Промовирани огласи »

Повторно здодевниот утрински аларм ви го нарушува парчето тишина во кое уживате. Постојано одложувате и не сакате да станете од вашиот кревет. Пристигнувате во вашата канцеларија и го вклучувате компјутерот. Сè Ви изгледа толку нормално, освен што умот ви лута…се чувствувате здодевно на работа. Здодевноста ги открива потенцијалните проблеми што ги имате на работа.

Вашите интереси и работата не се совпаѓаат.

Во ваков случај добро е да размислите зошто сте аплицирале на тоа работно место.

Мали можности за развој и учење.

Замислете дека ги правите истите задачи две недели или две години, одново и одново. Како би се чувствувале вие?

Имате премногу слободно време. 

Кога имате премногу слободно време, вашиот ум лута на некое друго место.

Се чувствувате исцрпено и изморено.

Додека вложувате помалку труд на работа, толку сте помалку мотивирани и заинтересирани за вашата работа, што пак ве вознемирува уште повеќе.

Немате јасна цел.

Луѓето кои се во иста позиција подолго време лесно се чувствуваат изгубено.

Помалку познати последици:

  • Зголемен стрес
  • Лоши навики
  • Намалена продуктивност
  • Намалено психичко здравје

Што да правите доколку постојано се чувстувате здодевно на работа? Секогаш е добро да разговарате со вашиот претпоставен или супервизор за вашата ситуација на работа. Ова не само што ќе Ви помогне да не се чувствувате здодевно, туку исто така ќе остави впечаток кај вашиот претпоставен дека сакате да напредувате и учите. Пробајте искористете го времето што Ви преостанува за да сработите нешто дополнително. Кратките паузи се исто така чекор напред во борбата со здодевноста, а истите тие ја зголемуваат продуктивноста.

Кога се чувствувате здодевно на работа, тоа е всушност предупредувачки знак што не треба да го занемарувате. Тоа може да значи дека ви недостасува некоја цел во животот. Започнете да правите промени што повторно ќе ве направат ентузијастични за вашата кариера и живот.

Промовирани огласи »

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 33 104 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 13,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19,6 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,3 проценти) и Преработувачка индустрија (17,6 проценти).

Како што наведува ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,7 проценти), Други услужни дејности (3,9 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (3,2 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 49 585 денари.

Промовирани огласи »

Во поштенските сандачиња низ земјава започнаа да пристигнуваат сметките за струја во преку пример е прикажан износот на субвенцијата на Владата во конечната цена на електричната енергија.

Владата во текот на целата енергетска криза со 73% ја субвенционира цената на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните, а сега преку информативната табела тоа може појасно да се види. Во информативната пресметка е прикажано колку би изнесувале сметките доколку Владата не ја субвенционираше цената на електричната енергија.

Согласно пресметката едно домаќинство кое плаќало 2000 денари за електрична енергија, без субвенцијата на Владата би плаќало околу 3455 денари односо 1455 денари повеќе, додека пак семејство кое плаќало 5000 денари за електрична енергија, без субвенцијата сметката би достигнала 8638 денари или над 3600 денари повеќе.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во гостување на Алсат синоќа кажа дека секое домаќинство во земјава било субвенционирано со по 21 илјади денари за електрична енергија оваа година, односно секој граѓанин добил субвенција од 6800 денари.

Средствата што ги даваме за регулираниот пазар на електрична енергија значи дека секој еден наш граѓанин добива 6.800 денари годишно субвенции за струја или секое едно домаќинство добива по 21.000 денари субвенции за струја за оваа година кажа вицепремиерот Битиќи и кажа дека субвенционирана електрична енергија добиваат и малите компании кои плаќаат 220 до 260 евра за мегават час, додека берзанската цена е околу 500 евра.

Ова значи дека субвенцијата на Владата изминатава година овозможила 21.000 денари да останат во семејниот буџет на секое домаќинство во земјава и да се искористат за други намени, наместо да бидат потрошени за сметките за струја.

Во годинава која изминува Владата издвои околу 240 милиони евра за субвенционирање на електрична енергија и обезбедување на топлинска енергија за Град Скопје, сума која беше неопходна за да се спречи повисок ценовен шок и рестрикции во енергетскиот сектор.

Оваа сума ќе беше значително помала доколку во изминатите 30 години, претходните Влади наместо на споменици и фасади, парите од Буџетот на граѓаните ги инвестираа во енергетскиот сектор и државата обезбедеше поголема енергетска независност.

Со правилното менаџирање и правењето баланс меѓу справувањето со кризата и основните функции на државата, Владата успеа да се избори граѓаните да добиваат енергија и тоа да не биде на грбот на семејниот буџет. Борбата со енергетската криза на Владата ќе продолжи и следната година, што може да се види од Буџетот за 2023 година, каде се предвидени 250 милиони евра за мерки.

Промовирани огласи »

Извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, има големи планови за следната година. Купува нови компании, а Нетфликс би можел да стане дел од големата групација на Мајкрософт.

Откако се приклучи на компанијата во 2014 година, Надела направи бројни аквизиции. Започна со стекнување на компанијата во вредност од 2,5 милијарди долари зад хит играта „Minecraft“. Подоцна, Microsoft го купи LinkedIn за 26 милијарди долари и развивачот на софтвер за препознавање говор и вештачка интелигенција Nuance за 20 милијарди долари.

Аквизицијата на Blizzard (ATVI.O) беше убедливо најголемото купување, со 69 милијарди долари.

Според регулаторите, конзолата Xbox и играта „Call of duty“ под ист покрив се едноставно загрижувачки и може да доведат до доминација на пазарот.

Двете компании се веќе тесно поврзани. Нетфликс го избра Мајкрософт за свој партнер за рекламирање за новата услуга за претплата поддржана од реклами. Претседателот на Мајкрософт, Бред Смит, исто така седи во одборот на Нетфликс. Една од причините зошто Мајкрософт е заинтересиран да го купи Netflix е затоа што сака да понуди услуга за стриминг на видео игри на повеќе уреди.

Нетфликс има свои големи планови за игри. Во 2022 година, компанијата предводена од Рид Хестингс го купи инвеститорот Spry Fox, нејзиното шесто внатрешно студио. Станувањето дел од империјата на Мајкрософт ќе ги зголеми тие амбиции. Пакетот за стриминг ТВ и игри не е тешко да се сфати.

Со пазарна вредност 13 пати поголема од онаа на Нетфликс на почетокот на декември, Мајкрософт може да си дозволи 1,8 трилиони долари за Нетфликс. Премијата од 30 отсто би го вреднувала претпријатието Нетфликс на речиси 190 милијарди долари. Сепак, би било тешко да се најдат значителни заштеди. И по оданочувањето на оперативниот профит од 8 милијарди долари што аналитичарите го проектираа за Нетфликс во 2024 година, имплицираниот поврат на инвестицијата ќе биде само половина од просечната цена на капиталот од 8 проценти, според аналитичарите на Морнингстар.

(Ројтерс)

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »