголеми казни за оние кои ги прекршуваат мерките кои се носта од страна на владата, вели Татјана Ташевска, Организација на потрошувачите.

Трговците ќе бидат казнети ако нудат лажни информации, го доведат во заблуда потрошувач, или агресивно го убедат граѓанинот нешто да купи.

Новиот Закон за потрошувачи предвидува глоба за од 500 до 1.000 евра за микро фирмите и 150 евра за оговорното лице. Двојно поголеми се паричните казни за мал трговец, во случај регистрираниот среден трговец ги прекрши правилата може да заработи казна од две до пет илјади евра и 350 евра за шефот на фирмата. Највисока е казната за гоелмите трговци кои се движат од пет до десет илјади евра и 500 евра за одговорното лице.

Казни се предвидени и за…

Целиот текст прочитајте го на Алсат М со клик ТУКА.

Промовирани огласи »

Од почетокот на 2023 година можноста за поврат на данок, преку проектот мој ДДВ не само што ќе остане во функција, туку и ќе се модифицира, велат надлежните. 

Така граѓаните наместо досегашните 1800 денари за едно тромесечие ќе може да добијат до 2100 денари, најави Сања Лукаревска, директорка на УЈП во гостување на Дневникот на Сител.

Промовирани огласи »

Мелничарите најавуваат поевтинување на лебот за околу 10 отсто кон крајот на декември или од почетокот на идната година. Тие ја поздравуваат владината одлука за обезбедување електрична енергија по поволни цени со која се опфатени производителите на храна и велат дека од неа најголем бенефит ќе имаат граѓаните.

Но, сепак, како што објаснуваат, цената на лебот ќе зависи и од движењето на цените на суровините.

Со двете владини одлуки, за цената на електричната енергија и за ограничување на маржите во трговијата на големо и трговијата на мало, неминовно ќе има надолна линија со што ќе се постигне нормална цена во моменталната кризна состојба. Во зависност од индустрискиот пекарски капацитет, намалувањето на цените би било околу 10 проценти на малопродажните цени, нормално ако основната суровина, пченицата и брашното на берзите се задржат на ова ниво со цените во опкружувањето и во светски рамки, истакнува за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора на Северна Македонија, Горан Малишиќ.

И според потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) и претседател на Агро-бизнис комората при ССК, Горан Ѓорѓиевски, мора да се земе предвид дека намалувањето на цената на лебот и печивата зависи и од движењето на цените на суровините.

Одлуката за обезбедување на електрична енергија по поволни цени за производителите на храна е важна мерка од која бенефит ќе имаат и граѓаните и стопанството. Според најавите од надлежните институции, новите договори за набавка на електрична енергија по поволни цени треба да се применуваат од 1 декември, по што би следел период на прилагодување и кон крајот на месецот или од почеток на следната година очекуваме да има надолна корекција на цените на производите, односно нивно намалување за околу 10 проценти. Но, исто така мора да се земе предвид дека намалувањето зависи и од движењето на цените на суровините. Во таа насока се соочуваме со неповолна ситуација поради повлекување на Русија од договорот за транспорт на житото од Украина преку Црно Море, поради што процесот е стопиран и тоа веќе предизвикува раст на цените на берзата. Овој проблем има глобална димензија и не би можеле да кажеме со сигурност како ќе се одрази кај нас, нагласува Ѓорѓиевски.

Како дополнителна мерка која ќе влијае на намалување на негативниот ефект од растот на цените на суровините, тој го посочува активирањето на стоковните резерви.

Така би можело да се обезбедат влезни производни инпути по соодветно ниски цени, а со нив, пак, би се постигнала пониска цена на крајниот производ, вели Ѓорѓиевски.

Засега, цените на лебот кај нас во споредба со опкружувањето се на исто ниво. Поголеми се, како што информира Малишиќ, само од околните држави кои го субвенционираат лебот, како што е Србија, додека цените во ЕУ се од 120 до 360 денари по векна, зависно од грамажата.

Со Одлуката на Владата мелниците и пекарниците да купуваат струја од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, ќе се стабилизираат производствените трошоци од електрична енергија во индустријата, со што ќе се создаде можност мелниците повторно проработат на нивото пред огромното зголемување на цените на струјата, а кај пекарниците да има предвидливи трошоци за стабилизација на цената и во многу краток период и намалување за истиот процент на намалување на цените лебот и печивата. Просто кажано, со Одлуката избегнавме опасност од повторно зголемување за цените што е многу позитивно и за индустријата – да мисли на надополнување на сопствените залихи со оперативните средства, а не како да ги покрие трошоците за електрична енергија. Сепак, оваа одлука е најпозитивна за граѓаните и за нивниот домашен буџет, потенцира Малишиќ.

Според него, мелничката индустрија во целост згасна до крајот на септември поради високите цени на електричната енергија, со неможност да ја обработува откупената домашна и увезената пченица. Но, со постепеното олабавување на цените на струјата, од средината на октомври, срамежливо и полека почнува со работа.

Со донесената Одлука на Владата, индустријата ќе се врати на капацитетот од претходно и ќе продолжи со работа. Цената на електричната енергија и цените на пченицата им создаваат огромни проблеми на мелниците доволно да ги надополнат и платат потребните количини пченица. За да биде полесно со оперативните средства на мелниците, како и пекарниците, требаше да се обезбедат подостапни и повеќе средства во кредитната линија во Развојната банка од обезбедените пет милиони евра за стопанството. Со тоа ќе можевме понавреме и поефтино да ги обезбедиме потребните количини пченица и брашно, односно би добиле како индустрија и како држава поголем период на стабилни цени на производите. Сега, целата мелничко-пекарска индустрија се изложува на поголеми трошоци за камати кои секојдневно растат во комерцијалните банки, што значи, залихите во мелниците и пекарниците се одржуваат на некој можен максимум, но се најмали во споредба со изминатите години, истакнува Малишиќ.

Поради фактот што жетвата заврши летово, Владата и ресорните министерства, смета Малишиќ, треба сиот свој капацитет да го насочат кон целсоно засејување на сите необработени површини со основните житни култури за прехрана на населението и со многу дополнителни стимулации за да станеме увозно независни и самоодржливи.

Владата секогаш може да донесе дополнителни мерки за прехранбената индустрија со цел крајно да му се помогне на населението и да се олабави оваа економска состојба во која се наоѓаме, но, сепак, тоа зависи и од можноста на државниот буџет, дополнува претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »