Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот на вработени. Денес, Новомак е компанија во која на едно место можете да ги најдете сите компоненти потребни за составување на висококвалитетен мебел по мерка. Богатата понуда вклучува голем број на реномирани брендови од дрвната индустрија што обезбедува широка палета на производи и гарантира изработка на мебел со највисок квалитет.

Моментално вработува:

МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР
МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ

Еуролек е приватна компанија основана во мај 1996 година со 5 вработени и на изнајмен простор. Денес, Еуролек е една од најреномираните и брзорастечки веледрогерии во државата која вработува 60 лица и работи на сопствен објект од преку 1000 метри квадратни на влезот на индустриската зона Визбегово.

Моментално вработува:

MАГАЦИОНЕР/ДИСТРИБУТЕР
ХИГИЕНИЧАР/КА

АЛМА – М компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите од реномираната компанијата WRIGLEY. Во 2006 год. Алма-М стана дистрибутер на најголемата светска компанија за храна Nestle на територијата на Македонија.

Моментално е активно следново работно место:

АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО, ПРИЛЕП И ОХРИД

ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. Моментално го прошируваме својот тим и сме во потрага по нови колеги.

Отворени се следниве работни позиции:

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ТЕТОВО СО ПОЗНАВАЊЕ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
ОПЕРАТОР ЗА ТЕЛЕФОНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ СО ПОЗНАВАЊЕ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

НЈСК ХОЛДИНГ  е компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР

ГРАНД – ЕКСПОРТ најголемата и технолошки најсовремената фабрика за производство на кроасани во Југоисточна Европа. Моментално го проширува својот тим. 

Моментално се активни следниве работни позиции:

ОПШТ РАБОТНИК ВО МАГАЦИН
ПОМОШНИК КОМЕРЦИЈАЛИСТ
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
ВОЗАЧ СО Б И Ц КАТЕГОРИЈА

УНИКА ЛАЈФ е една од водечките осигурителни групации на пазарите во Австрија, Централна и Источна Европа.  Блискоста со нашите клиенти е појдовна точка на нашиот бизнис. Ние сме фокусирани на нашиот суштински бизнис на овозможување на безбедност. Ние се зафаќаме со потребите на нашите клиенти и создаваме решенија скроени за нив. Ова е возможно само преку личен контакт, лице в лице и на локално ниво.

Моментално е отворено следново работно место:

СОРАБОТНИК ЗА СТАТИСТИКА

Вита Медиа Груп е фаворит во светот на iGaming, генерирање водечки и партнерски маркетинг. Со посветен пристап базиран на податоци, гарантираме дека нашите корисници секогаш го наоѓаат токму она што го бараат. Вита Медиа Груп работи во вертикалата на iGaming и финансиските услуги, каде што нашето огромно искуство ни овозможува да ги препознаеме потребите на клиентите и да обезбедиме оптимални решенија и соодветни активности. Со буквално илјадници компании кои се борат за истото внимание на клиентите и сè помала лојалност на клиентите, создавањето и одржувањето на солидна база на клиенти стана клучна компонента за успех во онлајн маркетингот.

Моментално е отворено следново работно место:

SENIOR AFFILIATE MANAGER

Webhelp е глобална outsourcing компанија, која врши корисничка поддршка, за едни од најголемите светски компании во светот.

Моментално вработува:

IT COORDINATOR

Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Нормално е да бидеме возбудени кога ќе ја добиеме првата понуда за работа. Приклучувањето кон работната сила со полно работно време може да значи плата, бенефиции и пат до финансиска независност. Но, пред  да прифатите понуда, важно е да процените што точно ви ветува компанијата и да преговарате за истата. Според едни изстражувања околу 56% од работниците чуствуваат голем страв кога преговараат.

Како да преговарате за погоелма плата од понудената?

Бидејќи  работодавецот ве одбрал вас сметајќи ве за најдобар кандидат за одбраната функција не треба да имате страв додека преговарате. Препорачливо е никогаш да не ја прифаќате понудата на лице место и наместо тоа, да одвоите малку време за да го истражите пазарот за вашата позиција. Откако ќе знаете што сакате од преговорите, побарајте да разговарате за понудата.

Како да се подгответе за преговор?

Важен дел од преговарачкиот процес е да се подготвите за сè што може да  се случи. Знаејќи што е разумна побарувача и покажува на компанијата дека имате истражувано доволно за да го направете првичното барање. Важно е да имате причина зошто барате да преговарате. На пример, ако луѓето во вашата област или во други компании на слична позиција со вашето ниво на обрзование заработуваат повеќе. За ова ви е потребна причина да докажете зошто сметате дека заслужувате поголема плата. Ако кажете само „сакам повеќе“ нема да го добиете посакуваното.

Промовирани огласи »

Новиот вид на корона „Кракен“ е позаразен од сите досега, предупредува Светската здравствена организација.

Подваријантата на корона вирус XBB.1.5. ја загрижи Светската здравствена организација, која го нарече најзаразната подваријанта на Ковид што некогаш била откриена. Вирус XBB.1.5. експертите го нарекуваат и „Кракен“, по легендарното морско чудовиште, џиновски октопод кој влечеше бродови до дното и убиваше морнари.

Тоа е подваријанта на омикронскиот вид на корона вирусот, кој веќе ја зафаќа Америка, а „Кракен“ брзо се прошири и во Европа, но првите информации укажуваат дека предизвикува блага клиничка слика, како и омикрон.

Загрижени сме поради брзината на ширење на оваа подваријанта во Америка и одредени европски земји. Тоа е екстремно заразен вид и колку повеќе можности има вирусот да се шири, толку повеќе можности ќе има за промени и мутации, рече д-р Марија ван Керхов од СЗО.

„Кракен“ е откриен во Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Ирска, Австралија, Сингапур, Индија... На протеините на шилецот има 14 нови мутации, што значи дека полесно ги инфицира и луѓето кои веќе имаат имунитет од корона, било преку вакцинација или претходна болест. Тоа ги прави поподложни на инфекција, но не и на сериозна клиничка слика.

Промовирани огласи »

Американскиот гигант за онлајн шопинг Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници, потврди извршниот директор Енди Џеси.

Откако веста за отпуштањата протече во јавноста, Џеси ја потврди шпекулацијата во објава на веб-страницата на Амазон, велејќи дека разговорите со погодените работници ќе започнат на 18 јануари, со отпремнина и поддршка за наоѓање други работни места.

Најмногу отпуштања има во одделенијата на онлајн продавници

Најпогодени од отпуштањата ќе бидат онлајн продавницата (Amazon Stores) и одделенијата за управување со човечки ресурси, рече тој.

Компанијата со седиште во Сиетл почна да отпушта работници во својот оддел за уреди во ноември, при што извор изјави за Ројтерс во тоа време дека има за цел 10.000 отпуштања.

Амазон вработува повеќе од 1,5 милиони работници на глобално ниво, е втор најголем приватен работодавач во САД и се подготвува за веројатно забавување на растот на бизнисот бидејќи зголемената инфлација ги принудува бизнисите и потрошувачите да ги намалат трошоците.

Скратување на повеќе работни места од другите големи компании

Според најавата, Амазон ќе укине повеќе работни места од другите големи компании, што ќе претставува брз пресврт за трговецот кој во претходните месеци ја удвои горната граница на основната плата во компанијата за подобро да се натпреварува за таленти, пишува Ројтерс.

Имено, во пресрет на очекуваната рецесија и поради послабите деловни резултати, отпуштања веќе најавија во претходните месеци, меѓу другите, Мета, сопственикот на Facebook, кој рече дека ќе отпушти повеќе од 11.000 работници, Мајкрософт објави дека би отпуштила околу илјада, а во масовни отпуштања веќе започна социјалната платформа Твитер.

EPA-EFE/CJ GUNTHER

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »