Менаџерот за човечки ресурси на Мета, Лори Голер рече дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат најмалку четири месеци плата.

Мета платформата ќе почне да отпуштаат вработени од денеска, изјави извршниот директор Марк Цукерберг, пренесува Wall Street Journal.
Според њујоршкиот весник, се очекува да бидат отпуштени илјадници вработени, што ќе биде најголемото отпуштање во технолошкиот сектор оваа година.
Весникот додава, повикувајќи се на свои доверливи извори, дека Цукерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е одговорен за погрешните чекори на компанијата.
Тој исто така изјавил дека неговиот преголем оптимизам во однос на растот довел до прекумерен број вработени, пренесува Ројтерс. Менаџерот за човечки ресурси на Мета, Лори Голер, рече дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат отпремнина најмалку четири месеци.
Според податоците на Мета, компанијата на крајот на септември имала повеќе од 87.000 вработени.