Промовирани огласи »

Приказна која се прераскажува веќе 100 години. Пивара Скопје е автентична приказна од 1922 година. Приказната на Пивара Скопје е создена со многу труд, знаење, искуство и визија на тим од високомотивирани, лојални и способни поединци, извонредно добро обучени, почитувани и наградени. За Пивара Скопје луѓето секогаш се на прво место: потрошувачите, купувачите, вработените, деловните партнери, граѓаните. Пивара Скопје припаѓа на две големи интернационални семејства, Coca-Cola и Heineken и сите заедно остануваат посветени на обезбедување највисок квалитет на портфолиоото на безалкохолни пијалаци и пиво.

Успесите се вредни само ако се споделуваат. Пивара Скопје е компанија која гради силни и позитивни релации со заедницата и вложува време и ресурси во поддршката на општествените вредности во целина. Затоа константно го надградува својот тим!

Доколку работењето во Пивара Скопје за вас преставува кариерен предизвик, аплицирајте на огласите подолу.

Како активно е следново работно место:

EMPLOYER BRANDING - ПРАКТИКАНТ

Промовирани огласи »

Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво. 

Од РКЕ по направените анализи дале предлог со кој зголемувањето во крајните сметки на граѓаните би било за седум денари, но, како што посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конечната одлука ја носи Советот на општината. 

РКЕ не носи конечна одлука за цена на водата. Советите во општините ги носат конечните одлуки. Јавните комунални претпријатија поднесуваат барање за одредување на цена до РКЕ, а ние им даваме минимална и максимална цена како опција. Овие предлог цени се врзани со трошоците, односно инвестициите во мрежата за да нема дефекти и да се модернизра. Која цена ќе биде на сила, одлучува Советот на општината, вели Бислимоски во објава на Фејсбук.

Фактите, додава тој, покажуваат дека на национално ниво 60 проценти имаме загуба на водата што значи дека губиме непроценливо богатство поради отсуство на инвестции.

Советите отчетно и транспарентно да им објаснат на граѓаните каде се инвестира секој денар. РКЕ останува на ставот во целост да го преземе регулрањето во делот со цени на води за да се зголемат инвестициите, подобри услугата и да се регулираат вработувањата согласно потребите, наведува Бислимоски во објавата на Фејсбук.  

Промовирани огласи »

Враќањето на километражата на возилата останува вообичаена практика на пазарот на половни возила, а преку овој текст дознајте кои половни автомобили се најчеста цел на измамниците.

Иако купувачите се повеќе се внимателни за измамите со автомобили, новата студија на carVertical покажува дека ризикот од купување возило со вратена километража е сè уште многу висок.

Измамата со километражата не значи само високи трошоци за одржување - исто така значително ја намалува вредноста на автомобилот. Со загубите од измами со километража проценети на 8,77 милијарди евра годишно (според студијата на Службата за истражување на Европскиот парламент), важно е да се дознае повеќе за ова скапо прашање.

Најпогодени се германските автомобили

Компанијата за проверка на историјата на возилата анализирала 1,11 милиони извештаи за историјата на возилата во изминатите 12 месеци на 24 пазари, покривајќи ги САД и поголемиот дел од Европа.

Студијата откри дека автомобилот со најчесто вратена километража е премиум моделот Audi A8. Од сите A8 проверени на платформата, 30,6 отсто имале фалсификувана километража, што значи дека речиси секој трет користен Audi A8 може да има лажна километража.

Всушност, шест од првите 10 автомобили беа скапи германски возила, како што се Audi A7, BMW X5, BMW Серија 7 и Volkswagen Touareg. Нивната висока цена (а со тоа и висок потенцијал за профит) ги прави овие возила совршена цел за измамници со километража.

Меѓу моделите на другите производители на листата со најмногу измами од овој тип се: Ford Mustang на 2-то место (25,7 отсто), Ford Fusion на 10-тото (22 отсто), Volvo XC70 на 14-тото (21,1 отсто) и Opel Insignia на 19-то место (19,5 отсто).

И хибридите и електричните се погодени од оваа измама

Традиционално, користените возила со бензински и дизел мотори имаат најголем удел во измами на пазарот на половни автомобили. Сепак, зголемената побарувачка за помалку загадувачки автомобили брзо ја менува оваа слика.

Според студијата, типот на моторот не е добар показател дали возилото ќе биде загрозено од оваа незаконска акција. Додека за некои модели, како што е серијата 7 на БМВ, бензинците и дизелите најверојатно ќе продолжат да бидат почеста цел од хибридите, за други автомобили тоа не изгледа така.

На пример, кај моделот Volkswagen Jetta, хибридниот погон има позначаен удел на автомобили со повратена километража (27 отсто) од дизелот (24,1 отсто) или бензинската верзија (22,4 отсто).

Зголемениот број на електрични автомобили со фалсификувана километража сугерира дека купувачите треба да бидат повнимателни. Додека вкупниот удел на електрични возила со вратена километража (13,4 отсто) е помал од европскиот просек (15,6 отсто), разликата е занемарлива. Покрај тоа, купувањето електричен автомобил со фалсификувана километража може да доведе до големи сметки за поправка.

Во овој случај, електричните автомобили можат да претставуваат најголем ризик, бидејќи деградираните батерии значат скапи поправки или замени. Затоа, одредувањето на вистинската километража игра уште поважна улога кога барате користен електричен или хибриден автомобил.

извор: Нова.рс

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Singular е меѓународна компанија за игри и FinTech која континуирано се стреми да гради иновативни производи и да инспирира напредок низ целиот свет. Основана во 2009 година, Singular прерасна од старт-ап со 7 во претпријатие со 70 вработени лоцирано во 4 канцеларии и 2 развојни бази низ целиот свет. Ја правиме најфлексибилната ГЕМИНГ ПЛАТФОРМА на светот, со моќни алатки за back-office и над 5000 казино игри. Изградуваме софтвер што го користат милиони корисници. Посветуваме многу внимание на добрата архитектура и оптимизираните алгоритми. Почесто отколку не, нашите податоци се финансиски добра. Компромисот за квалитетот овде не е опција.

Моментално вработува:

INFORMATION SECURITY ENGINEER - GRC SPECIALIST

Asura Group е независен регионален лидер во давање услуги на одржување на објекти. На пазарот во С. Македонија работиме повеќе од 12 години. Во моментот бараме личност со тимски дух да се приклучи на тимот.

Отворено е следново работно место:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ (ХАУСМАЈСТОР)

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 17 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, во Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, во Руската Федерација и во САД).

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МЕДИЦИНСКИ РАБОТИ ВО ОТЦ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МЕДИЦИНСКИ РАБОТИ ВО ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТ
ГОТВАЧ/КА

Infosec е водечки провајдер на управувани безбедносни услуги (MSSP) кој моментално го проширува својот тим, доколку се гледате како дел од нашата компанија аплицирајте на активните работни места.

Како активни се следниве работни позиции:

CYBER SECURITY TECHNICAL CONSULTANT
LINUX SYSTEM ADMINISTRATOR
SOC ANALYST

Рамстор Македонија е ланец од 29 маркети и 1 онлајн маркет “Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамсторе има изразена сензибилност за потребите на своите вработени; компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ-КАПИШТЕЦ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ- СТРУГА
АСИСТЕНТ-СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА IT

Нашата компанија Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени. 

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРИЧАР

Во Семос Едукација ќе работиш со 180 креативни, паметни и добри луѓе, на проекти кои ќе те мотивираат да го ослободиш целиот свој потенцијал. Семос Едукација служи како едношалтерски систем за обука за ИТ, што значи дека организацијата или поединецот може да ги најде сите курсеви што им се потребни за нивниот професионален развој. Семос Едукација е член на LLPA (Асоцијација на водечки партнери за учење) глобална организација со присуство во повеќе од 55 земји.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ЗА ДЕТСКИ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР
SALES SPECIALIST
TRAINING ASSISTANT

Грант Торнтон е дел од една од водечките организации во светот на независни фирми кои обезбедуваат ревизорски, даночни и советодавни услуги. Со вашето приклучување на нашиот тим, ќе бидете мотивирани да работите на сопствена иницијатива, a нудиме и одлични можности со конкурентен пакет за наградување и постојан развој на кариерата за амбициозните кандидати кои имаат желба за напредок.

Моментално вработува:

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

ИТД Дистрибуција Македонија е дел од Инфософт Групацијата (Infosoft Group) која е основана во 1991 година. Со своето повеќе годишно искуство, Инфософт Групацијата опфаќа компании на пазарите на Албанија, Косово и на Македонија. ИТД Дистрибуција Македонија започна со работа на пазарот во Македонија во 2007 година. Компанијата се занимава со дистрибуција на IT производи (сервери, софтвер, компјутери, лаптопи, компоненти, IT додатоци...), дистрибуција на хартија и графички производи (хартија, картон, канцелариски материјали, тонери и кертриџи). Покрај тоа што е овластен дистрибутер и сервисер на DELL, нуди многу други производи од други светски брендови и компании.

Моментално вработува:

BRAND PRODUCT MANAGER

Доколку сеуште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »