Промовирани огласи »

Заменик-министерот за финансии, Филип Николоски гостуваше во „ТВ24“ каде што зборуваше за данокот за солидарност и кажа дека е веќе во собраниска процедура.

Самото име на данокот покажува дека целта е оние што направија дополнителен профит во време на криза, кој не доаѓа со инвестиции и циклуси, да покажат солидарност токму кон оние на кои им е најмногу потребно. Тие пари ќе бидат насочени за мерки, за помош на граѓаните која им е најпотребна во ваква економска криза. Со законот ќе бидат опфатени околу 200 компании, а прв услов е ако профитот е над 10 милиони евра промет, а вториот услов е ако профитот е над 20 отсто поголем од просекот на профитот од минатите четири години. Од овој данок би се собрале околу 70 милиони евра, кажа Николоски.

Николоски посочи дека законот бил изготвен по примери од Хрватска, Велика Британија и други земји.

Промовирани огласи »

Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 0,1 процент, а цените на мало бележат намалување од 0,4 проценти. Пораст на трошоците на животот има кај кафето, чајот, какаото, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје, жестоките пијалаци, месото, лебот и житата, прехранбените производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи.

Зголемување е забележано и кај собирањето смет, весниците, канцеларискиот материјал, електричната енергија, големите електрични апарати за домаќинствата, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор, опремата за спорт, производи за лична хигиена...

 Намалување на трошоците на животот во споредба со декември има кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, кај маслото и виното, како и кај воздухопловниот патнички транспорт, снабдувањето со вода, обувките, горивата, малите електрични апарати за домаќинствата...

Промовирани огласи »

Европскиот парламент вчера даде конечно одобрение за задолжителна имплементација на стапките на нулта емисија за нови автомобили и комбиња од 2035 година. Ова значи дека за 12 години, нови автомобили на бензин и дизел повеќе нема да се продаваат.

Новите стандарди за емисија на CO2 за автомобили и комбиња се дел од правниот пакет „Подготвени за 55“, а беа поддржани со 340 гласа „за“, 279 „против“ и 21 воздржан. Регулативата беше поддржана од претставници на социјалдемократите, зелените и либералите.

„Оваа регулатива го поттикнува производството на возила со нула и ниски емисии (...) Овие цели обезбедуваат јасност на автомобилската индустрија и ги поттикнуваат производителите на автомобили да иновираат и инвестираат. На потрошувачите ќе им биде подостапно да купуваат и користат возила со нула емисија на штетни гасови, а пазарот за користени возила ќе се развива побрзо. На овој начин, одржливиот транспорт ќе стане достапен за сите“, рече новинарот на Либералниот клуб Јан Хуитема.

За 12 години повеќе нема да може да се продаваат нови дизел и бензински мотори, туку само нови возила со нула штетни емисии. Преодните цели за намалување на штетните емисии за 2030 година се 55 отсто за автомобили и 50 отсто за лесни комерцијални возила.

Во пракса, тоа значи дека новите автомобили и комбиња на пазарот повеќе нема да смеат да испуштаат CO2, но автомобилите со мотори со внатрешно согорување нема да исчезнат од патиштата.

И по 2035 година, граѓаните и понатаму ќе можат да ги возат своите постоечки автомобили со мотори со внатрешно согорување, па дури и да купуваат користени автомобили на бензин и дизел.

По конечното гласање на пленарната сесија на Европскиот парламент, текстот сè уште треба формално да биде одобрен од Советот пред да биде објавен во Службениот весник на ЕУ.

Промовирани огласи »

Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека укинува 3.800 работни места во Европа, од кои 2.300 во германските градови Келн и Ахен, плус уште 1.300 во Британија.

Целта е да се намалат трошоците, соопшти денеска Форд.

Повеќето од работните места во Германија треба да бидат укинати во одделот за производство во Келн во следните три години, а засегнати се и административните места.

Во моментов, околу 14.000 луѓе работат за Форд во Келн и околу 200 во истражувачкиот центар во Ахен.

Вон Германија и Британија, во Европа ќе бидат укинати 200 други работни места.

Како што пренесе ДПА, Форд е во состојба на пресврт, и релативно доцна се префрлува на електрични возила.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »