Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално вработува на следниве работни позиции:

SME ACCOUNT MANAGER
SAP DEVELOPMENT QUALITY ASSURANCE EXPERT
NSOC SPECIALIST
FIELD SALES AGENT
TELESALES AGENT

 

Доколку сеуште го немате пронајдено вашето идеално работно место, сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Започнувајќи со само неколку проекти, денес Scalefocus е меѓу водечките регионални ИТ компании, со над 500 успешни проекти за клиенти од три континенти и со канцеларии во Бугарија, Македонија и Турција.

Еден од најуспешните проекти во портфолиото на Scalefocus е проект за дигиталната трансформација на група од процеси во една од најголемите американски технолошки компании. На овој проект работи тим од 24 члена, кој е поделен на две екипи. Првиот дел од тимот функционира како елитен ИТ тим за брз одговор, решава сложени технички проблеми, го поправа кодот, обезбедува техничка анализа и консултации, но се занимава и со изработка на Proof of Concept за различни технолошки иновации и промени. Тимот се состои од 8 луѓе кои се специјалисти за Front-end, DevOps и Golang.

Токму заради експертизата на Scalefocus во Golang, клиентот  побара проширување на тимот за успешно да ги оптимизира своите внатрешни трошоци и ресурси. Така, во Scalefocus се создаде тим со високи компетенции кој брзо и лесно се прилагодува на промените и со кој лесно се комуницира. Како следен чекор, Scalefocus на клиентот му понуди и адаптиран модел на работа, според кој Scalefocus како компанија ги менаџира сопствените тимови, а проектот се води според SAFe методологијата, со која тимовите секако беа запознаени.

Вториот дел од тимот работи на персонализирано решение за трансформација на процесите и системите на компанијата поврзани со B2B продажбата преку дигиталните канали.

Како резултат на оваа трансформација, се забележа значително зголемена брзина, но и подобар квалитет во работата. При имплементација на оваа трансформација, во тимовите се користат следните технологии и алатки: Golang, Elastic Search, GraphQL, React, AWS, AppMesh и Terraform.

Голем предизвик за тимовите на Scalefocus во овој проект е огромната, глобална структура на клиентот, со комплексни процеси кои тешко се иновираат. Во исто време, пак,  тимовите се многу флексибилни, отворени и се повеќе стартап-ориентирани. Задачата на ваквата дигитална трансформација е консолидирање овие два аспекти – од една страна луѓето кои се флексибилни и сакаат да постигнат резултати за кратко време и од друга страна, огромната структура со комплексни процеси кои тешко се менуваат. Благодарение на посветеноста на тимовите на Scalefocus, резултатите се постојано видливи за клиентот, кој пак ги цени сите вложени напори, искуство и знаење.

Повеќе за Scalefocus и моментално достапните позиции може да најдете овде.

Промовирани огласи »

Настанот „Жени Претприемачки“ и Избор на „Жена на годината“ за 2022 г ќе се оддржи на 14.12.2022 г. во Музеј на Македонската борба - Скопје. Билетите за настанот со цена од 3.000 денари (1+1 гратис) ќе може да се купат најкасно до 10.12.2022 г.

Како и секоја година KARIERA.mk е учесник и поддржувач на настанот.

Повеќе детали за настанот ТУКА

Промовирани огласи »

Нов удар по џебот на граѓаните, поскапите цени на услугите од Катастар се за да се покрие недомаќинското раководење. Фалична е власта на Ковачевски затоа што е одлепена од реалноста, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. 

Од опозицискта партија велат дека дека во услови на тешка економска криза и сиромаштија власта ги оптоварува граѓаните и субјектите со повисоки цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности.

Со новиот тарифник на катастарот, за кој дала согласност владата на Ковачевски, цените на услугите се поскапени за 100, 200 па дури и 500%. Ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари; -ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари; -ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека: 

Ова е удар по граѓаните, за да се покрие недомаќинското работење на Агенцијата за катастар. Дали со поскапи услуги ќе се спасува Катастар од банкрот, институција која изминатите 5 години потроши 50 милиони евра од Буџетот и 10 милиони евра донации? Каде отидоа овие пари кога нема ниту реформи, ниту подобар систем? Власта на СДС и Ковачевски се шампиони во упропастување на државни компании, агенции и институции и нивно претворање во загубари. Нивното недомаќинско и криминогено работење потоа граѓаните скапо го плаќаат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »