Промовирани огласи »

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.4, а индексот на цените на мало изнесува 100.6.

Во септември, инфлацијата беше 14,7 отсто, додека во август беше 14,2 отсто. Сега таа изнесува рекордни 15,4 отсто. 

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.3 %, млекото за 5.9 %, сирењето и урдата за 5.7 %, месото за 3.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3.2 %, рибата и морските плодови за 2.8 %, лебот и житата за 1.8 %, кафето, чајот, какаото за 1.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1 %, виното за 0.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.5 %, пивото за 0.4 % и жестоките пијалаци за 0.3 % - соопштија од ДЗС.

Намалување на цените во однос на септември ималој кај свежото и разладеното овошје за 3,6% и маслото и маснотиите за 0,8%, а поголемо оголемо намалување на цените е забележано кај услугите за сместување за 12,4% и туристичките аранжмани за 10,4%. ДЗС информира и за пораст на индексите на трошоците на живот и во речиси сите други сфери. 

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3.7 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.4 %, парамедицинските услуги за 1.8 %, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.7 %, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1.6 %, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 %, медицинските услуги за 1.3.%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата - нетрајни за 0.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.8 %, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0.7 %, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.6 %, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0.5 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0.2 % - се вели во извештајот на ДЗС.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи зголемување од 19.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 15.4 %

Промовирани огласи »

Движењето „Македонска Модерна“ - новото политичко движење на македонската сцена кое викендов имаше јавна промоција, денеска преку социјалните мрежи наведува дека е можно да има кратење на часовите во основните и средните училишта во државата, како дел од мерките за штедење.

„Неофицијално дознаваме дека Министерството за образование има намера да предложи до Владата намалување на должината на часовите во основното и во средното образование, како дел од мерките за штедење“, пишуваат од движењето на Фејсбук.

Од таму наведуваат дека се „против какво било намалување на должината на часовите во основното и во средното образование, како и преземање на какви било кратења на наставните планови и програми“, со одбразолжение дека Владата и општините се должни да изнајдат финансиски средства за училиштата непречено да ја остваруваат својата образовна и воспитна функција.

За почеток, како мерка за штедење, дополнуваат во објавата, Владата може да укине најмалку 10% од функционерските непродуктивни позиции во министерствата и во директоратите, кои служат само за задоволување на нивната партиска камарила.

Промовирани огласи »

Eurofast Global Ltd е професионална организација за услуги која работи во Југоисточна Европа. Организацијата е уникатно позиционирана како едношалтерски центар за инвеститори и компании кои бараат професионални услуги во Југоисточна Европа и Блискиот Исток. Компанијата нуди голем број услуги, вклучувајќи сметководство и платен список, меѓународно даночно планирање, правни и даночни совети, даночни спорови, регистрација на компанија, администрација и услуги за управување за разновидно портфолио на меѓународни клиенти.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

ADMINISTRATIVE ASSISTANT
ENGLISH-BULGARIAN SPEAKING ACCOUNTANT
ENGLISH-SERBIAN SPEAKING ACCOUNTANT
ENGLISH-GREEK SPEAKING ACCOUNTANT

Сеуште сте невработени?! Сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 до два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 94 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара за литар и ќе се продава за  96,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денари и ќе изнесува 98,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува и останува 93 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,072 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, кој сега ќе чини  49,995 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,994 отсто, кај дизелот има намалување во просек за 0,558 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,436 и кај мазутот намалување во просек за околу 0,165 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за околу 0,578 отсто. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »