Промовирани огласи »

Фатмир Бесими, министерот за финансии, во денешниот разговор со РСЕ потврди дека ќе има еднократно вонредно оданочување на големите компании. Данокот на екстра профит, по примерот на неколку други земји кои го воведоа во кризата, ќе се наплати кога ќе се добијат пресметките за приходите и добивките за 2022. Посебен зафат ќе има само кај оние кои оствариле за над 20 отсто поголема добивка оваа година во однос на просекот од претходните четири.

Дискусијата што сега се води со коморите е во однос на посебен, нов вонреден данок, а тоа е данок на дополнителна екстра добивка, што значи дека по примерот на другите земји, како Велика Британија, Италија, Унгарија, Хрватска итн, значи дури има и директива, препорака од земјите членки на ЕУ, земјите да оценат и да го користат тоа во вид на солидарност.

Тоа што ние сега го дискутираме со стопанските комори е дека во последните четири години оние компаниите што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво и ќе се спореди нивната добивка во текот на 2022 година и делот што е остварен над 20 отсто во последните четири години, само тој дел ќе биде предмет на оданочување со овој нов данок, еднокатен, само за 2022 година, и нема да се повтори. Годините каде што немаат остварено добивка не се земаат предвид за оданочување. Ние сме во фаза на дебата и доколку наидеме на разбирање, иако секако ќе има реакции, може тоа да придонесе, изјави Бесими.

Министерот додаде дека во моментов со стопанските комори се води дискусијата за нов, вонреден данок на екстра добивка, по примерот на европските земји. Тоа, како што вели тој, значи дека ќе се оданочуваат екстра и големите.

Занаетчии, фризерници, мали трговци, семкарници, бутиции... ова се само мал дел од бизнисите и дејности кои ќе мораат од следната година да плаќаат данок поради даночните промените кои се планираат во Законот за данок на добивка кој е веќе во Собрание.

Упатени лица за Фактор објаснуваат дека досега сите компании кои имале промет до 3 милиони денари на годишно ниво биле ослободени од плаќање даноци, додека компании кои остварувале меѓу три и шест милиони денари можеле да бираат дали ќе платат данок на добивка како и сите други компании од 10 отсто, или пак еден процент од прометот.

Промовирани огласи »

Растот на инфлацијата во Македонија е 20 отсто, а истовремено просекот на земјите-членки на ЕУ во истиот период е околу 10 отсто.

Гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во разговор за Блумберг Адрија, објасни дека тоа се должи на големата зависност на Македонија од трговијата и недоволното производство на сопствена енергија.

Вкупната трговска отвореност кај нас е 140% од БДП, а во ЕУ околу 70%. Тоа значи дека ние имаме помалку домашни ресурси за да ги ублажиме тие надворешни шокови, со кои се соочуваме. Многу е важна и зависноста во сегментот на енергијата и енергетската интензивност. За да произведеме една единица БДП, ние трошиме во просек трипати повеќе енергија од ЕУ. Кај нас храната и енергијата во потрошувачката кошничка учествуваат над 50% до 55%, а во ЕУ е малку над 30%, рече гувернерката.

Во однос на различниот раст на инфлацијата кај различните земји, гувернерката ги посочи структурните фактори, но и видовите на мерките коишто ги преземаат носителите на политиките.

Исто така, многу се важни мерките коишто се преземаат, во која мера тие се насочени за спречување на порастот на цените или се мерки коишто се поцелни. Да не го заборавиме и прашањето за степенот на конкуренција којшто постои во економијата којашто е многу значаен пазарен механизам за движењата на цените. Поради сите овие фактори, еден ист глобален шок се одразува со различен интензитет во различни економии, вели Ангеловска-Бежоска.

Промовирани огласи »

На пазарот на труд има голем недостиг на работници, но истовремено има многумина што работат на он-лајн платформи. Само на една од нив, има 5.000 работници, а најголемата заработка од Македонија е половина милион евра!

Овие податоци ги презентираше универзитетската професорка Никица Мојсоска – Блажевски со која во „Утрински печат“ разговаравме за тоа како се „снаоѓаме“ во денешната кризна економија.

Постои феномен работници на онлајн платформи. Лани само на една таква платформа – „Апворк“ работеле 5.000 Македонци. Дел од нив работеле во ИТ – секторот, дел во маркетинг…Најголема заработка на Апворк платформата од Македонија била половина милион евра. Ова се лица кои не се пријавени, ниту како вработени, ниту како невработени, не плаќаат социјални придонеси, данок. Тоа е загуба и на луѓе и на буџетски приход. Има повеќе вакви платформи, на кои се работи за странска компанија од Македонија. Некои соработници, со статус на фри ленсери работат директно со компании. На пример, работат на проект за освојување на нов пазар и таму работат во тим. Некои пак, преку посредници се ангажирани на тие платформи, исто со статус на фри ленсери. На овие платформи нема вработувања, туку договори за работа на дело, а може многу да се заработи – вели Мојсоска – Блажески.

Целиот текст прочитајте го на bankometar.mk

Промовирани огласи »

Италијанските сообраќајни службеници добија итна задача - што поскоро да испорачаат два бубрега во Рим и Модена! Бидејќи породувањето морало да се изврши навреме, тие не се двоумеле многу, па за таа намена користеле моќен спортски двосед Lamborghini Huracan со кој поминале 570 километри за на пациентите, како што навела полицијата, да им го дадат „најубавиот Божиќен подарок: живот“.

Задачата е успешно завршена, па пациентите кои чекаат трансплантација можат да здивнат. Ова не е прва ваква „брза испорака“ за полицајците и се покажува како многу корисна.

Навистина, најдобриот подарок што пациентите би можеле да го добијат е токму тој, животот содржан во два бубрега. Полицајците поминаа добар дел од Италија минатиот вторник за да ги донесат двата органи на посакуваните дестинации.

Патување по автопатот за да го доставиме најдобриот божиќен подарок: животот. Благодарение на специјалниот Дедо Мраз на државната полиција, две лица добија донација на бубрег. Службениците на сообраќајната полиција беа задолжени за испорака на органи, кои со Huracan донесоа два бубрега во болниците во Модена и Рим. Се надеваме дека благодарение на тимската работа со Националниот центар за трансплантација, двете лица и нивните семејства ќе имаат посреќен и помирен Божиќ - објави полицијата на Фејсбук.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »