Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 отсто.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,292 отсто,кај дизелот за 3,501 отсто, кај екстра лесното масло за 3,673 отсто и кај мазутот намалување за 3,729 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,428 отсто.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,060 ден/кг и сега ќе изнесува 41,202 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од25.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 84,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00(денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 41,202(денари/килограм).
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на25.2.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.