Промовирани огласи »

Шпаркасе Банка е членка на австриската групација "Steiermaerkische Bank und Sparkassen" Graz, која претставува една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 2 милиона клиенти и околу 500 експозитури. Во Македонија групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе лизинг. Овие компании овозможуваат избор на широка палета на банкарски, лизинг и брокерски услуги.

Успехот на своите клиенти, вработени и придонес во општествената заедница е наша одговорност!

Со посветен и експертски тим, градиме доверба и долгорочно партнерство препознавајќи ги потребите на секој клиент – банка која ги исполнува очекувањата, ги почитува различностите и има еднаков третман за сите. Одговорното банкарско работење и стабилноста се наш приоритет. Иновативноста и агилноста се наша движечка сила. Бидејќи клиентите ни се на прво место, за подобра и навремена услуга на истите константно го прошируваме својот тим.

Моментално го прошируваме својот тим и како активно е следното работно место:

СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ - СТРУМИЦА

Промовирани огласи »

ТАВ Македонија ја подобрува поврзаноста на скопскиот аеродром со лансирање на голем број нови линии во 2023 година и влезот на неколку превозници на македонскиот пазар. Новата десет неделна услуга на Луфтханза меѓу Франкфурт и Скопје, која ќе стартува во април, значително ќе ја подобри поврзаноста на аеродромот со главните центри ширум светот. Оваа година и Norwegian Air Shuttle ќе влезе на македонскиот пазар со двонеделна услуга од Осло, почнувајќи од јуни. По успешните разговори меѓу Кроација ерлајнс, авиопревозникот ќе отвори дво-неделни летни летови од Сплит до Скопје.

Аеродромот, исто така, учествуваше на овонеделниот меѓународен саем за туризам „Фитур“ во Мадрид, бидејќи продолжува да ги обновува летовите со Шпанија без престан. Имаше силен интерес од двете страни двете земји да бидат поврзани со авиопревоз уште откако Wizz Air ги прекина своите операции меѓу Скопје и Барселона во декември 2021 година. Понатаму, кон крајот на минатата година, LOT Polish Airlines одржа разговори со ТАВ Македонија во Варшава со цел во иднина дополнително да ги прошири своите операции во Скопје. Конечно, Flydubai привремено го закажа своето враќање во Скопје за крајот на октомври, што пак ќе означи обновување на летовите до Заливот, наведува EX-YU Aviation News. 

EPA/JOHAN NILSSON SWEDEN OUT

Промовирани огласи »

Соработката на работното место може да означува многу работи. Ова го вклучува нивото на кое вработените учествуваат во донесувањето одлуки, како менаџментот и вработените работат заедно за да ги решат проблемите  за да заедничките цели бидат постигнати.

Постојат многу начини кои раководството заедно со вработените можат да ги преевземат за подобрување на соработката на работното место.

  • Тимската работа мора да стане дел од културата на вашето работно место.
  • Ресурсите потребни на вашиот тим секогаш треба да бидат обезбедени од претпоставените.
  • Бидете социјализирани и надвор од работа.
  • Поделете ги улогите со другите колеги во тимот.
  • Проблемите секогаш решавајте ги навреме.

Не дозволувајте лошата комуникација да ви наштети на вашето работното место и имплементирајте ги горенаведените совети за да се осигурате дека соработката ви оди во добар правец.

Промовирани огласи »

Американскиот милијардер Бил Гејтс инвестираше во австралиска старт-ап компанија, која работи на полето на климатските промени и има намера да ги намали емисиите на метан произведени од подригнувањето на кравите.

Основачот на Мајкрософт проговори за производството на месо и неговото влијание врз животната средина, објави „Би-би-си“ на српски.

По јаглерод диоксидот, метанот е најзастапениот гас со ефект на стаклена градина.

Животните како што се кравите, козите и елените испуштаат метан кога нивниот стомак вари тешки влакна, како што е тревата.

При овој процес на ферментација се произведува метан, а најголемата количина од овој гас се исфрла со подригнување.

Истражувањето на Универзитетот покажа дека би можело да има значително намалување на емисиите на метан доколку кравите се хранат со алги.

Стартапот Rumin8 од Перт работи на додаток во исхраната, синтетички производ од црвени алги кој го спречува формирањето на метан.

Собрани се 12 милиони долари во кампања за собирање средства со помош на компанијата „Breakthrough Energy Ventures“, која Гејтс ја купи во 2015 година, објави оваа австралиска компанија.

Во стартапот инвестираа и извршниот директор на Amazon, Џеф Безон и Џек Ма, кинески бизнисмен и основач на Alibaba.

Во период од сто години, метанот ја загрева планетата 28 до 34 пати повеќе од јаглерод диоксидот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »