Промовирани огласи »

Кренете рака ако ја сакате идејата да заработувате дополнителен приход или да се откажете од канцеларискиот живот за да научите како да заработувате пари од дома.

Еве некои од најдобрите начини да заработите пари од дома:

Airbnb домаќин

Дали имате дополнителна соба во куќата или пак цел апартман? Обидете се да ги изнајмувате на Airbnb.com.

Дадилка

Ако сакате деца, може да поминете неколку часа неделно во чување деца.

Писател, едитор или коректор

Сите велат дека сте фантастичен писател, па зарем не е време да го искористите талентот за добивање плата, особено за онлајн содржини. Постојат голем број веб-страници за пишување за да најдете хонорарна работа.

Онлајн курс

Ако ви оди добро на факултет, лесно е да помислите дека и на сите други им е така, но вистината е дека многу луѓе се борат за положување на голем дел од предметите.  Можете да заработите со тоа што ќе им помогнете и ќе ги научите што знаете преку онлајн курс.

Социјални мрежи

Сите ние секојдневно поминуваме многу време на социјалните мрежи – Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, Твитер, а листата продолжува. Ако сте навикнати да добивате многу лајкови или коментари, или ако сте одлични во мотивирањето на другите преку вашите објави, можеби ќе сакате да размислите да го претворите ова во професија.

Промовирани огласи »

Менаџерот за човечки ресурси на Мета, Лори Голер рече дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат најмалку четири месеци плата.

Мета платформата ќе почне да отпуштаат вработени од денеска, изјави извршниот директор Марк Цукерберг, пренесува Wall Street Journal.

Според њујоршкиот весник, се очекува да бидат отпуштени илјадници вработени, што ќе биде најголемото отпуштање во технолошкиот сектор оваа година.

Весникот додава, повикувајќи се на свои доверливи извори, дека Цукерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е одговорен за погрешните чекори на компанијата.

Тој исто така изјавил дека неговиот преголем оптимизам во однос на растот довел до прекумерен број вработени, пренесува Ројтерс. Менаџерот за човечки ресурси на Мета, Лори Голер, рече дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат отпремнина најмалку четири месеци.

Според податоците на Мета, компанијата на крајот на септември имала повеќе од 87.000 вработени.

Промовирани огласи »

Со новиот Закон за заштита на потрошувачи кој беше изгласан во Собранието, а треба да стапи на сила од идната недела, сезонски попусти ќе има само два пати годишно.  Сезонско намалување продавниците ќе имаат:само во периодот помеѓу 25 август и 25 септември во тековната година, и зимско сезонско намалување во периодот помеѓу 25 декември од тековната и 25 јануари од наредната година.

Во новите законски решенија се издвојуваат нечесните, измамничките и агресивните трговски практики за кои се предвидуваат и повисоки санкции, со цел да се спречи и нелојалната конкуренција и профитерство на грбот на потрошувачите.

Акција за еден или повеќе производи ќе може да трае најмногу 30, а промоција само 8 дена. Белата техника или друг производот же може да се замени со нов ако два пати се расипе од иста причина во гарантен рок. Трговецот нема да смее да го вознемирува потенцијалниот купувач и да го наведува да купи производ кој вообичаено не би го купил.

Почетокот на попустот на одреден производ ќе мора да се назначи со датум. Трикратно прелепување на „првичната превисока“ цена за да мислите како сте го начекале производот на трето, четврто намалување, не е дозволено.

Промовирани огласи »

Македонија бележи највисока инфлација споредено со земјите од поранешна СФРЈ.

Инфлацијата во земјава е 19.8%, а Словенија има речиси двојно помала инфлација. Исто така, за споредба, во Словенија се и двојно повисоки платите и повисок е животниот стандард. На пример, ннфлацијата кај храната и пијалоците е 32.4% во Македонија, а 17.2% во Словенија.

Слично е и ако се изврши споредба со Србија, каде што инфлацијата е 14% и Хрватска каде се бележи инфлација од 12.8%.

Во Македонија, најмногу се покачени цените на енергенсите, храната и пијалоците. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »