Промовирани огласи »

За жал, анализите покажуваат дека просечен човек од Македонија заработува најмалку во регионот.

Во мај највисока просечна плата е исплатена во Словенија од 1.050,78 евра, а најниската е во Македонија и изнесува 372,55 евра, покажува анализа на агенцијата Анадолија. 

Во истиот месец во Хрватска просечната плата била 813,17 евра, во Црна Гора 510 евра, во Србија  409,63 евра и во БиХ 439,71. 

Најмногу пораснала платата во Хрватска во однос на претходно, а најмалку во Црна Гора и тоа само 7 евра. 

Во БиХ платата пораснала за 11.71 евро, а во Македонија за 9.05 евра.

На крајот од 2016 година во Словенија платата била 1.020,40 евра, во Хрватска 749,70 евра, во Црна Гора 503 евра, во БиХ 428 евра, во Србија 369,70 евра и во Македонија 363,50 евра. 

Промовирани огласи »

САД се подготвуваат да ја укинат лотаријата за добивање зелена карта која е еден од најпосакуваните документи за имигрантите во оваа земја. Американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со двајца републикански сенатори наскоро ќе најави предлог-закон насочен кон намалување на легалната имиграција, мерка која републиканците одамна ја најавуваа.

Со предлог-законот за намалување на легалната имиграција, ќе се укине лотаријата за зелена карта, што во голема мера ќе го отежне нејзиното добивање. Овој закон предвидува и ограничување за влез на членови на семејствата на имигрантите, со што легислативата ќе придонесе за намалување на бројот на имигрантите со легален престој во САД од еден милион на 500.000 лица годишно.

Овој закон допрва треба да помине во Сенатот, но очекувањата се дека ќе биде изгласан. Трамп уште за време на неговата претседателска кампања најавуваше дека една од неговите главни цели во политиката ќе бидат реформи во имиграциониот закон на САД.

Ако се изгласа законот, во иднина предност при добивањето на овој документ ќе имаат кандидатите кои добро го владеат англискиот јасик, имаат доволно финансиски средства за да се издржуваат живеејќи во САД, како и оние кои што поседуваат знаења и вештини кои ќе бидат од корист за развој на американската економија.

На овој начин ќе се намали сиромаштијата во земјата, ќе се зголемат платите и ќе се заштедат пари на даночните обврзници. Истовремено, со новите правила, ќе се намали миграцијата – изјави Трамп за медиумите во САД.

Промовирани огласи »

Сигурно се сложувате со тимот на КАРИЕРА.мк дека е навистина тешко да се разбудите и да одите на работа на место каде не се чувствувате пријатно.

Работно место не е само една полна просторија со мебел, таа просторија ја прават нашите колеги, атмосферата и клиентите.

Според многу истражувања негативната атмосфера која прави да не се чувствуваме пријатно на работа директно влијае на нашата психа и на волјата за успех и просперитет.

Доколку често ги слушате овие реченици на работа - време е да почнете да трагате по нова средина бидејќи дефинитно не работите во пријатна атмосфера која ве упатува кон успех:

1. Овде секогаш ги правиме работите така.
2. Не е твоја работа да ја донесеш оваа одлука.
3. Не поставувај прашања.
4. Тоа си е твој проблем, мене не ме интересира.
5. Не ги ставај под сомнение моите одлуки.
6. Ако не ти се допаѓа, ќе вработиме некој друг.
7. Треба да си задоволен што воопшто имаш работа.
8. Тоа е работата – не треба да е забавно.

Запомнете – само затоа што не ви се допаѓа вашата сегашна работа, тоа не ве прави помалку способни и талентирани.

Фатете се за работа, составете го вашето најдобро cv досега со сите искуства од вашиот живот и аплицирајте на активните огласи на KARIERA.mk

Промовирани огласи »

Владата на Република Македонија синоќа на 19-тата седница го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата и со тоа ја започна законската процедура за зголемување на минималната плата на ниво од 12.000 денари.

Ќе се овозможи исплаќање на иста висина на минимална плата за сите вработени во Република Македонија кои примаат минимална плата, а ќе се обезбеди и финансиска поддршка за фирмите од Буџетот на Република Македонија за да ја исплаќаат договорената повисока минимална плата.

Како што соопшти владината прес-служба, усвоените измени на предлог законот, Владата во текот на денов веднаш ќе ги достави до Собранието на Република Македонија на разгледување и усвојување.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »