Промовирани огласи »

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп. Мисијата на Офис Плус е да ги задоволи сите потреби за деловно работење на клиентите, лесно и навремено. Визијата на Офис Плус е да стане препознатлив знак за квалитет на целата територија на РМ преку успешно поставување на комплетна продажна мрежа во целата држава.

Моментално се активни следниве работни позиции:

ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ – КАВАДАРЦИ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ ВЕРО ЏАМБО
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ EAST GATE
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СИТИ МОЛ 

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Дизелот и бензините од полноќ ќе се продаваат по уште пониски цени, објави Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комсиија за енергетика.

Цената на дизелот се намалува за 1,5 денари, а поевтинувањето на Еуросупер 98 и Еуросупер 95 ќе биде за 1,5, односно за 1 денар. Со новите цени дизелот треба да биде 78 денари, а бензините 78 и 76,5 денари од утре.

Цената на дизелот и другите горива во малопродажба е намалена за речиси 30 отсто во последните неколку недели.  Дизелот, кој се користи во транспортот и има големо влијание при формирање на цените во малопродажба, во јуни беше 110 денари, а денеска е 79,5 денари.

Промовирани огласи »

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комсија за енергетика, на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање рече дека структурата на четирите тарифни блока за потрошувачка на електричната енергија нема да се менува од 1 јануари затоа што истата дала резултати.

Првиот човек на регулаторното тело наведе дека од 1 јули, откако е воведен новиот тарифен модел, потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата е намалена за 16 отсто.

Резултатите кои што ги имаме од јули до октомври се добри, имаат преку 16 проценти намалување на потрошувачката . Сепак тоа се месеци на кои немаше потреба од вклучување на климатизери, бидејќи беше поладно. Не се најреферентни месеци. Ќе видиме како вистинската цена на блоковите ќе влијае на потрошувачката, некаде од ноември па до февруари, рече Бислимовски.

Промовирани огласи »

Доларот зајакна во однос на кошничката валути, а ослабе во однос на еврото.

Американската валута ослабе за 0,1 отсто во однос на европската валута, а вредноста на еврото достигна 1,0545 долари. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 1,7 отсто, на 136,55 јени. Јенот значително ослабна затоа што јапонската централна банка е меѓу ретките во светот што одржува приспособлива монетарна политика за поддршка на економскиот раст. 

Неколку дена веќе вредноста на доларот се намалува во однос на еврото.

foto freepik.com

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »