Американскиот милијардер Бил Гејтс инвестираше во австралиска старт-ап компанија, која работи на полето на климатските промени и има намера да ги намали емисиите на метан произведени од подригнувањето на кравите.
Основачот на Мајкрософт проговори за производството на месо и неговото влијание врз животната средина, објави „Би-би-си“ на српски.
По јаглерод диоксидот, метанот е најзастапениот гас со ефект на стаклена градина.
Животните како што се кравите, козите и елените испуштаат метан кога нивниот стомак вари тешки влакна, како што е тревата.
При овој процес на ферментација се произведува метан, а најголемата количина од овој гас се исфрла со подригнување.
Истражувањето на Универзитетот покажа дека би можело да има значително намалување на емисиите на метан доколку кравите се хранат со алги.
Стартапот Rumin8 од Перт работи на додаток во исхраната, синтетички производ од црвени алги кој го спречува формирањето на метан.
Собрани се 12 милиони долари во кампања за собирање средства со помош на компанијата „Breakthrough Energy Ventures“, која Гејтс ја купи во 2015 година, објави оваа австралиска компанија.
Во стартапот инвестираа и извршниот директор на Amazon, Џеф Безон и Џек Ма, кинески бизнисмен и основач на Alibaba.
Во период од сто години, метанот ја загрева планетата 28 до 34 пати повеќе од јаглерод диоксидот.