Започнувајќи со само неколку проекти, денес Scalefocus е меѓу водечките регионални ИТ компании, со над 500 успешни проекти за клиенти од три континенти и со канцеларии во Бугарија, Македонија и Турција.
Еден од најуспешните проекти во портфолиото на Scalefocus е проект за дигиталната трансформација на група од процеси во една од најголемите американски технолошки компании. На овој проект работи тим од 24 члена, кој е поделен на две екипи. Првиот дел од тимот функционира како елитен ИТ тим за брз одговор, решава сложени технички проблеми, го поправа кодот, обезбедува техничка анализа и консултации, но се занимава и со изработка на Proof of Concept за различни технолошки иновации и промени. Тимот се состои од 8 луѓе кои се специјалисти за Front-end, DevOps и Golang.
Токму заради експертизата на Scalefocus во Golang, клиентот побара проширување на тимот за успешно да ги оптимизира своите внатрешни трошоци и ресурси. Така, во Scalefocus се создаде тим со високи компетенции кој брзо и лесно се прилагодува на промените и со кој лесно се комуницира. Како следен чекор, Scalefocus на клиентот му понуди и адаптиран модел на работа, според кој Scalefocus како компанија ги менаџира сопствените тимови, а проектот се води според SAFe методологијата, со која тимовите секако беа запознаени.
Вториот дел од тимот работи на персонализирано решение за трансформација на процесите и системите на компанијата поврзани со B2B продажбата преку дигиталните канали.
Како резултат на оваа трансформација, се забележа значително зголемена брзина, но и подобар квалитет во работата. При имплементација на оваа трансформација, во тимовите се користат следните технологии и алатки: Golang, Elastic Search, GraphQL, React, AWS, AppMesh и Terraform.
Голем предизвик за тимовите на Scalefocus во овој проект е огромната, глобална структура на клиентот, со комплексни процеси кои тешко се иновираат. Во исто време, пак, тимовите се многу флексибилни, отворени и се повеќе стартап-ориентирани. Задачата на ваквата дигитална трансформација е консолидирање овие два аспекти – од една страна луѓето кои се флексибилни и сакаат да постигнат резултати за кратко време и од друга страна, огромната структура со комплексни процеси кои тешко се менуваат. Благодарение на посветеноста на тимовите на Scalefocus, резултатите се постојано видливи за клиентот, кој пак ги цени сите вложени напори, искуство и знаење.
Повеќе за Scalefocus и моментално достапните позиции може да најдете овде.