Промовирани огласи »

Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 0,1 процент, а цените на мало бележат намалување од 0,4 проценти. Пораст на трошоците на животот има кај кафето, чајот, какаото, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје, жестоките пијалаци, месото, лебот и житата, прехранбените производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи.

Зголемување е забележано и кај собирањето смет, весниците, канцеларискиот материјал, електричната енергија, големите електрични апарати за домаќинствата, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор, опремата за спорт, производи за лична хигиена...

 Намалување на трошоците на животот во споредба со декември има кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, кај маслото и виното, како и кај воздухопловниот патнички транспорт, снабдувањето со вода, обувките, горивата, малите електрични апарати за домаќинствата...

Промовирани огласи »

Европскиот парламент вчера даде конечно одобрение за задолжителна имплементација на стапките на нулта емисија за нови автомобили и комбиња од 2035 година. Ова значи дека за 12 години, нови автомобили на бензин и дизел повеќе нема да се продаваат.

Новите стандарди за емисија на CO2 за автомобили и комбиња се дел од правниот пакет „Подготвени за 55“, а беа поддржани со 340 гласа „за“, 279 „против“ и 21 воздржан. Регулативата беше поддржана од претставници на социјалдемократите, зелените и либералите.

„Оваа регулатива го поттикнува производството на возила со нула и ниски емисии (...) Овие цели обезбедуваат јасност на автомобилската индустрија и ги поттикнуваат производителите на автомобили да иновираат и инвестираат. На потрошувачите ќе им биде подостапно да купуваат и користат возила со нула емисија на штетни гасови, а пазарот за користени возила ќе се развива побрзо. На овој начин, одржливиот транспорт ќе стане достапен за сите“, рече новинарот на Либералниот клуб Јан Хуитема.

За 12 години повеќе нема да може да се продаваат нови дизел и бензински мотори, туку само нови возила со нула штетни емисии. Преодните цели за намалување на штетните емисии за 2030 година се 55 отсто за автомобили и 50 отсто за лесни комерцијални возила.

Во пракса, тоа значи дека новите автомобили и комбиња на пазарот повеќе нема да смеат да испуштаат CO2, но автомобилите со мотори со внатрешно согорување нема да исчезнат од патиштата.

И по 2035 година, граѓаните и понатаму ќе можат да ги возат своите постоечки автомобили со мотори со внатрешно согорување, па дури и да купуваат користени автомобили на бензин и дизел.

По конечното гласање на пленарната сесија на Европскиот парламент, текстот сè уште треба формално да биде одобрен од Советот пред да биде објавен во Службениот весник на ЕУ.

Промовирани огласи »

Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека укинува 3.800 работни места во Европа, од кои 2.300 во германските градови Келн и Ахен, плус уште 1.300 во Британија.

Целта е да се намалат трошоците, соопшти денеска Форд.

Повеќето од работните места во Германија треба да бидат укинати во одделот за производство во Келн во следните три години, а засегнати се и административните места.

Во моментов, околу 14.000 луѓе работат за Форд во Келн и околу 200 во истражувачкиот центар во Ахен.

Вон Германија и Британија, во Европа ќе бидат укинати 200 други работни места.

Како што пренесе ДПА, Форд е во состојба на пресврт, и релативно доцна се префрлува на електрични возила.

Промовирани огласи »

Оваа година нема да биде идеална на економски план. Meѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува  слабеење на инфлацијата во 2023 година.

За 2023 и 2024 година, Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави дека растот е сè уште слаб, но дека може да има позитивна „пресвртница“.

Конечно гледаме дека растот зајакнува и инфлацијата опаѓа по долг период во кој сè беше сосема спротивно, растот слабееше и инфлацијата растеше, изјави Георгиева во неделата во Дубаи.

Светот нема да се врати на потребниот и посакуван раст ниту во 2024 година. Инфлацијата е намалена од 8,8 отсто во 2022 година на 6,6 отсто годинава. За идната година се очекува дека таа ќе изнесува 4,3 отсто. Пандемијата и енергетската криза, но и војната во Украина ги попречија нормалните економски текови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »