Промовирани огласи »

Со месечна бруто плата од над 165 илјади евра, скопјанец од тутунската индустрија е најплатаниот вработен во државата. Годишно заработува скоро 2 милиони евра. УЈП ги објави податоците за највисоките примања во 2021 та година.

Но најбогатиот граѓанин, кој покрај плата има и дополнителни примања од странство – месечно живеее со 328,225 евра. Високи плати земаат и вработените во болниците, фармацијата, одгледувањето свињи, металската индустрија, управувачките дејности и програмирањето.

Велешанец заработил над 3,3 милиони евра од дивиденда, додека скопјанец од продажба на сопственички удел – 2 милиони евра. Највисокиот годишен бруто приход од самостојно вршење дејност изнесува над 1,6 милиони евра.

На врвот на листата за исплата на највисок доход од самостојното вршење на дејност повторно се скопјани, а највисокиот износ е 102,4 милиони денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, производители на амбалажи од хартија, и од дејностите трговија на мало со делови за моторни возила и малтерисување, изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Ресенчанец од продажба на земјоделски произоди заработил 203 илјади евра годишно, скопјанец од издавање под закуп 600 илјади евра. Најмладиот милионер има 8 години, најстариот 96.Според УЈП, вкупниот приход кај вработените пораснал во 2021 во однос на претходната година. Сепак, има и такви кои се уште не зеле плата за сработеното. Според УЈП, без јануарска плата останале скоро 36,000 вработени, а 12. 692 работници немаа плата за декември.

Промовирани огласи »

Кризата на трошоците за живот започна со цените на енергенсите, а сега се прошири во сите сектори и ја зафати цела Европа и пошироко, објави Еуроњуз. Проблемот има многу компоненти, но она што најмногу ги загрижува политичките лидери и најмногу ги погодува домаќинствата е поскапувањето на храната.

Цените на гасот се на најниско ниво во последните 18 месеци, но храната поскапува

Цените на гасот во Европа паднаа во февруари на најниско ниво во последните 18 месеци, но цените на храната продолжуваат да растат.

Кога зборуваме за цените на енергијата во однос на цените на храната, постои ефект на „заостанување“ што треба да го земеме предвид“, објаснува Рик Де Оливеира, енергетски аналитичар во TELF AG. „Овие пониски цени на енергијата што ги имаме сега треба да се преточат во пониски трошоци за производство на храна за да ја видиме цената (разликата), рече тој.

На пример, цените што ги гледаме денес во супермаркетите се одразуваат на цените на енергијата пред шест месеци, кога се произведуваше храната. Затоа, веруваме дека ќе видиме само пад на цените на храната за околу шест месеци ако цените на енергијата се стабилизираат, додава тој..

Унгарија „шампион“ по поскапување на храната

Цените на храната во Европската унија во јануари пораснале во просек за 18,4 отсто во споредба со пред една година. Унгарија стана „шампион“ во поскапувањата на храната (48,2 отсто), потоа Литванија (32 отсто) и Словачка (28,6 отсто). Најмал раст на цените на храната е забележан во Швајцарија (5,8 отсто) и Кипар (10,3 отсто).

Сметаме дека довербата на потрошувачите дефинитивно ќе се подобри кон крајот на 2023 година, но ќе биде потребно многу подолго за да се реши кризата за трошоците на животот, предвидува Де Оливеира.

Влијанието на кризата со трошоците за живот е најсериозната закана за глобалната заедница, се вели во извештајот за ризик на Светскиот економски форум за 2023 година.

Војната придонесе за зголемување на цените

Порастот на цените на храната ја зголемува несигурноста на храната и социјалните тензии и ги оптоварува буџетите на владите кои се борат со постојано зголемување на сметките за увоз на храна и намален капацитет за финансирање дополнителна социјална заштита за најранливите.

Војната во Украина придонесе за проблемот. Руската инвазија доведе до рекорден скок на цените на житото и другите прехранбени производи.

Кризата доведе до улични протести и штрајкови во многу европски земји, како што е Обединетото Кралство, каде вработените во јавниот сектор се во расправија со владата околу платите и работните услови.

Извор: индекс.хр

ФОТО: Freepik

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи со посредство на Министерството за финансии ги поднесе измените за мерката „Мој ДДВ“ за скенирање на фискални сметки со кои се предвидува зголемување на износот што им се дава на граѓаните за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) и тие сега се во собраниска процедура, потврди денеска директорката на Управата за јавни (УЈП) приходи Сања Лукаревска.

Веројатно предлогот треба да дојде на редовна седница, бидејќи сега се дискутира за реконструкција на Владата. Кога ќе заврши овој процес, би требало да биде на дневен ред и да го види светлото на денот. Штом таму се донесе таа измена ќе го адаптираме системот и врз основа на тоа ќе враќаме повеќе кај граѓаните, рече Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Преку апликацијата „Мој ДДВ“ граѓаните имаат можност со скенирање на фискалните сметки да им се врати дел од ДДВ што го платиле за купување на производи. Досега тие на секои три месеци можеа да добијат поврат на ДДВ во максимален износ од 1.800 денари, а со измените ќе можат да добијат до 2.100 денари на три месеци.

Лукаревска прецизира и дека Министерството за финансии до стопанските комори веќе достави драфт верзија на листата на луксузни производи за кои треба да се зголеми данокот на додадена вредност.– Министерството за финанси во наредниот период ќе треба да ја објави листата на нивната веб-страница. Како носители на овие промени тие ја имаат обврската да ја објават листата на која работи и УЈП, посочи Лукаревска.

Министерството за финанси во наредниот период ќе треба да ја објави листата на нивната веб-страница. Како носители на овие промени тие ја имаат обврската да ја објават листата на која работи и УЈП, посочи Лукаревска.

Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално вработува:

RESIDENTIAL CRVM MARKETING SPECIALIST
SME ACCOUNT MANAGER
TRANSPORT DEVOPS ENGINEER
TECHNICAL SECURITY SPECIALIST

Се уште сте невработени? Останатите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »