Хрватска на полноќ го одбележа влезот во Шенген зоната со симболично симнување на таблата на граничниот премин Брегане, подигнување на рампата и зелено светло за слободно поминување на местото на поранешната гранична контрола, која од синоќа оди во историја.
Ја отворивме вратата на Европа без граници“, изјави министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ. „Вечерва славиме нов ден, нова година, нова Европа со Хрватска во Шенген, додаде тој.
На почетокот на 2023 година, Хрватска стана нова членка на Шенген зоната, најголемата област на слободно движење на стоки и луѓе во светот, која ги вклучува сите членки на Европската унија, освен Бугарија и Романија, Кипар и Република Ирска и четири други земји кои не се членки на ЕУ: Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.
По тој повод, за новогодишната ноќ беа одржани посебни свечености на бројните гранични премини на границата со Словенија и Унгарија, меѓу кои и на еден од најголемите премини на хрватско-словенечката граница, БреганеОбрежје. Политичарите од Хрватска и Словенија се собраа да го прослават овој голем момент.