Промовирани огласи »

Движењето „Македонска Модерна“ - новото политичко движење на македонската сцена кое викендов имаше јавна промоција, денеска преку социјалните мрежи наведува дека е можно да има кратење на часовите во основните и средните училишта во државата, како дел од мерките за штедење.

„Неофицијално дознаваме дека Министерството за образование има намера да предложи до Владата намалување на должината на часовите во основното и во средното образование, како дел од мерките за штедење“, пишуваат од движењето на Фејсбук.

Од таму наведуваат дека се „против какво било намалување на должината на часовите во основното и во средното образование, како и преземање на какви било кратења на наставните планови и програми“, со одбразолжение дека Владата и општините се должни да изнајдат финансиски средства за училиштата непречено да ја остваруваат својата образовна и воспитна функција.

За почеток, како мерка за штедење, дополнуваат во објавата, Владата може да укине најмалку 10% од функционерските непродуктивни позиции во министерствата и во директоратите, кои служат само за задоволување на нивната партиска камарила.

Промовирани огласи »

Eurofast Global Ltd е професионална организација за услуги која работи во Југоисточна Европа. Организацијата е уникатно позиционирана како едношалтерски центар за инвеститори и компании кои бараат професионални услуги во Југоисточна Европа и Блискиот Исток. Компанијата нуди голем број услуги, вклучувајќи сметководство и платен список, меѓународно даночно планирање, правни и даночни совети, даночни спорови, регистрација на компанија, администрација и услуги за управување за разновидно портфолио на меѓународни клиенти.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

ADMINISTRATIVE ASSISTANT
ENGLISH-BULGARIAN SPEAKING ACCOUNTANT
ENGLISH-SERBIAN SPEAKING ACCOUNTANT
ENGLISH-GREEK SPEAKING ACCOUNTANT

Сеуште сте невработени?! Сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 до два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 94 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара за литар и ќе се продава за  96,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денари и ќе изнесува 98,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува и останува 93 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,072 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, кој сега ќе чини  49,995 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,994 отсто, кај дизелот има намалување во просек за 0,558 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,436 и кај мазутот намалување во просек за околу 0,165 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за околу 0,578 отсто. 

Промовирани огласи »

1. Кажете ни малку повеќе за почетоците на вашата компанија во нашата држава, бидејќи сте релативно нов бренд кој одлично се пробива  од кога постои во нашата држва, како помина првата година од поставувањето на основите?

МТЕЛ во Македонија почна со работа пред една година. Стартувавме со понуда на пакети за сателитска телевизија mSAT TV. Пристапот до ексклузивни содржини, квалитетниот избор на филмски, спортски, музички, информативни и документарни канали како и одличната услуга и корисничка поддршка кои што ги нуди МТЕЛ за брзо беа препознаени од македонските корисници. Од пред неколку дена, поточно од 26 октомври МТЕЛ ја лансираше и понудата на услуги за мобилна телефонија и интернет.

Инаку, МТЕЛ е членка на Телеком Србија, регионалниот телекомуникациски лидер кој што е присустен во речиси сите држави во регионот и испорачува телекомуникациски услуги кон 11 милиони корисници во регионот и држави од Европа.

2. Со оглед на тоа што публиката има големи очекувања од вас како голема конкуретска компанија во телекомуникацискиот сектор, би сакале да ни кажете нешто повеќе околу актуелните проекти на компанијата и секако плановите за иднина?

Како што споменував, МТЕЛ ја промовираше понудата на услуги од мобилната телефонија, интернет и комбинирани пакети кои што вклучуваат и сателитска телевизија. МТЕЛ со ова ја проширува својата понуда на врвни сервиси и ексклузивни дигитални содржини, кои што на корисниците им нудат едно поинакво искуство во доменот на телекомуникациите. Како нов мобилен оператор особено сме горди на понудата на дигитални сервиси – нашите корисници ќе можат да добијат ексклузивен пристап до две апликации mPLAY TV и Balkan МYusic, кои што нудат најдобар избор на содржина за забава, ТВ-канали во живо, како и серии и филмови, така и атрактивна музика. Понудата која што ја подготвивме за корисниците веруваме дека ќе допринесе за брз раст на бројот на корисници на МТЕЛ. Проширувањето на палетата на услуги кои што ги нудиме кон македонските корисници секако ќе резултира и со проширување на тимот на компанијата. Во моментов во МТЕЛ има околу 80 вработени, очекуваме во текот на следната година оваа бројка двојно да се зголеми. Така што од МТЕЛ во иднина може да се очекува нови инвестиции, квалитетни и ексклузивни понуди за корисниците, отворање на нови работни места и континуирано ширење на локални партнери.

3. Како HR manager,  веруваме дека имате исполент и активен ден во кој се стремите да завршите големи обврски, кажете ни кои се најголемите предизвици за вашата компанија во моментот и како изгледа еден ваш работен ден?

Би почнала со тоа како изгледа еден мој работен ден. Ух, многу динамичен! HR професијата е динамична, професија полна со предизвици што комплетно се вклопува на мојот карактер. Бидејќи веќе го збогативме нашето портфолио со услуги од мобилната телефонија и интернет, мојот ден е со огромен диверзитет на работни задачи. Го зголемуваме нашиот тим за повеќе од 150%. Се екипираме, постојано организираме внатрешни и надворешни обуки за нашите нови членови на тимот.

Потоа следува процес на прилагодување во одделот за кој новиот кандидат ќе работи.

Предизвик е да се работи во компанија како МТЕЛ која е трет најголем телекомуникациски оператор. Предизвик е да се работи во сектор кој е брзо растечки и постојано се развива. Но, викаат Sky is the limit. Јас се водам по оваа парола!

4. Бидејќи сте компанија која константно работи на проширување на својот тим, кажете ни кои отворени места фигурираат како активни во моментот и кои профили на луѓе се најбарани од ваша страна?

Постојано објавуваме огласи за отворени работни места, кои можете да ги следите преку kariera.mk, и подетално да се информирате за секој од нив. Бараме Агенти во контакт центар, агенти за теренска продажба, агенти за грижа на корисници, агенти за партнерска продажба, агенти за директна продажба, контрола на ризик и наплата итн. Но, во иднина како ќе се шириме потребни ќе ни бидат кадри од различни нивоа од различни професии и искуство.

5. Кажете ни нешто повеќе за тоа како изгледа едно интервју за вработување во вашата компанија?

Како и во многу нешта, па и во организирањето на интервју сме доста прилагодливи. Имало и ќе има класични интервјуа хибридни,  онлајн, имало и интервју на кафе... Неограничени ни се можностите. Во последно време, бидејќи нашиот тим расте со неверојатна брзина, а времето е кратко, ги комбинираме пред селекцијата, и првата селекција па ги организираме во поширок аудиториум. Наместо две интервјуа, сведени се на едно, но ефикасно интервју. Нашите интервјуа се опуштен разговор, другарски, со соговорникот. Многу ни е важно кандидатот да се вклопи во организациската култура. Зависи за која работна позиција е интервјуто може да има и мал тест, кој повеќе изгледа на игра отколку на класичен тест.

6. За крај, што би им препорачале на сите луѓе кои се двоумат дали да аплицираат на отворените работни места во вашата компанија и кои бенефити може да ги очекуваат од работењето во МТЕЛ?

Воопшто никој не треба да се двоуми да аплицира за било кое работно место во МТЕЛ. Тука владее пријатна работна атмосфера, владее изразен тимски дух, тука се дружиме, си помагаме, се поддржуваме. Немаме воспоставено строга хиерархија, тука се обраќаме со ТИ, тука сме сите еднакви, тука сме отворени за вашите идеи, кои доаѓаат од било кое ниво. Бидејќи идеите значат нови можности.

Како нова компанија нудиме можност за хоризонтален и вертикален кариерен развој многу побрз од било која етаблирана компанија. Затоа ги охрабрувам сите кои сакаат да бидат дел од едно уникатно искуство да аплицираат на нашите огласи.

Горди сме што сите огласи од МТЕЛ можете да ги најдете на KARIERA.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »