Промовирани огласи »

На сопствениците на дизел возила им се препорачува да избегнуваат патувања пократки од дваесет километри за да избегнат затнување на филтерот за саѓи.

Филтрите за саѓи (DPF) на современите дизел возила (исто така познати како FAP на некои француски возила) функционираат така што ги собираат ситните честички саѓи кои се производ на согорувањето на горивото во моторите.

Кога ќе се собере доволна количина, филтрите се така програмирани во нив да почнат да горат саѓите. Ова се случува додека возите и овој процес е автоматизиран, со зголемување на температурата на издувните гасови на влезот во филтерот, честичките во него се спалуваат.

Во DPF, постои (само)согорување ако возите 15 до 20 минути континуирано со над 2.500 вртежи во минута.

Британското здружение на овластени сервисери (IGM) излезе со важно предупредување: се препорачува сопствениците на дизел возила да избегнуваат патување помало од дваесет километри со цел да се избегне затнување на филтерот за саѓи.

Предупредување кое не треба да го игнорирате

Согорувањето на честичките саѓи нема да се активира во овие кратки интервали. Ако се појави затнување, ќе светне сијаличката на инструмент-таблата на автомобилот. Во овој случај, веднаш повикајте сервис, односно не стартувајте го автомобилот.

Сервисерот веројатно ќе го регенерира филтерот, а ако тоа не е можно, трошоците за замена можат да бидат и до 15 пати поголеми, во зависност од сервисерот.

Ако регенерацијата не функционира како што треба, тоа доведува до зголемување на количеството на саѓи што влијае на перформансите и потрошувачката на гориво, тоа ќе резултира со блокиран DPF што во крајна линија може да предизвика многу скапа штета на други делови на моторот. Блокираниот DPF исто така е потенцијално опасен, тоа може да предизвика прегревање на системот за издувни гасови и да предизвика ризик од пожар. За да се спречи оваа штета повеќето нови возила ќе одат во “Limp Home” (безбедносен режим) во оваа фаза, тоа значи возилото е со минимална моќност но доволно да стигне безбедно до дома.

За да се случи регенерација се бара од возилото да се вози во некоја брзина на отворен пат, на пример возење на автопат, обично се вози со околу 2.500 вртежи во минута за приближно 15-30 минути, најмалку еднаш месечно, тоа ќе го одржува системот да работи.

Многу дизел возила главно се користат во урбаните средини или на кратки релации, а многу од нив имаат автоматски менувач, така што возилото не добива шанса да се загрее доволно и не е во можност да се спроведе целиот процес на регенерација.

Промовирани огласи »


Денеска Сојузот на синдикатите на Македонија на својот Фејсбук профил потсети дека преку работничка борба и притисок, преку протести и социјален дијалог, минималната плата од 15.196,00 денари порасна на 18.000,00 денари, а беше договорен и нов законски модел на пресметка на истата во корист на работниците.


Усогласување на минималната плата според Законот за минимална плата од оваа година се врши од 50 отсто од порастот на просечната плата која според нашите пресметки од јануари до ноември е зголемена за 10,3 проценти, па 50 отсто од порастот на просечната плата изнесува 5,15 проценти, како и 50 отсто на пораст на трошоци на живот кои спред последна објавена информација од НБРМ до минатиот месец изнесува 14,3 проценти или 50 отсто од порастот на трошоците за живот изнесуваат 7,15 проценти. ( податоците се преземени од Државниот завод за статистика и НБРМ)

Според пресметките, трошоците за живот и порастот на просечната плата согласно последните податоци изнесуваат вкупно 24,6 отсто, а според Законот за минимална плата во новата пресметка се земаат 50 проценти од тоа или 12,3 отсто, па доколку во моментот би се зголемувала минималната плата според пресметките на ССМ значи дека: - во бруто плата: 26 422,00 денари + 3 250,00 денари (29 672,00) денари ќе изнесува минималната плата од март наредната година или во нето плата: -18.000,00 денари + 2.107,00 денари, минималната плата ќе изнесува (20.107,00) денари - пишува ССМ во својот пост.

Истовремено, ССМ истакнува дека заедно со УПОЗ преку последните измени Законот за административни службеници обезбедиле основната компонента на плата да биде составена и од минималната плата, а со тоа околу 13.000 работници кои примаат плата според овој закон веднаш ќе добијат линеарно услгласување на нивните плати за износот за кој ќе се зголеми минималната плата односно за 2.107,00 денари, а истото ќе се случи и за околу 40.000 други вработени во јавен сектор чии работодавачи го користат моделот од овој закон за пресметка на платите на вработените.

Голем дел од синдикатите здружени во ССМ преку веќе потпишаните спогодби и Колективни договори на ниво на работодавач, а некои преку закон, ова право на усогласување на платите го обезбедија и за нивните членови во јавните претпријатија, локалната самоуправа, министерства итн.

Синдикатите од приватниот сектор веќе разговараат со работодавачите каде што има синдикат и истите веќе од почеток на наредната година најавуваат зголемување на платите и пред зголемувањето на минималната плата за да ги задржат добрите и квалификувани работници во нивните компании.Синдикалната борба ги дава посакуваните резултати колку тоа и да не им се допаѓа на функционерите и газдите - истакнувааат синдикалците.

Промовирани огласи »

Веб-страницата „IQair.com“ секојдневно ги објавува најзагадените градови во светот, а Скопје и денеска се наоѓа во топ-10.

Откако вчера Скопје се најде на третата позиција на најзагадени градови во светот, утринава повторно ситуацијата во главниот град на Македонија е алармантна и според веб-страницата се измерени 170 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички.

Во топ-10 листата најзагадени градови нема ниту еден друг град од Балканот.

Промовирани огласи »

Собранието на Северна Македонија, попладнево, со 56 гласови „за“, 30 „воздржани“ и еден „против“ го донесе Дополнетиот буџет за 2023 година.

Министерот за финансии Фатмир Бесими пред гласањето за Буџетот се заблагодари на сите кои учествуваа во дебатата која според него дала резултати и посочи дека се прифатени неколку амандамни.

Според Бесими, Буџетот е реален и развоен, заснован на златното правило во јавните финансии – капиталните расходи да се повисоки од буџетскиот дефицит.

Оценката на опозицијата, пак, која најави дека ќе гласа воздржано, е дека Буџетот е преобемен и инфлаторен и оти со него ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг.

За Дополнетниот буџет на пленарна седница се расправаше пет дена. Дополнетиот буџет беше доставен во Собранието откако Владата ги вгради прифатените амандмани од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Во Буџетот за 2023 година, растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

Во него се предвидени околу 250 милиони евра за надминување на предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, како и средства за редовна исплата на платите и пензиите и за поддршка на фирмите и земјоделците.

Ова е прв буџет донесен согласно Законот за буџети и според Владата, тој е насочен кон ублажување на последиците од енергетската криза и кон непречено финансирање на евроинтеграциите и со него се поставува основата за економско заздравување, забрзување на економскиот раст и за постепена фискална консолидација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »