Промовирани огласи »

Овен

Љубов: Оваа година Овенот може да потроши многу енергија на приватниот и семејниот живот кој ќе биде исполнет со разни настани, но можна е и зголемена нервоза во односите со партнерот, која може да доведе до расправии. Нема да имаат многу среќа во љубовта слободните припадници на знакот оваа година.

Работа: Поминувате низ многу значаен период во кој треба да бидете исклучително сериозни и многу одговорни. Запрашајте се колку сте подготвени сега, бидејќи можеби нема да можете да го направите тоа подоцна. Затоа, внимателно разгледајте ги вашите моментални опции и дали сите околности се во ваша корист.

Здравје: Намалете го деловниот и емоционалниот притисок со редовно одење на прошетка или запишување на курс за танц или креативен курс.

Совет: Грижете се за себе, а не за другите.

Бик

Љубов: Биковите оваа година можат да имаат успех во новите љубовни врски, но некои се таинствени и не сакаат да ги откриваат своите планови. Оние припадници на знакот кои се во свежи врски ќе го подобрат односот со саканата личност. Зафатените во сериозни врски, ќе имаат помала тензија, па понекогаш се можни и несогласувања.

Работа: Ситуациите не се одвиваат баш како што би сакале, што не значи дека треба целосно да се повлечете во себе. Бидете ентузијасти, но не и еуфорични, за да избегнете разочарување. Не откривајте ги вашите идеи на други луѓе. Сепак, ова е добар период во кој би можеле да уживате и да се ослободите од непотребните мисли.

Здравје: Ослободете се од непотребните обврски и не претерувајте во храната. Спијте најмалку осум часа за да не ви настрада здравјето.

Совет: Занемарете по некоја фрустрација.

Близнаци

Љубов: Љубовта нема да биде во преден план за Близнаците оваа година, освен ако не се во некоја тајна љубовна комбинација, или пак би можеле да започнат таква врска периодов. Зафатените, со партнерот поминуваат низ период на стагнација. Партнерот чувствува дека сте се оддалечиле од него, а вие мислите дека е премногу посесивен.

Работа: Овој период ќе биде доста тежок за Близнаците, иако не и негативен. Многумина од вас градат голем дел од својата иднина токму сега. Бидејќи сте свесни за ова, вашето чувство за одговорност е многу посилно од вообичаено, а тоа може малку да ве исплаши. Само обидете се да ја избегнете оваа ситуација и сè ќе биде во ред.

Здравје: Се чувствувате добро. Променете ја вашата дневна рутина и приспособете ја на новите обврски.

Совет: Спијте повеќе и одморете се.

Рак

Љубов: Не можете да се пофалите со посебно задоволство на љубовен план. Внимавајте да изградите добра комуникација со партнерот, само така ќе биде можно да постигнете некој важен договор во врската. Слободните Ракови стануваат поактивни кога станува збор за дружење и нови контакти.

Работа: Полни сте со позитивна енергија, но ќе имате тенденција да се дистанцирате, што можеби и не е толку лошо со оглед на тоа што околината не ви е многу поволна. Не одете во крајности. Успесите ќе ги постигнете само ако го најдете својот мир, кој ви е од примарно значење. Премногу сте рационални.

Здравје: Не пијте премногу алкохол и внимавајте на настинките. Контролирајте ја секојдневната напнатост преку физичка активност и тренинг.

Совет: Од време на време треба да застанете и да се опуштите.

Лав

Љубов: Ова е периодот кога повеќето Лавови ќе имаат потреба од силни и длабоки емоции, а тешко дека ќе имаат сила да ги манифестираат. Можно е мало незадоволство кога е партнерот во прашање. За слободните Лавови оваа година ќе биде помирна што се однесува до љубовта.

Работа: Иако некои од признанијата што ги чекавте се тука, сепак сте под голем притисок. Чувствувате дека дури сега треба да се докажувате и да го оправдате својот статус. Чувствата не ве залажуваат. Затоа вложете го максимумот од вашите способности, кои во моментов се речиси неограничени.

Здравје: Не прескокнувајте тренинзи, исклучително е важно да воспоставите рутина до која ќе се придржувате.

Совет: Анализирајте се и себеси.

Девица

Љубов: Најмногу ве загрижува она во што сте вложиле најмногу, односно врската во која сте. Ако сте долго време во врска или брак, ќе се обидете да се изборите за вашата автономија, што и да значи тоа за вас. Љубовниот живот доаѓа до израз за слободните Девици оваа недела и сакаат да ја запознаат вистинската личност.

Работа: Во фокусот е вашата креативност, што ќе се манифестира со вашиот голем ангажман на работа. Повеќето деловни разговори треба да се прават приватно, дури и ако не се грижите што ќе кажат другите за вас. Се чувствувате одлично и ќе бидете во добар однос со колегите на работа.

Здравје: Грижете се за стомакот. Јадете полесна храна. Можни проблеми со хормоните, посветете повеќе внимание на вашето здравје, на кое многу ви влијае стресот.

Совет: Не претерувајте со храната и алкохолот.

Вага

Љубов: Вагите оваа година нема да имаат турбулентни настани на емотивен план, за многумина ова ќе биде помирен период во кој, особено зафатените, ќе можат да го стабилизираат односот со партнерот. Слободните припадници на знакот нема да имаат особена среќа во љубовта, а оние на кои веќе некој им се допаѓа би можеле да започнат нова врска.

Работа: Во овој период обидете се да се изборите за својот статус на работа, дури и ако сте многу млади. Држете сè под контрола за да не пропуштите нешто многу важно. Вашите пари доаѓаат и си одат набрзина, лесно ги трошите на подароци за оние што ги сакате, но мора да мислите малку повеќе на вашето банковно салдо и иднината.

Здравје: Имате премногу стрес и напнатост во вашиот живот, затоа дадете му на вашето тело доволно време да се опушти и одмори.

Совет: Ќе се чувствувате како да можете да придвижите планини.

Скорпија

Љубов: На оние во врска љубовта не им оди најдобро. Она за што сонувате и моменталната реална ситуација во овој момент се во целосна дисхармонија. Овој момент во вашиот живот трае толку долго, размислете зошто. Слободните Скорпии оваа година можат да ја доживеат најголемата радост во пријателско друштво.

Работа: Без разлика што по долг тежок период работите тргнаа во позитивна насока, не може да се каже дека вашата ситуација е стабилна кога е во прашање работата. Затоа внимавајте што правите. Лесно може да се случи непромислено да ги свртите сите во вашето опкружување против себе.

Здравје: Присутно е чувството на малаксаност, не дозволувајте претерано да се заморувате. Прескокнете го тренингот оваа недела.

Совет: Прво размислете и осмислете, а потоа презентирајте.

Стрелец

Љубов: Стрелците оваа година може да почувствуваат поголема тензија во врската, а односот со партнерот понекогаш може да се искомплицира. Не можете да се пофалите со позитивни односи на овој план. Слободните припадници на знакот може да имаат нови контакти, но тие нема да успеат да прераснат во нешто повеќе.

Работа: Непредвидливи сте. Се трудите да избегнете сè што може да се избегне, а потоа одите некаде каде што сите ви угодуваат. Најдете некое поразумно објаснување отколку дека сте преморени. Ви се заканува сиромаштија затоа што не сте штеделе цела година, некако не ве бидува за тоа, многу сте дарежливи.

Здравје: Намалете ги слатките. Започнете со обука. Избегнувајте патувања и не седнувајте зад воланот кога сте уморни.

Совет: Поканете пријатели на домашна забава.

Јарец

Љубов: Зафатените припадници на знакот можеби ќе сакаат да доминираат во нивната врска, па можни се несогласувања со партнерот. Слободните Јарци се подобри оваа година, голема доза на оптимизам ќе биде пренесена во нивниот љубовен живот, па многумина може да очекуваат бурни настани, нови познанства и љубов.

Работа: Јарците влегуваат во фаза во која речиси ништо не зависи од нив. Сè уште работите напорно, а резултатите, барем ви се чини, сè уште се многу далеку. За среќа, она што ве карактеризира пред сè се трпението и дисциплината. Овие доблести ви се многу неопходни во моментов.

Здравје: Спремни сте на работа и се трудите да извршувате што повеќе задачи додека имате енергија за да си дозволите целосно да се опуштите за празниците.

Совет: Применувајте го правилото на златна средина.

Водолија

Љубов: Водолиите оваа година ќе бидат во помирна љубовна фаза, врската ќе биде стабилна, а во односот со партнерот ќе има повеќе разбирање. Слободните припадници на знакот ќе бидат оптимисти, можно е драстично да се зголеми бројот на нови познанства, можни се контакти со луѓе од странство, како и нови љубовни врски.

Работа: Субјективното искуство на ситуацијата во која се наоѓате и реалноста, речиси не се во контакт. Што ве прави уморни и презаситени, сега кога успешно го завршивте она што ви беше најважно да го направите. Анализирајте го општо животот и ако можете одете на одмор. Имајте на ум различни идеи за дополнителни приходи.

Здравје: Се чувствувате добро. Погрижете се да одите на патување во планините за целосно да се опуштите и да дишете чист воздух.

Совет: Немојте да заборавите да се опуштите.

Риба

Љубов: Рибите оваа година се зафатени со љубовната врска, до тој степен што ќе му се предадат на партнерот, кој ќе доминира во овој период, што понекогаш може да доведе до несогласувања. Слободните ќе имаат шанса да запознаат личност која многу ќе им се допадне, а на повидок се нови љубовни врски.

Работа: Ќе бидете толку зафатени што е тешко да се замисли ситуација во која би имале време за нешто друго. Како и да е, ова ви одговара сега. Всушност, вашата работа моментално е исклучително добар излез за целата акумулирана негативна енергија што треба да ја извадите од себе.

Здравје: Одморете се пред да ве чекаат нови обврски и работа. Можни главоболки и болки во грбот, кои не треба да ги игнорирате, туку разговарајте со вашиот лекар.

Совет: Дозволете му на вашиот внатрешен глас да ве води.

Промовирани огласи »

Webhelp е глобална outsourcing компанија, која врши корисничка поддршка, за едни од најголемите светски компании во светот. Моментално го прошируваме својот тим, доколку сте заинтересирани аплицирајте и станете дел од нашиот тим професионалци.

Отворени се следниве работни позиции:

TEAM LEADER
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА

Промовирани огласи »

EMAPTA OUTSORCING е основана врз премисата дека талентот што го обезбедуваат за нивните клиенти треба, пред сè, да се чувствува како беспрекорно продолжување на нивните тековни операции. Како такви, тие работат во тесно партнерство со нивните клиенти за секогаш да ги имаат во предвид културата и брендот во првите редови на кадровските решенија. 

EMAPTA обезбедува тим со високи перформанси кој е совршено усогласен со визијата на клиентите, мисијата и културата. Тимот е во посебни приватни канцеларии кои се прилагодени на барањата на клиентите.

Македонските канцеларии се занимаваат со испорака на услуги за над 600 интернационални клиенти, каде вработените соработуваат директно со клиентот, а EMAPTA им обезбедува ИТ  подршка 24/7, канцелариска локација, HR и најновите и најефикасните програми за обука и развој. Филип ги поканува сите да се запознаат со уникатната македонска култура и секако да го откријат потенцијалот во високо-образованиот македонски кадар.

Промовирани огласи »

Не секој може да ја избере најдобрата работна понуда. Затоа, доколку имате повеќе понуди за разгледување бидете смирени и насмејте се. Тоа значи дека сте барани и дека вашето искуство е потребно. Најдобар начин да ја изберете најдобрата понуда за работа е прво да ги видете вашите приоритети и да одлучите што точно барате, дали голема плата, добар углед на компанијата или луѓето со кои ќе работите.

За да ви бидат полесни работите, еве неколку совети кои можат да ви помогнат да го изберете најдоброто меѓу многуте понуди за работа:

Дознајте повеќе за компанијата

Сигурно веќе  сте истражувањувале за компанијата пред да присуствувате на интервјуто. Прочитајте повеќе за компанијата. Во денешно време повеќето од фирмите имаат свои веб-страници кои имаат детални информации за нивното минато, сегашност и иднина. Разгледајте ги различните аспекти на компанијата и ако имате конкретни прашања за компанијата, обидете се да ги најдете.

Разгледајте добро како изгледа канцеларијата

Сигурно канцеларијата ви оставила некој впечаток кога прв пат отидовте таму на интервју.  Дали имаше доволно дисциплина и дали чувствувавте дека луѓето таму работат страсно и ентузијастички? Затворете ги очите и замислете дека работите во таа канцеларија. Ако ви се допаѓа она што го визуелизирате, тогаш можеби тоа е работата за вас.

Споредете ги поволностите и платите

Компаниите функционират поинаку кога станува збор за платата и другите поволности. Проучете ја внимателно понудата и видете какви поволности и придобивки ги нуди секоја компанија. Погледнете ги сите дополнителни бенефиции што можеби ги даваат. Ваквата споредба е корисна при изборот на најдобрата понуда за работа.

Балансот помеѓу работата и приватниот животот

Најважниот аспект на една компанија е балансот помеѓу работата и приватниот животот што го нуди. Работа која е стресна и не ви дозволува да посветувате време на семејството и најблиските не вреди да ја прифатете дури и ако ќе заработувате повеќе. Можеби ќе сакате да прифатете таква работа поради платата, но со текот на времето ќе се чувствувате стресно што можеби ќе после тоа ќе размислувате за отказ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »