Менаџер за детски едукативен центар

Ајде да споделуваме знаење заедно!

Ајде да работиме заедно!

За работата

Ние не би биле лидер во индустријата без нашиот успешен тим за продажба. Го бараме нашиот квалификуван МЕНАЏЕР НА ПРОДАЖБА кој ќе ни помогне во продажба на производи и услуги во Детскиот Едукативен Центар.

Како Менаџер на Детскиот едукативен центар ќе бидете одговорен/на за продажба на нашите обуки и услуги за младите слушатели, и фокусирани на помагање на нашите ученици да ги развијат вештините неопходни за успех во дигиталната ера.

Како меѓусебно се надополнуваме?

Во нашиот центар, веруваме дека секое дете има уникатни сили и таленти. Ние се стремиме да им ги обезбедиме вистинските ИТ вештини за да им помогнеме да го достигнат својот целосен потенцијал. Нашиот пристап е да се надополнуваме едни со други за да изградиме силна основа за идните генерации.

Доколку имате страст да им помагате на младите да ги научат и развијат вистинските ИТ вештини, тогаш останува само да аплицирате и да ни помогнете да ја охрабриме младата популација да се движи низ пејсажот на технологијата што постојано се менува и да ја користи истата на конструктивен и значаен начин.

Твоите задачи:

  • Криеирање бизнис план, поставување цели и одговарен/на за остварување на поставените цели на Детскиот Едукативен Центар
  • Истражување и следење на постоечкиот пазар како и промените на истиот
  • Истражување и идентификување нови пазари
  • Позиционирање на нови производи/услуги на пазарот во соработка со одделот за маркетинг
  • Учество во организација на кампањи и давање предлози и информации за продуктите за кои е директно одговорен/на
  • Учествуво во организација и реализација на настани согласно утврдени кампањи
  • Проактивност и комуникација со собраните контакти од различни извори
  • Организирање и реализирање продажни состаноци со нови потенцијални и/или постоечки клиенти
  • Вршење упис на деца и средношколци, телефонска / е-маил комуникација со родители и средношколци за давање насоки кога и каде ќе се одржуваат обуките

Кој/а си ти:

  • Високо образование (пожелно во областа на педагодија или психологија)
  • Најмалку 3 години работно искуство со деца и млади - во училиште, неформално образованиe или пак работа на проекти за поддршка на заедниците
  • Претходно искуство во продажба ќе се смета за предност
  • Познавање на ИТ технологии
  • Извонредни комуникациски и преговарачки вештини
  • Тимски играч
  • Заинтересиран/а си за професионален развој и прифаќање нови предизвици

Ние нудиме:

  • Можност за личен и професионален развој
  • Флексибилно работно време и можност за работа од дома
  • Слободен ден за твојот роденден
  • Попусти на курсеви за тебе и членовите за твоето семејство
  • Бонус според перформансите

*Работно време во Детскиот едукативен центар е 40ч неделно распределено од вторник до сабота - во школска година, од понеделник до петок за летениот распуст

Ве молиме испратете го вашето CV на следниов линк https://hr.semosedu.com/ со назнака: Апликација за Менаџер за детски едукативен центар

За нас

Во Семос Едукација ќе работиш со 180 креативни, паметни и добри луѓе, на проекти кои ќе те мотивираат да го ослободиш целиот свој потенцијал.

Дај ни можност да ти ја раскажеме нашата приказна!

Семос Едукација (www.semosedu.com) е водечки цетар на учење во Западен Балкан. Поставуваме висококвалитетни стандарди во индустријата за обука повеќе од 27 години, обезбедувајќи официјална обука за најголемите светски софтверски компании. Со текот на годините, го поддржувавме учењето на различни организации и поединци, обезбедувајќи обуки низ регионот на ЈИЕ, Северна Европа и Блискиот Исток. Нудиме различни сертифицирани обуки од различни продавачи, како што се Microsoft, Cisco, Oracle, Java, VMware, EC-Council, ISTQB, Scrum, Adobe, Autodesk, Unity и AWS. Покрај официјалното образование, нудиме и прилагодени обуки за различни информатички технологии, кои вклучуваат Angular, React, Vue, Go, Python, HTML/CSS, PHP, програмирање во C, C++ итн.

Нашите канцеларии се лоцирани во Скопје и Белград.

Семос Едукација служи како едношалтерски систем за обука за ИТ, што значи дека организацијата или поединецот може да ги најде сите курсеви што им се потребни за нивниот професионален развој. Семос Едукација е член на LLPA (Асоцијација на водечки партнери за учење) глобална организација со присуство во повеќе од 55 земји.

Споделуваме знаење во:

Норвешка | Шведска | Финска | Данска | Холандија | Белгија | Германија | Естонија | Кралство Саудиска Арабија | Малта | Шпанија | Италија | Унгарија | Полска | Романија | Македонија | Србија | Црна Гора | Словенија | Босна | Хрватска | Бугарија | Албанија | Косово

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »