Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија на стартот од дебатата за прелдог-буџетот за 2023 во Собранието испрати писмо до координаторите на пратеничките групи од кои побара да се интеревенира амнадмански, бидејќи следната година, како што велат од здружението,не е предвиден раст на доходите на работниците во јавниот сектор.

Како Сојуз на синдикатите на Македонија во кој членуваат 70.000 работници  и како  единствен репрезентативен претставник на работниците во јавниот сектор, изненадени сме што предлагачот на Буџетот за 2023 година, Владата преку Министерството за финансии нема предвидено средства за усогласување на платите со порастот на минималната плата, ниту пак средства за ублажување на инфлацискиот шок како што тоа го прават европските држави, оние европски држави каде што нашите работници забрзано се иселуваат поради ваквите лоши владини политики.

Загрижува фактот што Владата има предвидено незначителни средства за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и тоа само за оние категории за кои со порастот на минималната плата идната година, нивните плати ќе останат под неа, а во истиот нема предвидено скоро никакви средства за исплата на надоместици и додатоци на плата утврдени со закон и колективните договори, реагираат од ССМ.

Најголемата синдикална организација додава дека министерот за финансии Фатмир Бесими е „најголем синдикалец“ но само за вработените во неговиот ресор.

Сметаме дека сите пратеници треба да го следат примерот на најголемиот синдикалец помеѓу министрите во Владата, Министерот за финансии, Фатмир Бесими, кој на почетокот беше најголем противник за зголемување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата и против линеарното зголемување на платите за 2806 денари колку што бараа работниците и кој беше една од главните причини за организирање на генерален штрајк во јавниот сектор кој се уште трае во јавниот сектор, за подоцна преку закон, да издејствува, а вие да изгласате зголемување на платата на вработените во министерството за финансии за 30%, чин за поздравување кој сметаме дека треба да го следите при донесување на Буџетот за 2023 година и на тој начин да им излезете во пресрет на вашите гласачи односно на вработените во јавниот сектор полесно да се справат со високата инфлација која во споредба со минатата година изнесува огромни 19.8% според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, а Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ  за преживување на едно четиричлено семејно домакинство изнесува 51.514,00 денари за месец октомври или од истата само за исхрана и пијалоци се потребни 19.421,00 денар кои ниту минималната плата не ги покрива веќе во целост, додаваат од ССМ.

Синдикатот бара предлог амандмани со кои во стравките за плати, додатоци и надоместоци на плати за сите вработени во јавниот сектор за кои се покрива платата од Буџетот, да се зголеми масата на пари за најмалку 15 отсто.

Сметаме дека сите Вие треба да ја следите методологијата на Министерот за финансии, Бесими со која ги зголеми платите на вработените во неговото министерство и на тој начин, особено пратениците од владеачкото мнозинство кои гласаа против амандманите на ССМ и работниците во ребалансот на буџетот и жестоко се противеа да се предвидат средства во истиот за 2806 денари за сите работници во јавниот сектор за усогласување на платите со минималната плата, а што исто така е причина на нивната Влада да и се случува штрајк во јавниот сектор кој трае најдолго во историјата на Државата, а истовремено предизвикаа и сите работници преку ССМ да ја тужат Државата пред домашните и меѓународните судови и институции, се вели во соопштението.

Промовирани огласи »

Не се предвидува од 1 јануари идната година да има значително зголемување на цената на електричната енергија, особено не за домаќинствата и за малите потрошувачи, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Се прават калкулациите за цената на електричната енергија од 1 јануари. Убеден сум дека ќе има намалување за малите потрошувачи и можам да кажам дека тоа е веќе одлучено. Во делот на домаќинствата ќе провериме со блок тарифите во кој од блок тарифите има поголема потреба да се интервенира од страна на Владата – дали тоа ќе биде втората блок тарифа или третата. За четвртата блок тарифа уште од сега можам да кажам дека ќе бидам за дополнително да се зголеми цената со цел тие што  имаат најголема потреба од пониски цени да бидат покриени од тие што нерационално трошат, а со тоа и можат да го сносат тој товар, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Потенцира дека веќе се дизајнирани сите мерки што ќе почнат да се спроведуваат од 1 јануари идната година, кои, како што кажа, главно се насочени кон дополнителна поддршка кон граѓаните и кон компаниите кои се на регулиран пазар како мали потрошувачи. 

Промовирани огласи »

ФОТОГРАФИЈА на која се гледаат двајца од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, како позираат заедно во новата кампања за Луј Витон, го зафати интернетот, но малкумина го забележаа деталот на шаховската табла пред која позираа спортистите.

На фотографијата направена од светски познатата фотографка Ани Лејбовиц, Меси и Роналдо играат шах и размислуваат за потегот што ќе го направат.

https://t.co/P63O6ZFh9m

— PaulXRP | 🇬🇭$$$$XRP 🇨🇮 (@CryptoboyX) November 19, 2022

Само вистинските љубители на шах забележаа дека фигурите на шаховската табла се поставени да го имитираат легендарниот судир во 2017 година помеѓу Магнус Карлсен и Хикару Накамура.

Многумина се убедени дека креаторите на рекламата го избрале токму овој натпревар бидејќи ривалството меѓу Меси и Роналдо неодоливо потсетува на она на Карлсен и Накамура.

Познатата ждрепка

Магнус Карлсен пет пати по ред беше светски шампион, а го нарекуваат Моцарт на шахот и еден од најдобрите шахисти на сите времиња.

Second greatest rivalry of our time mimicking the greatest https://t.co/9ncVVgUnzs

— Magnus Carlsen (@MagnusCarlsen) November 19, 2022

Хикару Накамура, најдобриот шаховски стриминг на денешницата и светски шампион во Фишер-шах, е неговиот најголем ривал и единствениот што го држи врвот на една од официјалните рангирања покрај него.

Положбата на фигурите на шаховската табла пред Роналдо и Меси го покажува ремито на Карлсен и Накамура во 2017 година, односно алудира на тоа дека и Меси и Роналдо на свој начин се најголеми на сите времиња.

Се прашував зошто оваа шаховска позиција ми изгледа позната“, напиша Накамура на Твитер, а Карлсен ја коментираше и фотографијата.

Второто најголемо ривалство на нашето време, рече тој.

Промовирани огласи »

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика синоќа на вечера директорите на група европски компании за да ги разубеди од селење во Соединетите Американски Држави, кои ги мамат со пониски цени на енергијата и даночни поттикнувања. Европските политички лидери ги вознемирија мерките кои ги усвои кабинетот на американскиот претседател Џо Бајден нудејќи, меѓу другото, даночни олеснувања за производите од домашните фабрики.

Индустријата во Европската Унија ги предупреди САД дека со тие мерки станува поконкурентно одредиште за инвестиции од Европа. Европа мора поагресивно да ја штити својата индустрија или таа ќе се отсели, порача за време на викендот Ерик Трапие, извршниот директор на Десо авијасион и шеф на Француската федерација на металската индустрија.

Имаме тешкотии со компаниите кои почнуваат да размислуваат за селидба на производството во странство и за идни инвестиции надвор од Европа, кажа за Ројтерс неименуван француски функционер, наведувајќи ги како причина високите трошоци за енергија и американските закони.

На вечерата во Елисејската палата францускиот претседател ќе се обиде да ги убеди лидерите на компаниите, вклучувајќи ги хемиските групи Солвеј и Ер ликвид, автокомпаниите Волво и БМВ, фармацевтскиот џин Астразенека и телекомуникациските групи Ериксон и Оранж, да останат во Европа.

Макрон сака тие да вложуваат во Франција. Не се знае со што францускиот претседател може да ги убеди компаниите да се откажат од селење во САД, но Франција минатиот викенд претстави бројни мерки со кои на домашните компании ќе им го ублажи товарот на високите сметки за струја.

Европските компании се сè погласни во критиката на остриот раст на цените на енергијата поради европските санкции против Русија.

Макрон ја повика Европската Унија да го следи примерот на САД и да ги повика државните тела да купуваат европски производи за да се поддржи европското производство, но наиде на отпор на противниците на протекционизмот меѓу членките на ЕУ, истакнува Ројтерс.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »