Промовирани огласи »

Зголемувањето на минималната плата во првиот квартал на 2023 година, како што вчера најави премиерот Димитар Ковачевски нема да предизвика удар врз стопанството, смета Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочи дека во овој случај се работи за усогласување на висината на минималната плата согласно растот на трошоците за живот и согласно растот на просечната плата.

Ова не е ништо ново, уште 2010 година, кога првпат во Македонија се донесе Закон за минимална плата беше предвидено такво услогласување секоја година, но тогаш се усогласуваше со една третина од растот на БДП, една третина од растот на трошоците за живот и една третина од растот на просечната плата - вели претседателот на Собрание на ОРМ, Ангел Димитров.

Појаснува дека лани кога се усвои Законот, номинално се зголеми и директно се покачи на 18.000 денари се изменила и методологијата.

Сега ќе се усогласува секоја година половина од растот на трошоците за живот и половина од растот на просечната плата. Но, за разлика од порано сега има уште една заштита, а тоа е дека минималната плата не смее да биде помала од 57 проценти од просечната - рече Димитров.

Според него, ова е високо ниво, а како што  укажува, во ЕУ се усвоила и директива со која во земјите членки на ЕУ минималната плата треба да биде околу 50 проценти од просечната плата. Тоа значи дека нашата држава има повисок процент за минималната плата, во споредба со земјиште членки на ЕУ.

Тоа и ни прави одредени проблеми, а тоа е најчесто урамниловката или збивање на се повеќе работници околу минималната плата и не можноста за покачување на повисоки плати, што се покажа и лани покрај штрајковите на вработените во јавниот сектор - вели Димитров.

Во првиот квратал на 2023 година ќе се усогласи минималната плата, а се очекува да биде околу 20.000 денари.

Промовирани огласи »

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи.

Според Одлуката оваа мерка ќе се применува до 30 април 2023 година.

Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот на примена до 30 април 2023 година. Дополнително на тоа, Владата на Република Северна Македонија овозможи од 1 декември оваа година да се користи субвенционирана електрична енергија кај домашните производители на основните прехранбени производи, се додека трае кризната состојба во непречено снабдување со електрична енергија. Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да имаме корегирани цени, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

Во опфат на мерката ќе продолжат да бидат следните производи: леб бел; сечен на парчиња или цел; шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) со 5% трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало.

Потоа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500; макарони и шпагети од тврда пченица; македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; јајца; урда; кравјо бело сирење и мешано бело сирење; кашкавал; кисело млеко и павлака и јогурт со 10% трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало.

Промовирани огласи »

Во секојдневието е нормално после работа да се дружеме со колегите од работа, но доколку сте дел од водечкиот тим, и сте поканети од страна на вашите вработени, ситуацијата постанува комплицирана.

Ако сте лидер на некоја група и прифатете да се дружете со вашите вработени во тимот си ја ризикувате вашата професионална врска со нив. Но, ако одбиете, можете ненадејно да створите лоша слика кај вработените мислејќи дека не ги почитувате доволно и не сте заинтересирани да ги запознаете подобро.

Како и во секоја друга ситуација така и во оваа постојат позитивни и негативни работи за сето ова. На пример позитивни работи би биле: Ако менаџерот одлучи да се дружи со нив после работа, ќе може подобро да ги запознае неговите работници, може да созаде подобра врска меѓусебно, да го зголеми залагањето на работниците  на самото работно место. Додека пак негативни би биле: потенцијални проблеми со одговорноста или вработените може да си земат за важност.

Од ова доаѓа прашањето: Како успешно да ја изменаџирате вашата врска со вработените? Дали менаџерите треба да се дружат после работа со вработените или сепак не? Останува на секој менаџер или лидер да одлучи.

Промовирани огласи »

Инспекторатот на општина Центар информираше дека во текот на вчерашниот ден изречена е казна за вклучување во сообраќај моторни возила со валкани тркала.

Зголемена е контролата на градилиштата. Поделени се Известувања со обврски согласно Законот за јавна чистота. Се информираат изведувачите на градежни објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена, да не се пали и уништува смет. Да не се палат огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади, заради контрола на прашината,велат од Инспекторатот. 

Комуналната инспекција при општина Центари во следните денови ќе продолжи со засилени инспекции и контроли. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »