Промовирани огласи »

Купивте нов клима уред, машина за перење или фрижидер, а на едната страна забележавте етикета со бои од црвена до зелена и букви од A до G. Па, се прашувате што означуваат?

Станува збор за производи што влијаат на потрошувачката на електрична енергија, па од таа причина се дефинирани седум основни енергетски класи, почнувајќи од најмалку ефикасната класа G, до најефикасната А класа. Во рамки на класата се користат и три дополнителни класи што означуваат уште поголема енергетска ефикасност на уредите – А+, А++ и А+++.

Податоците покажуваат дека најголеми потрошувачи на струја во едно домаќинство се електричните уреди (фрижидери, машини за перење, електрични шпорети, бојлери, замрзнувачи…), коишто годишно трошат скоро една петтина од вкупната количина на електрична енергија што му е потребна на едно домаќинство.

Уредите што ѝ припаѓаат на А+++ енергетската класа трошат дури 60% помалку електрична енергија во однос на уредите што ја носат само А класата. На пример, еден комбиниран фрижидер од класа А+++ годишно троши околу 150kWh електрична енергија, додека ист таков фрижидер од класа А има потрошувачка од околу 300kWh струја.

Доколку купувате машина за перење алишта со ознака А+++, во тој случај таа ќе троши за 30% помалку електрична енергија во однос на машина од енергетската класа А. Но, ако на машината за перење има ознака со С класа, во споредба со А+++ ќе има потрошувачка поголема за дури 95%.

Клима уредите се големи потрошувачи на струја, а нивната потрошувачка зависи од големината на просторот што го разладуваат или затоплуваат, силата на клима уредот и од тоа колку часа дневно е пуштена. Оние клима уреди што се од енергетска класа А трошат меѓу 18 и 60kWh струја месечно ако се вклучени само на еден час. Ако клима уредот е од класа D, за истиот период ќе има потрошувачка поголема за околу 20%.

Енергетски ефикасните уреди со поголема енергетска ефикасност, освен што трошат помалку електрична енергија и вода, имаат и помало ниво на бука, па затоа се тивки и еколошки прифатливи.

Европската унија во 2010 година ја усвои директивата за енергетски ознаки со коишто е пропишано уредите да бидат означени според нивото на потрошувачка на струја од А до G. Директивата на почетокот ги опфаќаше само фрижидерите, машините за перење, машините за миење садови, а потоа е проширена и на останати апарати за домаќинство како што се телевизори, шпорети, машини за сушење алишта, осветлување.

Промовирани огласи »

Етиопјаните во многу домови го слават почетокот на Новата година со гозба и покрај тешкотиите предизвикани од зголемените цени, војната и гладот ​​што беснее на север.

Но, нивниот календар е единствен. Заостанува зад западниот за седум години и осум месеци, па во сабота на 11 септември 2021 година им започна 2015 година. Ова се должи на различното пресметување на годината на раѓање на Исус Христос, пишува Би-Би-Си.

Кога Католичката црква го промени пресметувањето во 500 година од нашата ера, Православната црква во Етиопија не го направи тоа. Така, сега, во Етиопија, Новата година се паѓа според западниот календар, на 11 септември или на 12-ти во престапната година.

Во Етиопија, секој од 12-те месеци има 30 дена, додека тринаесеттиот - последниот од годината - има пет или шест дена, во зависност од тоа дали е престапна година.

Времето исто така се пресметува поинаку - денот е поделен на два дванаесетчасовни поделби со почеток во шест часот, со што и пладне и полноќ паѓаат во шест часот по свое време.

Затоа, ако некој ве покани на кафе во Адис Абеба во 10 часот, немојте да се изненадите ако се појави во 16 часот.

  

Промовирани огласи »

Наскоро ќе има нови правила за добивање германско државјанство. 

Странците кои живеат во Германија повеќе нема да мора да се откажуваат од своите пасоши за да добијат германско државјанство, а можат да аплицираат по само пет години престој во земјата. 

Владата на социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц се согласи да воведе „современ закон за државјанство“ во 2021 година.

Други аспекти на реформата вклучуваат олеснување на барањата за германски јазик за одредени групи и укинување на тестот за државјанство за оние на взораст над 67 години.

Сега странците мора да живеат во Германија до осум години пред да можат да аплицираат за државјанство.

Германија и натаму има потреба на работа сила. 

foto freepik.com/Allexxander

Промовирани огласи »

Министерството за животна средина во 2018 година најави категоризација на возилата во зависност од тоа колку загадуваат и субвенции за купување поеколошки возила. Законот за возила донесен во 2019, предвидува од јануари 2021 секое возило при регистрација да добие една од трите еколошки налепници во зелена, жолта или црна боја, во зависност од еколошката категорија и загадувањето што го прават. Освен еколошка такса при регистрација, категоризацијата како што беше најавено, требаше да се користи и за ограничување на движењето на возилата во градските зони во денови со зголемено ниво на аерозагадување.

И додека некои граѓани веќе направија промена на своите возила водени од најавените измени, сепак целата работа е сè уште заглавена и чека Министерството за економија да донесе Правилник за категоризација пред да може да почне да се применува.

Додека ние чекаме правилник, ЕК најави нова Еуро 7 регулатива

Возилата и транспортот имаат значителен удел во загадувањето на градовите и додека во Европа освен што при самата регистрација на возилата се наплаќа еколошка такса во зависност од тоа колку и како загадуваат, се повеќе градови и држави дополнително го уредуваат движењето на возилата во градските средини согласно загадувањето што го прават. Иако законот беше донесен во 2019 година и предвидуваше зелени еколошки налепници за возилата со Еуро 5 стандард, а во ЕУ на сила веќе беше Еуро 6 нормативата, во меѓувреме додека се чека правилникот од Економија за спроведување на категоризацијата во пракса, ЕК веќе најави и нови построги Еуро 7 норми за возилата.

Од Министерство за економија за МИА велат дека воведувањето на еколошка категоризација на возилата треба да почне по објавувањето на Правилникот и дека во моментов се работи на правно-техничко и редакциско подобрување на текстот согласно забелешките на Секретаријатот за законодавство.

Министерството за економија изработи правилник со кој се пропишува постапката за определување на еколошката категорија на возилата, формата, содржината и начинот на поставување на еколошката налепница, како и висината на трошоците за утврдување на еколошката категорија на возилото и за изготвување на еколошка налепница и истиот го достави на мислење до Секретаријатот за законодавство. Во моментов, согласно забелешките на Секретаријатот за законодавство, се работи на правно-техничко и редакциско подобрување на текстот на правилникот, се вели во одговорот од Министерството.

Во меѓувреме, Европската комисија на почетокот на ноември годинава предложи регулатива со нови правила за намалување на штетните издувни гасови од моторните возила наречена – Еуро 7, во која првпат се регулираат емисиите на честички и микропластика генерирани од користењето на гуми и сопирачки.

Новата норма Еуро 7 ќе ја замени претходната и воведува единствен сет на правила за ограничувања на емисијата за сите моторни возила без оглед дали возилото користи бензин, дизел, електричен погон или алтернативни горива. Сите автомобили и комбиња кои ќе влезат на пазарот на ЕУ ќе мора да имаат нула емисии на јаглерод диоксид од 2035 година, но повеќе од 20 проценти од автомобилите и комбињата и повеќе од половина од тешките возила во 2050 година се очекува сè уште да испуштаат емисии на штетни гасови.

Новите правила поставуваат дополнителни ограничувања за емисиите на честички од сопирачките и микропластиката од гумите и ќе важат за сите возила, вклучувајќи ги и електричните.

Согласно Законот за возила, најавената еколошка категоризација кај нас ќе се врши во три бои:

Првата еколошка категорија (зелена боја) ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 5 и повисоко, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 4 и ЕУРО 3 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас, хибридните возила и електричните возила, како и возилата кои имаат вградена опрема која ја намалува емисијата на гасови во воздухот и ги достигнуваат стандардите на ЕУРО 4,5 и повисоко.

Втора еколошка категорија (жолта боја) ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 4 и ЕУРО 3.

Трета еколошка категорија (црвена боја) ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови.

Глобите за возилата кои немаат еколошка налепница, согласно законот, се 1 000 евра за техничката служба и 250 евра за одговорното лице во техничката служба. 

Еколошката налепница возачите нема да ги чини повеќе од 600 денари, а општините ќе треба да одредат зони на движење

Трошоците во постапката за утврдување на еколошката категорија на возилото, се на товар на сопственикот на возилото.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање, за МИА велат дека според нивните информации, овие прописи се уште не се донесени и дека по донесувањето на прописите и доделувањето на еколошки налепници од техничките служби, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе го следи спроведувањето на Законот за возила во делот на еколошките налепници преку инспекторите за животна средина, кои поднесуваат барање до Комисијата за одлучување по прекршок, која функционира во рамките на МЖСПП.

На прашање од МИА, колку ќе чини еколошката категорија при регистрација на возилата, од Министерството за економија велат дека согласно Предлог правилникот висината на трошоците за утврдување на еколошката категорија на возилото од овластена техничка служба, согласно ангажираните лица и времетраењето на постапката, вклучувајќи ја и цената на еколошката налепница, не треба да изнесува повеќе од 600,00 денари со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ).

Бидејќи општинските власти треба да определат зони и да дефинираат кои возила, односно со каква еколошка налепница (од која еколошка категорија) ќе можат да се движат во секоја зона и да постават соодветна сообраќајна сигнализација (знаци), по кои сообраќајната полиција ќе може да постапува, општините треба да ја утврдат висината на еколошката такса за секоја еколошка категорија, велат од Министерство за економија.

На прашање за што се наменети, односно каде и како се трошат парите собрани по основ на еколошка такса, од Министерството за економија кусо одговорија дека во моментов не се собираат пари по основ на еколошка такса.

Од најавените субвенции за возила, во пракса само за вградување на ТНГ уреди

Согласно измените на Законот за возила, донесени од Собранието во јули 2019, иако беа најавувани субвенции за електрични (пет илјади евра) или хибридни возила (три илјади евра), во усвоеното Законско решение се вели дека Министерството за економија за тековната фискална година согласно планираните средства од Буџетот изготвува програма за субвенционирање на дел од трошоците за купување на ново возило со одјавување на старото, како и програма за субвенционирање на дел од трошоците за вргадување на уредни на течен нафтен гас или метан.

Новините во Законот за моторни возила, ги презентираше министерот за економија Крешник Бектеши, по нивното усвојување во Собранието во 2019 година.

Со мерката за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила се предвидува да се субвенцинира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво. Мерката за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старо возило има за цел да се зголеми  увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе се влијае на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздухот. Се предвидува да се субвенции од  2.000 – 3000 евра во денарска противвредност за набавка на ново возило и во првата година се предвидува да бидат опфатени над 200- 500 возила, истакна министерот Бектеши.

На прашањето дали се планираат некакви законски измени и олеснувања за поголемо користење на електрични/еколошки возила, од МЖСПП велат дека сега, електричните возила се ослободени од плаќање на надомест за животна средина, а законска надлежност за субвенции има Министерството за економија.

Законот за возила е закон за чии надлежности е одговорно Министерството за економија. Надлежностите на Министерството за животна средина и просторно планирање е Законот за животна средина во кој електричните возила се ослободени од плаќање на надомест за животна средина согласно член 46 став 4 од  Измените на Законот за животна средина (Сл.Весник  на РСМ 89 од 11.04.2022 година.), се вели во одговорот од МЖСПП.

Од Министерството за економија, на прашање од МИА до каде се најавените субвенции за електрични возила, појаснуваат дека во 2019 година изработиле Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за возила во кој беше предвидена програма за субвенционирање за купување на возила на електричен погон.

Предлог законот во собраниска процедура беше изменет и од текстот на истиот беше отсранета Програмата за субвенционирање за купување на возила на електричен погон, се вели во одговорот од Министерството за економија.

Во однос на тоа, дали се планираат некакви законски измени и олеснувања за поголемо користење на електрични возила, од Економија велат: „во моментов во Министерството за економија не се предвидени законски измени и олеснувања во поглед на поголемо користење на електрични возила.“

Еколошката такса при регистрација зависи само од староста и зафатнината на моторот, без разлика дали возилото е дизел, бензин или на гас

Граѓаните со измените на Законот за животна средина од април 2022 година при регистрација на возилата плаќаат еколошка такса.

Од МЖСПП за МИА, велат дека висината на надоместокот што го  плаќаат домашни правни и физички лица што ја загадуваат животната средина со користење на моторни возила за период од една година е регулирано во член 46 од Измените на Законот за животна средина (Сл.Весник  на РСМ 89 од 11.04.2022 година.)

При одредувањето на висината на еколошката такса не се прави разлика какво погонско гориво користи возилото, а единствени критериуми се староста и зафатнината на моторот, без разлика дали возилото користи бензин, дизел, биодизел или гас. Така возилата произведени иста година и со иста зафатнина на моторот ќе плаќаат иста еколошка такса без разлика дали се дизел или бензин.

  Од 0 до 5 години старост Од 6 до 10 години старост Од 11 до 20 години старост Од 21 до 30 години старост Над 30 години старост

  • до 750 см3 150 денари 250 денари 350 денари 450 денари 450 денари
  • од 751 – 1 400  см3 250 денари 350 денари 450 денари 550 денари 550 денари
  • од 1 401 – 2 000 см3 300 денари 400 денари 500 денари 600 денари 600 денари
  • над 2 001 см3 400 денари 500 денари 600 денари 700 денари 700 денари

За патнички моторни возила од категорија М1, согласно законот, во зависност од зафатнината на моторот предвидени се четири групи – до 750 кубни сантиметри, од 751 до 1 400, од 1 401 до 2 000 и над 2001 кубни сантиметри.

За олдтајмери, не се прави разлика на зафатнината на моторот и еколошката такса изнесува 300 денари.

Финансиските средства од овој надоместокот што се плаќаат при регистрација на возилата се трошат согласно Програма за инвестирање во животна средина.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »