Промовирани огласи »

Второ издание на настанот за вработување на Мајорел, Ден на Отворени врати (Virtual Open Day). Со цел да им се даде можност на сите заинтересирани кандидати од цела држава да се запознаат со Мајорел и работните можности, настанот ќе се одржи онлајн на 01.03.23 преку платформата Teams.

Virtual Open Day е настан за сите што имаат познавање од германски и англиски јазик. Ќе се запознаете со работните можности на Мајорел и ќе имате можност за кратко 10-минутно интервју за работа.

Настанот ќе опфати кратка презентација за Мајорел вклучувајќи и споделување исксуство од вработени. По презентацијата селектираните кандидати според пополнетата пријава ќе имаат можност за индивидуално кратко интервју за работа.

Настанот ќе се одржи онлајн преку Microsoft Teams платформата на 01.03.23 од 16:00 – 18:00 часот.

Агенда:
16:00 - 16:05 – добредојде
16:05 - 16:25 – презентација за Мајорел и споделување искуство на вработени
16:25 - 16:30 – прашања
16:30 - 18:00 - интервјуа за работа со селектираните кандидати

За учество во настанот потребно е да ја пополните пријавата до 26.02.23 на следниов линк - bit.ly/3YI2HI7

До 28.02.23, пријавените кандидати ќе добијат емиал со детали и линк за вклучување во настанот.

За Мајорел:

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 78 000 вработени во 41 земја ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиент од туристичката индустрија.

Мајорел вработува без работно искуство, единствен услов е одлично познавање на некои од светски користените странски јазици.

Промовирани огласи »

Заменик-министерот за финансии, Филип Николоски гостуваше во „ТВ24“ каде што зборуваше за данокот за солидарност и кажа дека е веќе во собраниска процедура.

Самото име на данокот покажува дека целта е оние што направија дополнителен профит во време на криза, кој не доаѓа со инвестиции и циклуси, да покажат солидарност токму кон оние на кои им е најмногу потребно. Тие пари ќе бидат насочени за мерки, за помош на граѓаните која им е најпотребна во ваква економска криза. Со законот ќе бидат опфатени околу 200 компании, а прв услов е ако профитот е над 10 милиони евра промет, а вториот услов е ако профитот е над 20 отсто поголем од просекот на профитот од минатите четири години. Од овој данок би се собрале околу 70 милиони евра, кажа Николоски.

Николоски посочи дека законот бил изготвен по примери од Хрватска, Велика Британија и други земји.

Промовирани огласи »

Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 0,1 процент, а цените на мало бележат намалување од 0,4 проценти. Пораст на трошоците на животот има кај кафето, чајот, какаото, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје, жестоките пијалаци, месото, лебот и житата, прехранбените производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи.

Зголемување е забележано и кај собирањето смет, весниците, канцеларискиот материјал, електричната енергија, големите електрични апарати за домаќинствата, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор, опремата за спорт, производи за лична хигиена...

 Намалување на трошоците на животот во споредба со декември има кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, кај маслото и виното, како и кај воздухопловниот патнички транспорт, снабдувањето со вода, обувките, горивата, малите електрични апарати за домаќинствата...

Промовирани огласи »

Европскиот парламент вчера даде конечно одобрение за задолжителна имплементација на стапките на нулта емисија за нови автомобили и комбиња од 2035 година. Ова значи дека за 12 години, нови автомобили на бензин и дизел повеќе нема да се продаваат.

Новите стандарди за емисија на CO2 за автомобили и комбиња се дел од правниот пакет „Подготвени за 55“, а беа поддржани со 340 гласа „за“, 279 „против“ и 21 воздржан. Регулативата беше поддржана од претставници на социјалдемократите, зелените и либералите.

„Оваа регулатива го поттикнува производството на возила со нула и ниски емисии (...) Овие цели обезбедуваат јасност на автомобилската индустрија и ги поттикнуваат производителите на автомобили да иновираат и инвестираат. На потрошувачите ќе им биде подостапно да купуваат и користат возила со нула емисија на штетни гасови, а пазарот за користени возила ќе се развива побрзо. На овој начин, одржливиот транспорт ќе стане достапен за сите“, рече новинарот на Либералниот клуб Јан Хуитема.

За 12 години повеќе нема да може да се продаваат нови дизел и бензински мотори, туку само нови возила со нула штетни емисии. Преодните цели за намалување на штетните емисии за 2030 година се 55 отсто за автомобили и 50 отсто за лесни комерцијални возила.

Во пракса, тоа значи дека новите автомобили и комбиња на пазарот повеќе нема да смеат да испуштаат CO2, но автомобилите со мотори со внатрешно согорување нема да исчезнат од патиштата.

И по 2035 година, граѓаните и понатаму ќе можат да ги возат своите постоечки автомобили со мотори со внатрешно согорување, па дури и да купуваат користени автомобили на бензин и дизел.

По конечното гласање на пленарната сесија на Европскиот парламент, текстот сè уште треба формално да биде одобрен од Советот пред да биде објавен во Службениот весник на ЕУ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »