Плата од 60.000 ден. до 90.000 ден.
За компанијата: ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните...
повеќе за компанијата » Оглас за вработување во ГД Гранит АД Скопје
ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.
ГД Гранит АД Скопје има потреба од
SOFTWARE ИНЖЕНЕР (1 извршител)
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки.
- Стекнати курсеви, официјални сертификати и претходно работно искуство во областа се сметаат за предност.
- Комуникациски вештини, тимска работа, ориентиран кон брзо и ефикасно решавање на проблеми.
- Иницијативност, посветеност, одговорност, чесност, доверливост и професионалност во работењето
- Одговорен и ефективен при исполнување на обврските во зададени рокови
- Одлично познавање на англиски јазик.
- Активен возач: Б категорија.
Клучни одговорности и задачи
- Одговорен е за имплементацијата на Document management system во рамките на Друштвото и се грижи за инфраструктурата и перформансите на истиот, дава препораки за подобра имплементација и подобрување на системот
- Решава комплексни проблеми во рок и на ефикасен начин
- Обезбедува поддршка за сите вработени кои работат во системот и врши обука за работа во истиот во рамките на Друштвото
- Го одржува MSO 365 системот
- Воочува и решава инциденти
Искуство во областа на администрација на :
- Windows Server 2019-2022, Server Manager, Hyper-V Manager & Clusters, VirtualMashines.
- Computer Management, Perfomance & Resource Monitor, Check and Defragment Disk.
- DomainControler, ActiveDirectory, DNS, DHCP, Group Policy Management, Local Security Policy.
- O365 - SharePoint , OneDrive, Azure, Admin Panel – конфигурација на различни Alerts, безбедносни правила
- SQL ServerManagement Studio; SQL Server Configuration Manager.
- Спроведување на процедури и искуство во администрација на Back-UP & Replication.
- Редовно поставување на резервни копии и познавање на работа со NAS и SAN.
- Искуство во примена на patch, update-upgrade, restore и системи за миграција;
Компанијата нуди:
- Работен однос на определено време од 1 година со можност за продолжување
- Стабилност и можност за личен развој
- Градење на успешна кариера
- Можност за надградба на професионален план
- Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
- Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
- Месечен надомест во висина од 60.000,00 денари до 90.000,00 денари, зависно од квалификациите и компетенциите на избраниот кандидат.
Личен профил:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за координација и работење со рокови
- Висока работна етика
- Доверливост
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08:00 до 16:00 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае до 08.01.2022 година.
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
Молбите за работа доставете ги во ГД Гранит АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »