Промовирани огласи »

Значителен е растот на дојдовниот туризам во Македонија, од 2005 до 2015 година за речиси 100 отсто, бележи Светската туристичка организација при Обединетите нации. За да продолжи ваквиот тренд, фокусот треба да се стави, пред се, на алтерантивниот, рурален туризам кој станува се поатрактивен во светски рамки.

Но, како што беше истакнато денеска, на првата македонска турситичка берза што ја организира новоформираната Национална асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ), многу е важно земјава да биде и дел од балканските тури како дестинација во која ќе се престојува најмалку пет дена, а не само како попатна станица.

Македонија ги поседува сите ресурси за да биде на нивото на Словенија чиј туризам учествува со 13 отсто во бруто домашниот производ (БДП). Кога ќе се обедини целиот сектор, кога ќе се поддржат агенциите кои работат дојдовен туризам и хотелите во реновирањето на нивната база, кога ќе се обезбеди поевтино кредитирање за превозниците, тогаш ќе се случи предвидуваниот раст од пет отсто во БДП до 2020 година. Тоа сериозно можеме да го постигнеме, изјави претседателот на НАИТМ Влатко Сулев.

Амбициите на туристичките работници, додаде, е процентот на туризмот во БДП да биде 10 отсто до 2025 година.

Одговорајќи на новинарски прашања, Сулев посочи дека повеќето странски гости и тур-оператори, особено оние од прекуокеанските земји, Македонија ја гледаат како дел од регионот.

Во таквите, балкански тури, земјава е најчесто попатна станица. Кога словенечките агенции прават балканска тура, операторот ги држи гостите пет дена во Словенија, а ги носи во Македонија со само едно ноќевање во Скопје. Значи, фабриката сме ние, агенциите. Затоа мораме да ги подобриме капацитетите, и човечките и ресурсите, и да успееме да ги донесеме странските оператори на Балканот. Тогаш ќе имаме шанса да ја вклучиме Македонија со минимум пет – шест дена во рутите, подвлече претседателот на НАИТМ.

Во Словенија, нагласи, тур-операторите имаат вработено по 80 – 90 луѓе и тие работат само дојдовен туризам, а нашите агенции вработуваат во просек по шест до 10 лица.

Развојот на алетрнативниот туизам е од особена корист зашто во таков случај еден странски гостин сака да остане на едно место (дестинација) неколку дена. – Туристите кои доаѓаат за т.н. авантуристички туризам, трошат по околу 100 долари на ден. Тие ни требаат. Затоа ставаме акцент на тој вид туризам и сакаме да го промовираме повеќе. Но, треба да го задржиме и групниот туризам, дополни Сулев.

На првата македонска туристичка берза, хотелите, рестораните, превозниците, винариите и туристичките и планинските водичи од Македонија ги понудија своите услуги и производи на агенциите за дојдовен туризам. – Оваа форма за организирано среќавање на понудата и побарувачката во туристичкиот сектор често се применува во развиените држави како можност сите чинители да се соберат на едно место, да разменат идеи и да се информираат за новитетите во индустријата. Но, пред се да почнат деловна соработка и да развијат нови туристички производи, информира Сулев.

Одржувањето на туристичката берза го поддржа Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Промовирани огласи »

Стопанската Комора на Северо-западна Македонија вчера го промовираше шестото издание на Каталогот Топ 100 и ги прогласи најдобрите 100 компании во Македонија.

Заедничкото одбележување на успесите на компаниите и манифестацијата на доделување на наградите се одржа во Square 21 -Скопје. На промоцијата се обрати министерот за економија Дритон Кучи. 

Овој каталог е добра можност да се видат достигнувањата и напредокот преку претставување на нашите успеси за 2015 година. Дозволете ми да истакнам дека постигнувањето на СКСЗМ, не би биле можни без сеопфатна и беспрекорна помош на нашите членови, кои со својот придонес овозможија нашиот пат да биде побрз и помалку макотрпен.  

Тимот на KARIERA.mk како HR партнер беше дел од овој настан. Преку презентација голем дел од фирмите имаа можност да се информираат за нашиот сајт и како полесно да се поврзат со кандидатите за вработување.

 

 Муарем Муртезани сопственик на Алма-M

Изет Зекири професор на Штуловиот Универзитет

Арсим Папранику сопственик на Нептун

Арлинд Зекири Министер за странски инвестиции

Промовирани огласи »

„Епл“ првпат призна дека планира да инвестира во автомобили кои ќе имаат автопилот. Компанијата со своето писмо до американските транспортни регулатори наведе дека е возбудена поради потенцијалот на автономните системи во многу подрачја, вклучувајќи го и превозот.

Во компанијата сметаат дека наскоро ќе бидат појасни бројните значајни општествената полза од возилата со автопилот. Компанијата „Форд“, која и самата планира производство на вакви автомобили, што на патиштата треба да се појават до 2021 година, призна дека тоа планирала да го прави на ист начин како „Епл“.

Промовирани огласи »

Понекогаш парите не се најголемата мотивација на вработениот.

Нудиме шест начини со помош на кои работодавецот би ги мотивирал своите вработени, без разлика на големината на буџетот на компанијата.

1. Работете посебно со секој вработен за да го креирате неговиот или нејзиниот развоен план.

2. Доверете му на вработениот некоја значајна работа која ќе го мотивира и ќе биде предизвик за него, па потоа дајте му слобода за донесување одлуки.

3. Јасно дефинирајте ја визијата, мисијата и стратегијата на тимот заедно со вработените.

4. Поставете се како пример за вработените помагајќи им да ги откријат нивните пасии и подржувајќи ги нивните цели.

5. Најдете креативни начини за пофалба на добро завршената работа на вработениот, но не го заборавајте и едноставниот начин како давање искрен комплимент.

6. Вклучете ја помошта од вашиот тим при генерирање нови идеи за значајни потфати кои не чинат многу.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »