На сопствениците на дизел возила им се препорачува да избегнуваат патувања пократки од дваесет километри за да избегнат затнување на филтерот за саѓи.
Филтрите за саѓи (DPF) на современите дизел возила (исто така познати како FAP на некои француски возила) функционираат така што ги собираат ситните честички саѓи кои се производ на согорувањето на горивото во моторите.
Кога ќе се собере доволна количина, филтрите се така програмирани во нив да почнат да горат саѓите. Ова се случува додека возите и овој процес е автоматизиран, со зголемување на температурата на издувните гасови на влезот во филтерот, честичките во него се спалуваат.
Во DPF, постои (само)согорување ако возите 15 до 20 минути континуирано со над 2.500 вртежи во минута.
Британското здружение на овластени сервисери (IGM) излезе со важно предупредување: се препорачува сопствениците на дизел возила да избегнуваат патување помало од дваесет километри со цел да се избегне затнување на филтерот за саѓи.
Предупредување кое не треба да го игнорирате
Согорувањето на честичките саѓи нема да се активира во овие кратки интервали. Ако се појави затнување, ќе светне сијаличката на инструмент-таблата на автомобилот. Во овој случај, веднаш повикајте сервис, односно не стартувајте го автомобилот.
Сервисерот веројатно ќе го регенерира филтерот, а ако тоа не е можно, трошоците за замена можат да бидат и до 15 пати поголеми, во зависност од сервисерот.
Ако регенерацијата не функционира како што треба, тоа доведува до зголемување на количеството на саѓи што влијае на перформансите и потрошувачката на гориво, тоа ќе резултира со блокиран DPF што во крајна линија може да предизвика многу скапа штета на други делови на моторот. Блокираниот DPF исто така е потенцијално опасен, тоа може да предизвика прегревање на системот за издувни гасови и да предизвика ризик од пожар. За да се спречи оваа штета повеќето нови возила ќе одат во “Limp Home” (безбедносен режим) во оваа фаза, тоа значи возилото е со минимална моќност но доволно да стигне безбедно до дома.
За да се случи регенерација се бара од возилото да се вози во некоја брзина на отворен пат, на пример возење на автопат, обично се вози со околу 2.500 вртежи во минута за приближно 15-30 минути, најмалку еднаш месечно, тоа ќе го одржува системот да работи.
Многу дизел возила главно се користат во урбаните средини или на кратки релации, а многу од нив имаат автоматски менувач, така што возилото не добива шанса да се загрее доволно и не е во можност да се спроведе целиот процес на регенерација.