Промовирани огласи »

Веќе нема многу разлика дали бурекџијата ќе работи тука или во Германија, цените им се скоро изедначени.

Просечната старост на вработените во пекарската индустрија е 57 години. Кога ќе одат во пензија, не ќе има кој да ги замени. Компаниите од оваа област и сега се соочуваат со проблеми поради недостиг на квалификуван кадар. Младите воопшто немаат интерес за пекарската струка, ниту се заинтересирани да бидат сопственици на пекарници, покажува најновата анализа на Стопанската комора.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, ситуацијата е алармантна, а дополнително ја комплицира тоа што дел од процесите во пекарската индустрија не може да се автоматизираат за да се компензира кадарот.

Во големата пекарска индустрија најмногу недостигаат месачи, обликувачи на тесто и пекари, а во малата и микро пекарска индустрија стопанствениците кубурат со пекари и бурекџии. Проблемот е сериозен и треба системски и институционално да се решава. Една од опциите е да се предвиди субвенционирање на работодавачите или работниците кои ќе ги одберат овие занимања во пекарската индустрија зашто идниот период може да дојде до блокада во работењето и до зголемување на цените на секојдневните пекарски производи и печива од рачна изработка, истакна Наташа Јаневска од Комората.

Комората најавува поддршка за своите членки преку преквалификација и доквалификација за бараните вештини.

Почнуваме со обука за пекари во соработка со пекарницата „Пастел“ која се соочи со потребата од обучен кадар. Станува збор за верификувана, модуларно дизајнирана програма, изработена на барање на „Пастел“, која содржи теоретски и практичен дел. Лицата ќе бидат обучувани од искусен практичар, додека трае обуката ќе добиваат парични средства, а потоа, по завршувањето на обуката ќе бидат и вработени во фирмата, нагласи Јаневска.

Според Игор Стојановски од „Пастел“, проблемот со немањето кадар во пекарската индустрија е исклучително сериозен.

Драстично се качува цената на трудот на постојните работници – пекари. Веќе нема многу разлика дали бурекџијата ќе работи тука или во Германија, цените им се скоро изедначени. Не се исти, но полека ги стигнуваат зашто, едноставно, нема кој да работи, рече Стојановски.

За обуката веќе има четири кандидати, сите се жени, на возраст од околу 50 години. Тие сакаат да се преквалификуваат зашто бараат работа.

Млади засега не се пријавиле, потенцира Стојановски, додавајќи дека во пекарската индустрија просечната плата е над 30 000 денари, а достигнува и до 60 000. Притоа, платата е во процес на раст.

Според последната анализа на Стопанската комора, 82 отсто од компаниите се обиделе да обезбедат кадар со потребни вештини, но не успеале во целост, 45 проценти од компаниите причината ја гледаат во ограничениот број кандидати со соодветни квалификации и работно искуство, додека 42 процента сметаат дека кандидатите имаат некои соодветни теоретски знаења.

Промовирани огласи »

Производителот на телекомуникациска опрема Ericsson (ERICb.ST) планира да укине околу 1.400 работни места во Шведска како дел од поширокиот план за намалување на трошоците на глобално ниво, соопшти во понеделникот.

Компанијата претходно ги објави плановите за намалување на трошоците за 880 милиони долари до крајот на 2023 година, бидејќи побарувачката забавува на некои пазари, вклучително и Северна Америка.

Понатамошни кратења на работни места, кои брои неколку илјади во други земји, најверојатно ќе бидат објавени во наредните денови, велат два извори блиски до ова прашање.

Ериксон последен пат направи длабоки намалувања во 2017 година кога отпушти илјадници вработени и се фокусираше на истражување за да ја извлече компанијата од загуби.

Компанијата со месеци преговара со својот шведски синдикат на вработени за тоа како да се справи со намалувањето на трошоците.

Сега е постигнат договор со шведските синдикати за тоа како да се справат со отпуштањата, рече портпаролот, додавајќи дека компанијата има намера да ги направи кратењата преку доброволна програма.

(Ројтерс)

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Промовирани огласи »

Било каков вид на работа, без разлика дали е на далечина или во канцеларија, со скратено работно време или со полно работно време може да игра важна улога во одредувањето на тоа како ќе се одвива секојдневниот живот и како тоа влијае на менталното и физичкото здравје. Кога се нарушуваат рамнотежата и неопходните паузи, продуктивноста на работата може да се намали, а исто така и перцепцијата на луѓето за нивната контрола и напредок. Овие негативни реперкусии може да се претворат во целосна несреќа, што пак продолжува да влијае на вкупниот резултат на работа.

Сепак, исцрпеноста е реалност и секој од нас го чувствува тоа, без оглед дали работите од канцеларија или од одма. Денес, по повод месецот кога се одбележува денот на менталното здравје, ќе споделиме неколку едноставни активности што може да ги правите за подобро ментално и емоционално здравје на работното место.

Не потценувајте ја моќта на 5-минутната пауза

Без разлика дали станува збор за вообичаена пауза за ручек или одвојувамње на неколку минути за да ја слушнете некоја добра музика, обидете се на момент да ги затворите очите и да се исклучите од светот. Ова може да служи како храна и вода за вашиот мозок. Исто така, може да направите краток разговор со вашите колеги за нешто што не е поврзано со вашата работа. Ова е одлична можност да го подобрите вашето расположение, а тоа има позитивен импакт врз вашето ментално здравје и продуктивноста во остатокот од денот.

Движењето ќе ви помогне

Вистина е. Некои од посложените предизвици поврзани со менталното здравје произлегуваат од проблемите кои неочекувано ќе се појават. Тоа може да биде непријатен мејл од претпоставен, неочекуван состанок или еедноставно оган што не го очекувате во одредено време. Сакате да знаете која е најдобрата одбрана за ова? Движење. Тоа е еден од најмоќните начини да ги трансформирате негативните емоции и да го ресетирате вашето тело. Сфатете го ова како медитација во движење – ја ублажува вашата борба или реакција на бегство, но исто така дава и јасност во секојдневните тензии и иритации за да можете да ги оставите работите да течат малку полесно.

Балансот е најважен

Работејќи попаметно, а не подолго, е важно во борбата против исцрпеноста што доведува до помалку продуктивна шема на работа. Истражувањата покажаа дека прекумерната работа и нејзините негативни несакани ефекти и последици можат да доведат до разни здравствени проблеми, вклучувајќи депресија, дијабетес и срцеви заболувања. Во некои случаи, ограничувањето на работното време може да ја зголеми продуктивноста, според студиите. Балансирањето на работата со одморот е првиот чекор во здраво ментално чистење затоа што наместо да служи како еднократна активност, тој го активира тековниот начин на потрага по себе.

Промовирани огласи »

Во текот на овој викенд, Марк Закерберг објави дека „Meta“ воведува претплата за социјалните мрежи кои се во сопственост на компанијата.

„Meta Verified“ е името на претплатата, која се воведува за да се потврдуваат профили на платформите на „Meta“ (Facebook, Instagram), а пристигнува со некои погодности.

Претплатата од оваа недела прво ќе им биде достапна на корисниците во Австралија и на Нов Зеланд. Слична е со системот кој Илон Маск го имплементирал во „Twitter“, а се однесува на проверување на идентитетот и овозможува пристап во поддршката за корисници.

Закерберг вели дека идејата за претплатата е да се подобри веродостојноста и безбедноста на услугите кои ги нудат сервисите на „Meta“.

Корисниците, кои ќе се претплатат на „Facebook“ и „Instagram“, ќе добијат беџ кој ја потврдува веродостојноста на нивниот идентитет, заштита на својот профил, можност за пристап во корисничката служба и поголема глобална видливост.Претплатата нема да биде наменета за компании, туку за поединци постари од 18 години. Претплатниците за „Meta Verified“ месечно за веб ќе плаќаат 11,99 долари, додека за претплата на „Android“ и „iOS“ платформите ќе изнесува 14,99 долари месечно.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »