Промовирани огласи »

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, годишниот одмор ќе го користи од 3 до 6 август, и со своето семејството ќе престојува во Охрид. Доколку дозволуваат работните обврски, ќе искористи и дел од викендите во текот на август, соопштија од кабинетот на премиерот.

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска, ќе искористи пет дена за одмор со семејството кој ќе го помине во Грција.

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, за одмор ќе ги користи само викендите во август, без одредена дестинација. 

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, нема да користи класичен одмор, но доколку дозволат работните обврски, ќе искористи неколку викенди, најверојатно во Албанија.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, неколку дена со семејството ќе престојува во Грција, а министерот задолжен за комуникации транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, нема да користи официјален одмор, но ќе ги искористи викендите од август за да помине денови со семејството на локации во Македонија и Грција. Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе летува во Бугарија. Министерот за земјоделство, шумарство и  водостопанство Љупчо Николовски, својот одмор ќе го искористи во август, а локацијата се уште ја нема утврдено.

Во Грција на неколку денови одмор со семејството ќе отпатува министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, а во соседна Албанија и во Струга ќе одмора министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми ќе искористи четири дена за одмор во Грција, а планира еден викенд да одвои и за Опен Фестивалот во Струмица. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, одморот со времетрање од пет дена ќе го искористи во текот на август, а локацијата се уште ја нема утврдено.Пет дена ќе искористи и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, на локација близу Солун во Грција.Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе искористи денови во текот на август, но сè уште неодлучил на која локација.

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Рамиз Мерко ќе помине неколку денови со семејството во родната Струга. Министерката без ресор за странски инвестиции Зорица Апостолска ќе ја искористи последната недела од август да оди на одмор со семејството и ќе ги посети фамилијарните куќи во Отешево и Лазарополе.

Два продолжени викенди во текот на август ќе искористи министерот без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ. Одмор нема да користи министерот без ресор задолжен за подобрување на состојбата на Ромите, Самка Ибраимовски.

Испланиран одмор, досега немаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, министерката за образование и наука Рената Тренеска Десковска, министерот за правда Билен Саљији и заменикот на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика.Одмор нема да користи министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил.

Промовирани огласи »

Град во Нов Зеланд бара работници, а за потенцијалните има и слободни куќи, но од градската управа демантираат дека ќе се плаќа на луѓето да се преселат.

Каитангата е место на југот на Нов Зеланд, со вкупно 800 жители и повеќе од 1.000 празни слободни места за различни профили, а највеќе во земјоделството.

Според зборовите на градоначалникот Брајан Кадоген во прашање места кои се добро платени на различни позиции.

„Кружат приказни низ светските медиуми дека ќе им плаќаме на луѓето 230.000 новозеландски долари да се доселат во Каитангату и за тоа да го контактираат градоначалникот. Меѓутоа тоа е апсолутна невистина“, објавено е на сајтот на Каитангата.

Овој град сепак има за цел да ги потполни испразнетите работи места и сите потенцијални нововработени ќе ги пречека со раширени раце, според податоците од 2014 година, просечната плата во Нов Зеланд изнесува 2.800 евра.

Промовирани огласи »

Твојот шеф ти дава впечаток дека e само така фрлен на неговото работно место и дека воопшто не е способен за функцијата која ја држи. 

Твојот шеф е можеби обичен вработен во компанијата а потоа бил унапреден да биде "шеф" без соодветните квалитети или пак твојот шеф е совршен.

КАРИЕРА.мк издвојува неколку типови на шефови и како да се справите со нив:

1. Шеф со комплекс на супериорност

Тој сака да вика и константно бара можности да вика на другите. Овој тип на шеф верува дека само тој е во право и никој друг. Секогаш се утешува со тоа дека викал на вработениот или пак дал замерка на некој за да избегне ГОЛЕМ проблем - кој во реалноста не ни постои. 

Како да се справите?

Никогаш не давајте впечаток дека ви е доста од неговите глупости. Колку повеќе ги прифаќате неговите вербални удари, толку тој повеќе верува дека е во право и си го храни егото а во неговите очи вие сте супер вработен.

Со тоа, ќе останете на неговата добра страна. Но, ако се обидете да покажете дека сте попаметни од него со тоа што ќе се спротивставувате или ќе се расправате, верувајте само ќе се разболете од нервози а на крајот повторно тој ќе биде во право.

2. Шефот на моќга

Тој се гордее со мавтањето со својата моќ и авторитет, не само во канцеларија, туку понекогаш и дома. Шефот на моќта, кој раководи со сили, сака да носи маска на шеф, и верува дека шефовите се највисоко ценети професионалци во светот.

Тој е отворено посесивен и секогаш сака да даде впечаток дека целосно ја контролира ситуацијата, дури и кога во реалноста тој не е главниот човек.

Тој е несигурен, и премногу преокупиран со обидот секогаш да има работи под негова контрола. 

Како да се справите?

Овој тип на шеф дава значење за дисциплина, а не на перформансите. Неговото мото е дека дисциплината носи успех.
Покажете му дека го почитувате, и ќе се почувствува дека тој е поголем шеф а вие ќе можете да си ги вршите вашите обврски непречено.

3. Застрашувачки шеф

Застрашувачкиот шеф е агресивен по природа, и се обидува да ги изврши работите со издавање на команди. Тој има его, и го чува со него додека е во канцеларија. Понекогаш ќе се чувствувате дека тој се обидува да го води шоуто како да управува со криминална банда. 

Од една страна, тој им се заканува на своите вработени, но од друга страна, тој не претерува, бидејќи е несигурен и не сака да го изгуби својот ефект врз вработените.

Како да се справите?

Најдобар начин за вработените да се справат со овој шеф е да ја почитуваат неговата приватност и да не комуницираат со него непотребно. Ако сте доволно паметни и знаете како да се однесувате со него, можете дури и да му се приклучите, и ќе можете да земете некои слободи во канцеларијата.

4. Шефот кој надгледува и влијае

Тој е најдобриот шеф за водење на компанија, бидејќи ефикасно управува со менаџментот и со своите вработени. Компаниите претпочита такви шефови, бидејќи тие имаат позитивни вибрации за себе, и ја прават компанијата да верува дека можат да произведат резултати дури и во услови на криза.

Тие не се особено груби со вработените, меѓутоа имаат авторитет. Не сите влијателни шефови се инспиративни, но тие даваат критика за да ги натераат другите да ги извршуваат своите задаќи. Влијателниот шеф е високо професионален и очекува вработените да се однесуваат слично.

Како да се справите?

Справувањето со него никогаш не е проблем ако ги извршувате своите должности доволно добро. Сепак, внимавајте на таквите шефови, бидејќи се високо решени да се подигнат во хиерархијата. Ако тој смета дека си закана за неговите цели, тој ќе те отстрани од компанијата по секоја цена.

Влијателниот шеф, исто така, ја формира својата основна група, дури и во рамките на истата организација, која може да го информира за тоа што се случува во канцеларијата додека тој е далеку. Затоа, бидете внимателни и размислете за сопствен бизнис, и засекогаш ќе останете во добри односи како познаници.

Промовирани огласи »

Потрошувачите од Скопје кои се снабдуваат со топлинска енергија од Балкан енерџи груп (БЕГ) од утре во просек ќе плаќаат за 2,75 отсто пониска цена за парно греење.

Како што беше посочено на подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика, од 1 август годинава тарифата за топлинска енергија за домаќинствата и образовните инеституции ќе изнесува 1,8498 денари по киловат час што претставува намалување од 3,88 отсто, додека кај останатите потрошувачи тарифата ќе изнесува 2,5898 денари за киловат час и ќе има исто намалување од 3,88 отсто во споредба со досегашната цена.

Со предлог одлуката за 0,18 отсто се намалува и тарифата за ангажирана топлинска моѓност. Кај домаќинства и образовните институции ќе изнесува 1.091,1181 денари по киловат годишно, а кај останатите потрошувачи 1.426,7653 денари по киловат годишно.

Кај ЕЛЕМ енергетика просечното намалување на цената на топлиснката енергија ќе изнесува 0,11 отсто. Тарифата за топлинска енергија за домаќинствата ќе изнесува 1,7633 денари по киловат час, за образовните институции 2,2923, а за останатите потрошувачи 2,9976 денари по киловат час. Тарифата, пак, за ангажирана моќност кај домаќинствата ќе биде 1.106,6306 денари по киловат годишно, за образовните институции 1.438,6198, а кај останатите потрошувачи 1.881,272 денари по киловат годишно. За домаќинствата кои плаќаат надомест по метар квадратен грејна површина новата цена ќе изнесува 35,01 денари по метар квадратен.

Кај Скопје север во просек намалувањето на цената на парното греење ќе биде 1,69 отсто. Тарифата за топлиска енергија за домаќинствата ќе изнесува 2,2148 денари по киловат час, а за останатите потрошувачи 4,2196 по киловат час. Тарифата, пак, за ангажирана моќност кај домаќинствата ќе изнесува 1.001,6049 денари по киловат годишно, а за останатите потрошувачи 1.908,2577 денари по киловат годишно.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »