Македонците најмногу одмараат во однос на другите во регионот според бројот на неработни денови во годината.
Со вкупно 28 неработни денови во текот на календарската 2023 година, во кои се вклучени државни, верски, но и други празници, Северна Македонија е на првото место во земјите од регионот, кога станува збор за бројот на неработни денови. Меѓу нив се државни и верски празници, но и национални денови на етничките заедници во земјата, на оние припадници на заедниците кои во Уставот се наведени како конститутивни, меѓу нив Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми и Власи, анализира ТРТ.
Следуваат Црна Гора и Косово каде граѓаните имаат по 21 неработен ден поради различни празници. Според црногорскиот Закон за државни и други празници, сите празници во Црна Гора се празнуваат два дена, а неработни се и главните верски празници. Доколку празникот се паѓа в недела, неработни се двата наредни денови. Доколку втор празничен ден е недела, неработен е првиот нареден ден.Државјаните на Косово имаат вкупно 21 неработен ден поради празниците. И во Косово, етничките заедници како неработни денови ги имаат своите национални празници кои ги празнуваат неработно.
foto freepik.com/snowing