ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Самостоен Референт за финансии
- Изготвува редовни извештаи по барање на директно претпоставен;
- Учествува во изготвување на Извештаи кои се доставуваат до државни институции како Агенција за супервизија на осигурување, Национално биро за осигурување, УЈП и др.
- Учествува во пресметување на коефициентот на ликвидност на дневна база;
- Врши пресметка на плати и други надоместоци на вработените, надоместоци на органи на Друштвото, надоместоци за други надворешни лица (Застапници,Брокери, Адвокати,Вештаци);
- Врши контрола на финансиските трансакции на дневна основа;
- Ги изготвува месечните финансиски извештаи за акционерот во соработка со директно претпоставени;
- Учествува во изготвување на процеси и процедури за следење на ликвидноста и други акти од областа на финансиско работење;
- Го следи процесот на вложување на финансиските средства;
- Ги изготвува сите месечни, квартални и годишни даночни пријави;
- Изготвува финансиски анализи од месечната активност, вклучително споредбено со изминати периоди, варијации и на буџети и сл.
- Го следи процесот на управување со готовина, плаќања, побарувања и напалта;
- Врши анализа на трошоци по организациони единици и подружници и по потреба предлага мерки за нивно намалување;
- Учествува во релизирање на обврските на Агенцијата за супервизија на осигурување и други институции определени со Закон;
- Врши и други работи по барање на претпоставени лица.
- Потребни квалификации и карактеристики:
Универзитетска диплома од област финансии;
Најмалку 3 години работно искуство во областа на финансии и извештајност;
Познавањето на англиски јазик е задолжително додека познавањето на турски и/или албански јази ќе се смета за предност;
Компјутерско познавање на Microsoft Office, познавање на сметководствени политики и финансиска анализа
Висок степен на креативност и иновација;
Добро планирање и добра организација;
Ориентираност кон клиенти;
Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
Способност за тимска работа;
Способност да учи и да се надоградува;
Брзо и лесно се адаптира кон нова работна средина, кон променети околности на работа и сл.;
Амбициозност, спремност за напредок и развој, кариерно и персонално унапредување;
Развиеност и одржување на високи етички и деловни стандарди, култура на отворена комуникација.
Доколку имате интерес и сметате дека ги исполнува критериумите, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Самостоен Референт за финансии”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.