Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа дека зголемувањето на минималната плата ќе биде 12,55 отсто, односно истата од март ќе изнесува 20.175 денари.

Се прават последните пресметки. Според законот секоја година ќе има ново усогласување, а оваа година мислам дека зголемувањето ќе биде 12,55 отсто, односно платата од март ќе биде 20.175 денари. Соодветно на тоа, ќе биде зголемена и бруто минималната плата, кажа Битиќи.

На почетокот на февруари и министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека од март ќе има зголемување на платата.

Промовирани огласи »

Министерството за економија испрати предлог -одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија.

Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба  по цена од 80 евра за мегават час, нема намалување на цените на основните прехранбени производи.

Врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат, предлогот на Министерството за економија до Владата е да мерката да се укине за сите компании од прехранбениот сектор. Мерката за субвенционирана електрична енергија од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи важеше од 1 декември 2022 до 30 април 2023 година. Мерката се однесуваше на компаниите кои што произведуваат производи - масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија, велат од Министерството. 

Целта на оваа мерка беше компаниите од прехранбениот сектор да ги намалат цените на основните прехранбени производи.

Промовирани огласи »

Приказна која се прераскажува веќе 100 години. Пивара Скопје е автентична приказна од 1922 година. Приказната на Пивара Скопје е создена со многу труд, знаење, искуство и визија на тим од високомотивирани, лојални и способни поединци, извонредно добро обучени, почитувани и наградени. За Пивара Скопје луѓето секогаш се на прво место: потрошувачите, купувачите, вработените, деловните партнери, граѓаните. Пивара Скопје припаѓа на две големи интернационални семејства, Coca-Cola и Heineken и сите заедно остануваат посветени на обезбедување највисок квалитет на портфолиоото на безалкохолни пијалаци и пиво.

Успесите се вредни само ако се споделуваат. Пивара Скопје е компанија која гради силни и позитивни релации со заедницата и вложува време и ресурси во поддршката на општествените вредности во целина. Затоа константно го надградува својот тим!

Доколку работењето во Пивара Скопје за вас преставува кариерен предизвик, аплицирајте на огласите подолу.

Како активно е следново работно место:

EMPLOYER BRANDING - ПРАКТИКАНТ

Промовирани огласи »

Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво. 

Од РКЕ по направените анализи дале предлог со кој зголемувањето во крајните сметки на граѓаните би било за седум денари, но, како што посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конечната одлука ја носи Советот на општината. 

РКЕ не носи конечна одлука за цена на водата. Советите во општините ги носат конечните одлуки. Јавните комунални претпријатија поднесуваат барање за одредување на цена до РКЕ, а ние им даваме минимална и максимална цена како опција. Овие предлог цени се врзани со трошоците, односно инвестициите во мрежата за да нема дефекти и да се модернизра. Која цена ќе биде на сила, одлучува Советот на општината, вели Бислимоски во објава на Фејсбук.

Фактите, додава тој, покажуваат дека на национално ниво 60 проценти имаме загуба на водата што значи дека губиме непроценливо богатство поради отсуство на инвестции.

Советите отчетно и транспарентно да им објаснат на граѓаните каде се инвестира секој денар. РКЕ останува на ставот во целост да го преземе регулрањето во делот со цени на води за да се зголемат инвестициите, подобри услугата и да се регулираат вработувањата согласно потребите, наведува Бислимоски во објавата на Фејсбук.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »