Промовирани огласи »

Веб-страницата „IQair.com“ секојдневно ги објавува најзагадените градови во светот, а Скопје и денеска се наоѓа во топ-10.

Откако вчера Скопје се најде на третата позиција на најзагадени градови во светот, утринава повторно ситуацијата во главниот град на Македонија е алармантна и според веб-страницата се измерени 170 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички.

Во топ-10 листата најзагадени градови нема ниту еден друг град од Балканот.

Промовирани огласи »

Собранието на Северна Македонија, попладнево, со 56 гласови „за“, 30 „воздржани“ и еден „против“ го донесе Дополнетиот буџет за 2023 година.

Министерот за финансии Фатмир Бесими пред гласањето за Буџетот се заблагодари на сите кои учествуваа во дебатата која според него дала резултати и посочи дека се прифатени неколку амандамни.

Според Бесими, Буџетот е реален и развоен, заснован на златното правило во јавните финансии – капиталните расходи да се повисоки од буџетскиот дефицит.

Оценката на опозицијата, пак, која најави дека ќе гласа воздржано, е дека Буџетот е преобемен и инфлаторен и оти со него ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг.

За Дополнетниот буџет на пленарна седница се расправаше пет дена. Дополнетиот буџет беше доставен во Собранието откако Владата ги вгради прифатените амандмани од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Во Буџетот за 2023 година, растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

Во него се предвидени околу 250 милиони евра за надминување на предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, како и средства за редовна исплата на платите и пензиите и за поддршка на фирмите и земјоделците.

Ова е прв буџет донесен согласно Законот за буџети и според Владата, тој е насочен кон ублажување на последиците од енергетската криза и кон непречено финансирање на евроинтеграциите и со него се поставува основата за економско заздравување, забрзување на економскиот раст и за постепена фискална консолидација.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

СКЕИЛ ФОКУС e компанија за развој на софтвер и дигитални услуги со мисија да им помогне на клиентите да растат преку искористување на најновите технологии и врвни таленти. Комбинирајќи длабока технолошка експертиза со широко индустриско знаење, им помагаме на бизнисите беспрекорно да се движат низ технолошкиот лавиринт. Како една од водечките софтверски компании во Источна Европа, обезбедуваме целосен опсег на ИТ консултантски услуги и услуги за развој на софтвер, покривајќи ги сите фази од животниот циклус на развој на софтвер. Нашите заеднички вредности опфаќаат иновации, се стремат кон извонредност, отворена комуникација, агилност и интегритет. Тоа ги прави сите наши колеги да се чувствуваат дел од енергична заедница која сонува големи и постигнува уште повеќе.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

SENIOR IOS DEVELOPER
SENIOR TEST AUTOMATION ENGINEER
SENIOR JAVA DEVELOPER
SENIOR NODE.JS DEVELOPER

БРАКО ДОО се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали. Константно го прошируваме својот тим, со цел успешно да ги надоградиме своите перформанси и производи.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

ОПЕРАТОР НА МАШИНА
ЗАВАРУВАЧ
ОПЕРАТОР НА МАШИНА ЗА ПАКУВАЊЕ НА КЛИНЦИ
ОПЕРАТОР НА МАШИНА ЗА ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА ЖИЦА

MAJOREL дизајнира, гради и испорачува висококлвалитетна корисничка подршка, CX за многу светски водечки брендови.  Ние ги сервисираме клиентите ширум светот преку нашите  82,000+  вработени, лоцирани во  45 земји на 5 континенти на 60 јазици . Ние ги подржуваме вашите клиенти во секое време, преку различни апликации и алатки, на начин на кој тие очекуваат од нивните брендови. Го зборуваме нивниот јазик без разлика каде и да се и без разлика на нивната култура. Имаме повеќе од 400 клиенти глобално, со многу од нив работиме повеќе од 12 години.  Како лидери во индустријата, ние ви ги нудиме најсигурните и најсоодветните решенија. Некои од најголемите компании, вклучувајќи ги и најголемите познати брендови им веруваат токму на нашите вработени да ги преставуваат.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

RECRUITMENT SPECIALIST – (GERMAN AND ENGLISH SPEAKING)
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА

ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни области. Нашите вработени се луѓе кои се секогаш подготвени со својот труд, знаење и искуство да излезат во пресрет на барањата на корисниците. За возврат ние им обезбедуваме можности за обука, личен развој и напредок во кариерата, во пријатна атмосфера со изразен тимски дух.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

ТРЕНИНГ ПРОГРАМА ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИ ВО ОДДЕЛОТ УПРАВУВАЊЕ СО МРЕЖА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДАЛЕЧИНСКО УПРАВУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРО ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ (ЕЕО)
ТЕХНИЧАР ЗА 5А-СКИ МЕРЕЊА ВО НЕГОТИНО
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕЛЕЈНА ЗАШТИТА И ПОГОНСКИ МЕРЕЊА

СИНЦЕРИТАС АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со највисоките домашни и европски стандарди во фармацевтската индустрија (ISO, GACP, GMP) со цел производство на сув цвет и на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC. Нашиот тим се состои од талентирани луѓе кои имаат желба за напредок и постојано усовршување. Тоа значи дека бараме талентирани, одлучни луѓе кои се истакнуваат во своето поле на работење и би сакале да ни се придружат со полно работно време во нашето седиште во Скопје, или пак, во лабораториските и производствени капацитети во Росоман.

Сите активни работни позиции од СИНЦЕРИТАС можете да ги најдете ТУКА.

СИСТИНА ОФТАМОЛОГИЈА е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата. Располага со еден дијагностички и оперативен центар во Скопје и четири дијагностични центри во Штип, Битола, Гостивар и Тетово.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

МЕДИЦИНСКА СЕСТРА – АНЕСТЕТИЧАР
ХИГИЕНИЧАР/КА

СИЛК РОУД БАНКА АД Скопје е финансиска институција која нуди производи и финансиски услуги за физички и правни лица. Дискрецијата и почит се стандардите на Банката. Силк Роуд Банка АД Скопје се издвојува од другите банки во земјата со примена на критериумите на модерните банкарски принципи кои креираат понуди каде клиентите се во центарот на вниманието. Вредноста и принципот на работење на Банката се потребите на клиентите да се подмируваат лесно како свила.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО ТЕТОВО
БЛАГАЈНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ГЕВГЕЛИЈА

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Моментално вработува:

САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ФИНАНСИИ

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. Ние, тимот на Макстил, се стремиме да бидеме успешна компанија, ориентирана на безбедноста, со силен фокус на клиентите. Преку трансформирање на отпадниот метал во висококвалитетни челични производи, ја заштитуваме животната средина и го подобруваме општеството во кое работиме, истовремено одржувајќи одлични односи со локалната заедница. Ги достигнуваме нашите цели преку инвестирање во технологија, синергија на вештините, знаењето и искуството. Секој во Макстил е важна алка од синџирот. Ние не сме само тим, ние сме семејство. Со цел да креираме заеднички раст, заедно се движиме напред, преку почитување на нашите вредности и високи стандарди.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ
ЕЛЕКТРИЧАР
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - ЕНЕРГЕТСКА НАСОКА

Доколку сеуште ја немате пронајдено својата идеална работна позиција, останатите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Повторно здодевниот утрински аларм ви го нарушува парчето тишина во кое уживате. Постојано одложувате и не сакате да станете од вашиот кревет. Пристигнувате во вашата канцеларија и го вклучувате компјутерот. Сè Ви изгледа толку нормално, освен што умот ви лута…се чувствувате здодевно на работа. Здодевноста ги открива потенцијалните проблеми што ги имате на работа.

Вашите интереси и работата не се совпаѓаат.

Во ваков случај добро е да размислите зошто сте аплицирале на тоа работно место.

Мали можности за развој и учење.

Замислете дека ги правите истите задачи две недели или две години, одново и одново. Како би се чувствувале вие?

Имате премногу слободно време. 

Кога имате премногу слободно време, вашиот ум лута на некое друго место.

Се чувствувате исцрпено и изморено.

Додека вложувате помалку труд на работа, толку сте помалку мотивирани и заинтересирани за вашата работа, што пак ве вознемирува уште повеќе.

Немате јасна цел.

Луѓето кои се во иста позиција подолго време лесно се чувствуваат изгубено.

Помалку познати последици:

  • Зголемен стрес
  • Лоши навики
  • Намалена продуктивност
  • Намалено психичко здравје

Што да правите доколку постојано се чувстувате здодевно на работа? Секогаш е добро да разговарате со вашиот претпоставен или супервизор за вашата ситуација на работа. Ова не само што ќе Ви помогне да не се чувствувате здодевно, туку исто така ќе остави впечаток кај вашиот претпоставен дека сакате да напредувате и учите. Пробајте искористете го времето што Ви преостанува за да сработите нешто дополнително. Кратките паузи се исто така чекор напред во борбата со здодевноста, а истите тие ја зголемуваат продуктивноста.

Кога се чувствувате здодевно на работа, тоа е всушност предупредувачки знак што не треба да го занемарувате. Тоа може да значи дека ви недостасува некоја цел во животот. Започнете да правите промени што повторно ќе ве направат ентузијастични за вашата кариера и живот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »