Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи со посредство на Министерството за финансии ги поднесе измените за мерката „Мој ДДВ“ за скенирање на фискални сметки со кои се предвидува зголемување на износот што им се дава на граѓаните за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) и тие сега се во собраниска процедура, потврди денеска директорката на Управата за јавни (УЈП) приходи Сања Лукаревска.

Веројатно предлогот треба да дојде на редовна седница, бидејќи сега се дискутира за реконструкција на Владата. Кога ќе заврши овој процес, би требало да биде на дневен ред и да го види светлото на денот. Штом таму се донесе таа измена ќе го адаптираме системот и врз основа на тоа ќе враќаме повеќе кај граѓаните, рече Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Преку апликацијата „Мој ДДВ“ граѓаните имаат можност со скенирање на фискалните сметки да им се врати дел од ДДВ што го платиле за купување на производи. Досега тие на секои три месеци можеа да добијат поврат на ДДВ во максимален износ од 1.800 денари, а со измените ќе можат да добијат до 2.100 денари на три месеци.

Лукаревска прецизира и дека Министерството за финансии до стопанските комори веќе достави драфт верзија на листата на луксузни производи за кои треба да се зголеми данокот на додадена вредност.– Министерството за финанси во наредниот период ќе треба да ја објави листата на нивната веб-страница. Како носители на овие промени тие ја имаат обврската да ја објават листата на која работи и УЈП, посочи Лукаревска.

Министерството за финанси во наредниот период ќе треба да ја објави листата на нивната веб-страница. Како носители на овие промени тие ја имаат обврската да ја објават листата на која работи и УЈП, посочи Лукаревска.

Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално вработува:

RESIDENTIAL CRVM MARKETING SPECIALIST
SME ACCOUNT MANAGER
TRANSPORT DEVOPS ENGINEER
TECHNICAL SECURITY SPECIALIST

Се уште сте невработени? Останатите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска денеска ги презентираше податоците од годишната даночна пријава.

На врвот на листата со пријавен годишен бруто доход од 244 милиони денари за 2021 година е граѓанин од Скопје, а најголем дел од примањата се од плата и дополнителни примања од странство.

Податоците на УЈП покажаа дека најмладиот милионер во Македонија има само осум години и има 1.020.508 денари, по основ на семејна пензија, додека највозрасниот милионер во државата има 96 години и остварил приход од 1,2 милиони денари.

Промовирани огласи »

Пекарската индустрија се закани дека нема да произведува леб доколку Владата ја донесе мерката за замрзнување на неговата цена на 33 денари.

Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот, изјави денеска Горан Малишиќ, престедател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија по состанокот во Стопанската комора на Северна Македонија.

Во саботата министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март ќе биде замрзната цената на лебот на 33 денари. Мерката е на предлог на Министерството за економија поради тоа што анализите покажале дека голем дел од компаниите за прехранбени производи кои добиваа субвенционирана струја, не ги намалиле цените на производите и по три месеци. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »