Промовирани огласи »

Добрите лидери не само што ја насочуваат работата на своите вработени - тие исто така ги инспирираат. Тие им дават мотивација на  сите околу нив да го достигнат својот максимум. Исто така поттикнуваат за  поголем ангажман и му помагаат на тимот да работи преку предизвикувачки околности. Се разбира, еден од најголемите предизвици за лидерите е да го најдат вистинскиот баланс за да ги добијат најдобрите резултати од нивниот тим, без да стане наметлив или непријатен. Според многу истражувања овие совети  се покажале како ветувачки.

Исполнете ги основните потреби на вработените.

Едно истражување покажало дека луѓето имаат три основни потреби на работното место и тоа да се чувствуваат безбедно, да имаат чувство на припадност и да чувствуваат дека се од важност. Овие потреби се очигледно важни во нечие секојдневие, но тие можат да бидат исто толку важни и на работниот простор. Кога овие потреби се задоволени, вработените стануваат повеќе ангажирани.

Направете заеднички работен простор.

Најинспиративните лидери едноставно не диктираат што треба да се направи. Тие не го гледаат нивниот зборт како последен за било која  тема. Тие знаат дека нивните вработени можеби имаат подобри идеи и се доволно разумни за да ги прифатат истите. Не треба да ви изгледа чудно што зголемениот ентузијазам и продуктивноста доаѓаат од поколаборативната работна средина.

Развијте ја вашата „центрираност“.

Постојат многу фактори кои можат да помогнат да се постане инспиративен лидер. Всушност, едно истражување од 2017 идентификуваше неколку фактори кои покриваат категории како што се развој на внатрешни ресурси, поврзување со други, водење на тимот и поставување на ритамот на работното место. Меѓутоа, од сите можни фактори е заклучено дека „центрираноста“, состојбата на внимателност и да се биде присутен во сите аспетки е најважна.

Со создавање на подобра работна средина за вашите вработени, користењето на сопствените сили и поткрепување на сите слабости што ги имате, ќе бидете на добар пат да станете вистински инспиративен лидер.

Промовирани огласи »

Списоците на корисници на финансиска поддршка се објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека во согласност со Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.

Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не се во списокот, а сметаат дека ги исполнуваат условите можат да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка која ја формира министерката за труд и социјална политика, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка. Комисијата, по поднесените приговори одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот. Притоа, Комисијата за одобрените приговори доставува известување до подносителот и до институциите, а за одбиените приговори до подносителот. Рокот за приговор е 3 дена, сметано од 06.12.2022 година, заклучно со 09.12.2022 година, велат од МТСП. 

Министерството за труд и социјална политика информира и дека, исплатата на финанасиската поддршка, согласно овој закон, за корисниците на правата од социјалната и детската заштита ќе биде на 12.12.2022 година,  а за корисниците на паричен надоместок по основ на невработеност, исплатата ќе биде на 14.12.2022 година. На корисниците на пензија и корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување финансиската поддршка за месец декември е исплатена со исплатата на ноемвриската пензија.

Со цел подобра информираност на граѓаните, Министерството за труд и социјална политика потенцира дека исплатата на средствата кои се дел од финансиската поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза се исплаќаат одвоено од редовната месечна исплата на средствата кои произлегуваат од правата од социјална и детска заштита, додаваат од МТСП. 

Министерството информира и дека списоците се објавуваат согласно член 17, член 18, и член 19 од Законот за заштита на лични податоци, а во врска со член 5 од Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.

Линк до веб :http://bitly.ws/xuIM

Промовирани огласи »

Не треба да носиме проблематични решенија, вели директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. 

Таа вечерва во Топ тема на Телма изјави дека прогресивното оданочување ќе биде воведено, но тоа не треба да биде избрзано решение. Лукаревска рече дека кога ги направиле првите анализи, увиделе дека ефектот од таквиот модел, со две прогресии кој требаше да биде воведен, не би бил позитивен. Не се согласува со критиките во јавноста дека најавуваната даночна реформа се сведе само на козметички промени.

ВМРО-ДПМНЕ ги критикуваа мерките и рекоа дека власта се откажала од своите даночни авантури. 

Дел од експертите, особено оние со пролевичарска ориентација, критикуваат, додека бизнисот, како и очекувано, ја поздравува владината одлука.

Промовирани огласи »

Рамсторе Македонија е ланец од 29 маркети и еден онлајн маркет „Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамсторе има изразена сензибилност за потребите на своите вработени, компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој. Благодарение на тој непосреден пристап, веќе 17 години создава успешни кариерни приказни каде што има за цел да не е само компанија, туку и многу повеќе од тоа - семејство на своите вработени. Рамсторе семејството непречено расте и се развива, постојано се збогатува со нови маркети, нови вработени, но и новитети. Доколку сакате да бидете дел од динамична компанија, која ги цени своите вработени и е свесна дека успехот е можен само со вистинскиот тим, аплицирајте на огласите.

Моментално се отворени слдниве работни позиции:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – СКОПЈЕ
ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ – СКОПЈЕ
ПРОДАВАЧИ ВО РИБАРА
ПРОДАВАЧИ НА ДЕЛИКАТЕС, МЕСО И ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ СТРУМИЦА

Доколку сте сеуште во потрага по идеалната работна позиција, сите останати работни места можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »