ИТ АДМИНИСТРАТОР (1 извршител)

Плата од 60.000 ден. до 120.000 ден.

За компанијата: ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните... повеќе за компанијата »

                                                   Оглас за вработување во ГД Гранит АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани, како по нивната големина така и по нивната сложеност.

 

                                                              ГД Гранит АД Скопје има потреба од

                                                              ИТ АДМИНИСТРАТОР (1 извршител)

 

Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови: 

  • Одлично познавање на LAN, Routing и VPN;  Firewall;  мрежни уреди и безбедност.
  • Завршено високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки.
  • Стекнати курсеви, официјални сертификати и претходно работно искуство во областа се сметаат за предност.
  • Комуникациски вештини, тимска работа,  ориентиран кон брзо и ефикасно решавање на проблеми.
  • Иницијативност, посветеност, одговорност, чесност, доверливост и професионалност во работењето
  • Одговорен и ефективен при исполнување на обврските во зададени рокови
  • Одлично познавање на англиски јазик.
  • Активен возач:  Б категорија.

Напредно користење на:

  • Windows 10, 11;  MS Office; Windows Server 2019-2022; Microsoft 365 (O365); Admin Panel, SharePoint  &  OneDrive
  • Aнализи,  истражувања и избор на ИТ опрема, конфигурација, тестирање и пуштање во работа.
  • Инсталација и конфигурација на оперативни системи, драјвери и потребен клиентски софтвер.
  • Детална проверка, дијагностика и решавање на компјутерски проблеми и прекини.
  • Решавање на проблеми со конфигурација на софтвер и/или  хардвер на крајните корисниците.
  • Надградба на антивирусни апликации и чистење на вируси.
  • Проектирање и реализација,  мониторинг и администрација на локалната мрежнa инфраструктура. 

Клучни одговорности и задачи
Одржување и управување на:

  • Поставување и поврзување  на:  Router, Access Point,  Desktop и Сервер машини, Network Printers.
  • Локалната мрежна и серверска инфраструктура.
  • Следење и одржување на перформансите  на системите.
  • Елиминирање на постоечки грешки и неправилности во системот.

Компанијата нуди:

  • Работен однос на определено време од 1 година со можност за продолжување
  • Стабилност и можност за личен развој
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Месечен надомест во висина од 60.000,00 денари до 120.000,00 денари, зависно од квалификациите и компетенциите на избраниот кандидат.

       Личен профил:

  • Способност во организирање  на ресурси и поставување на приоритети
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за координација и работење со рокови
  • Висока работна етика
  • Доверливост

Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08:00 до 16:00 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.

Огласот трае до 08.01.2022 година.

Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.

Молбите за работа доставете ги во ГД Гранит АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »