Промовирани огласи »

Новиот извештај на Gallup Global Emotions за 2021 покажува дека Турците и Македонците имаат најголем број на граѓани кои лувствуваат гнев секојдневно. Истражувањето се врши според исказ на доживеан гнев непосредно пред самото анкетирање.

На прво место се убедливо Турците. Од нив 48 отсто денеска би доживеале гнев. Македонците се на второ место со 26 отсто, а зад нив се Малтежаните и Полјаците со 24 проценти.

Годишниот извештај за емоции на Галуп ги мери позитивните и негативните искуства на луѓето ширум светот, давајќи им на политичарите увид во емоционалното здравје на нивните општества, што традиционалните економски показатели не го опфаќаат.

Во 2021 година, луѓето ширум светот се чувствувале позагрижени, под стрес и потажни отколку кога било во изминатите 16 години. 

Промовирани огласи »

Ако размислувате да го промовирате вашиот бизнис или да комуницирате со вашите клиенти, тогаш ви треба стратегија за односи со јавноста. Стратегијата за односи со јавноста ќе ви помогне да ја насочите вашата комуникација кон вистинската публика и вистинските публикации во вистинско време. Еве неколку причини зошто ви е потребна ПР стратегија.

Најдете ја вашата целна публика:

Кога креирате ПР стратегија, размислете за целната публика која сакате да ја добие вашата порака. Ова е важен чекор за да се осигурате дека вашата порака ќе има најголемо влијание. Без да ја пронајдете вашата целна публика, вашата порака нема да биде примена од вистинските луѓе и вашите ПР активности нема да бидат многу успешни.

Најдете ги вашите клучни пораки:

Еден од првите чекори за креирање ПР стратегија е да ги креирате вашите клучни пораки. Клучните пораки се основните точки што сакате вашата целна публика да ги слушне и разбере преку вашите ПР активности.

Фокусирајте се на вистинските медиуми:

Откако ќе ја одредите вашата целна публика и вашите клучни пораки, сега можете да размислите за тоа со кои публикации и новинари треба да контактирате. Најдобрите публикации се оние што ги чита вашата целна публика. 

Одредете ја вашата цел:

Важно е секогаш да имате цел за вашите ПР активности. Со одредување на вашата цел ќе имате јасна цел за вашата ПР стратегија и ќе го максимизирате успехот на вашите ПР активности. На пример, вашата цел може да биде да постигнете зголемување од 25 проценти во продажбата за производот X за три месеци.

Подобра комуникација:

Кога имате ПР стратегија ќе биде полесно да ги пренесете вашите цели и активности. На пример, можете да му кажете на вашиот клиент што точно ќе правите за него и кога.

Промовирани огласи »

Рафајловски Консалтинг информира дека во собраниска процедура влегоа долго најавуваните измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на личен доход и Законот за данокот на добивка. Во објава на Фејсбук наведува:

1. Измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност се во насока на:

  • Оданочување на одредени производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана со повластена даночна стапка од 10 проценти;
  • Намалување на стапката за прометот со менструални производи;
  • Намалување на даночната стапка за дигиталните учебници;
  • Доуредување на одредбите коишто го дефинираат местото на прометот на услуги;
  • Воведување на терминот даночен застапник;
  • Уредување на даночниот третман на прометот преку вредносни ваучери.

2. Измените и дополнувањата на Законот за данокот добивка се во насока на:

  • Утврдување третман на непризнат расход на целиот износ на трошоците по основ на уплатени премии за осигурување на живот на вработените;
  • Укинување на правото на намалување на пресметаниот данок за износот на донираните средства на спортски субјекти;
  • Укинување на обврската за задолжително поднесување на извештаите за трансферни цени, односно пропишување обврска за нивно доставување само по барање на Управата за јавни приходи;
  • Укинување на постојното ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со остварен вкупен приход во годината до 3.000.000 денари.

3. Измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход се во насока на:

  • Отпочнување со оданочување на капиталните добивки остварени од продажба хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд;
  • Промена на концептот на оданочувањето на капиталните добивки;
  • Одложување на оданочувањето на каматите од орочени депозити;
  • Укинување на прогресивното оданочување и оданочување на остварениот доход со единствена стапка од 10% и 15% за доход од игри на среќа, и др.

Промовирани огласи »

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп. Мисијата на Офис Плус е да ги задоволи сите потреби за деловно работење на клиентите, лесно и навремено. Визијата на Офис Плус е да стане препознатлив знак за квалитет на целата територија на РМ преку успешно поставување на комплетна продажна мрежа во целата држава.

Моментално се активни следниве работни позиции:

ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ – КАВАДАРЦИ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ ВЕРО ЏАМБО
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ EAST GATE
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СИТИ МОЛ 

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »