Промовирани огласи »

На предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорот 8 и 10 д, Владата го одобри договорот за изградба на планираните четири автопатски делници на овие коридори, информираше  Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби. 

Одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10д доаѓа по четиринеделните преговори кои се водеа меѓу консултантот за финансиски трансакции на Владата, ИРД, и меѓународниот конзорциум „Бехтел Енка“. 

Денеска е голем ден во Управниот комитет и во Владата каде го разгледавме Извештајот на нашиот консултант за преговорите со конзорциумот Бехтел  Енка за изградба на Коридорот 8 и 10-Д како и одобрување на содржината и потпишување на договорот, истакна Груби.

Владата пред неколку недели го одобри заклучокот предложен од Комитетот за преговори дека се исполнети сите предуслови за почеток на преговорите и формирање на работни групи меѓу Бехтел Енка и ИРД, активности што се одвиваа во изминатите  28 дена.

Коридорот 8 е долг 68 километри, со автопат со шест ленти, од Тетово до Гостивар, Кичево, преку Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола е долг 40 километри и има исто така шест ленти, со период за изградба од 3 години од почетокот на работите. Реализацијата на оваа најголема капитална инвестиција во историјата на нашата земја ќе придонесе за економијата, модернизација на патната инфраструктура, што во иднина ќе овозможи дополнителен развој на услугите, подобри услови за развој на бизнисот, но и поквалитетен живот, врски со соседите и меѓународните коридори, стои во информацијата од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Владата минатата година потпиша меморандум за соработка со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект. 

На 2 февруари во Владата беше потпишан договор со италијанската ИРД инжинеринг за надзор и правен трансакциски советник  за четирите автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д. Треба да се градат  автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1  километар), Тетово – Гостивар ( 27  километри)  и на делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д.

Директорот на ИРД инжинеринг Паоло Орсини на потпишувањето на договорот вети дека ќе обезбедат највисоко ниво на надзорни услуги и оти навремено и квалитетно ќе бидат завршени работите.

Минатата недела имаше објави во медиумите во однос на избраниот надзор, а премиерот Димитар Ковачевски порача до надлежните институции да се пријави секаков сомнеж или информација во однос на интегритетот на вработени, подизведувачи, субконтрактори.. вклучени во инфраструктурниот проект.

Промовирани огласи »

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. 

Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.

Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

Промовирани огласи »

Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати и во борбата против сивата економија и во зајанување на стандардот на граѓаните, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во гостување на Телевизија Стар.

Имаме 520.000 регистрирани на апликацијата Мој ДДВ, исплатата се врши редовно, согласно нашите обврски, односно во рок од 60 дена по завршување на конкретното тромесечје. Лимитот за едно тромесечје ќе се зголемат откако во Собранието ќе бидат донесени законските измени и очекувам тоа да биде наскоро порача Лукаревска.

Осврнувајќи се на повратот на ДДВ кон компаниите, Лукаревска истакна дека за разлика од некои ситуации порано, сега повратот на ДДВ се врши навремено и неселективно.

Порано, пред неколку години се чекаше на повратот, се вршеа манипулации и уцени со повратот на ДДВ кон компаниите, но денес тоа не е случај. Повратот на ДДВ кон стопанството расте постојано, секогаш е на време и нема никаква селективност. Тоа е наша обврска и градење на партнерски однос кон обврзниците и дел од нашата грижа за ликвидноста на економијата, заклучи Лукаревска.

Промовирани огласи »

За да се обезбеди сигурност на храната по трагичниот земјотрес и да се стабилизираат цените, турското Министерство за земјоделство го забрани извозот на домати до 14 април. Забраната стапи во сила веднаш и така во пракса околу 70 отсто од увозот на домати во регионот е стопиран.

Побарувачката е голема и поскапувањето на доматите е неминовно, барем додека не се појават производите од градините на домашните пазари. Најверојатно, доколку продолжи недостигот, просечната цена на доматите до Велигден ќе се зголемува.

Аналитичарите на EastFruit велат дека одлуката на турската влада ќе има големо влијание врз пазарот на домати во земјите кои зависат од турскиот увоз уште оваа и следната недела. Пред се, тоа се Украина, Молдавија, Грузија, Романија и уште неколку земји од регионот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »