За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.
повеќе за компанијата »ФИНМАК е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на физички лица на наједноставен и најбрз начин.
Поради брзиот раст на компанијата нудиме одлична можност за вработување на
Експерт за кредитирање во филијала Куманово
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
- Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
- Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
- Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
- Анализа на ризик и одобрување на кредити
- Нудење можност за продолжување на рок за отплата
- Работа со готовина
- На оваа позиција вработениот одговара пред Регионален Супервизор
Профил на кандидат:
- Вештини за преговарање и убедување
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати
- Флексибилност за работа од понеделник до сабота во две смени
Услови од компанијата:
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Поврзани огласи »